Автомобили > Генерално за Автомобилите

Квалитетот на VW.

<< < (7/509) > >>

AllMightyMe:
колата ја има купено пред 7-8 години, така да тогаш немаше општонароден увоз на коли.

ikeyaro:
На татко ми прва кола му била Голф 1, се покажала најдобро, ми се чини приближно 140.000 поминати (пред некој ден ми кажуваше), потоа премина во Голф 3, го возеше околу 2 години без никакви дополнителни трошоци освен стандардните сервиси, потоа не знам кој гавол го натера купи Сузуки Балено, го возеше 1 година со ненормални маки од типот на електрика и што уште не, за да го продаде и купи Пасат 4ка во 97ма год. Пасатот до ден денес се вози, околу 250.000 со мали трошоци од типот на основни потрошни материјали и од тогаш па навака сме рекле стриктно само VW у нашава фамилија :)

Tischläufer:
Ви се погодил.
Икејаро пошто не знаеш. Службено имаме 7 комада Поло 1.2, 1 х Поло 1.4, 2 х Туарег 3.0 V6 TDI, 2 х Тигуан 2.0 TDI.
Сите Половци до едно страдаат од сензор на брегаста осовина кој се менува 2-3 пати годишно. Исто така на сите им страдаат предниците, не можат да се ценрираат оти чаурите им откажуваат на 40.000 км. На сите им се расипани бравите за верглање (заглавуваат) па со судни маки можеш да заверглаш. Сите се со поминати најмногу 40.000км освен едно кое има 60.000.

Едниот туарег заврши со заебан диференцијал (4000 евра замена). А двата неколку пати се шлепани од Србија до Скопје. Белград изгледа им е баксуз град.

Единствено Тигуаните немале ниеден дефект. 2.0 TDI моторот им е одличен, затоа во поново време само за нив се вади зелен картон... и за полото со 1.4 мотор, тој не страда од сензор на брегаста :)

Иначе јас имам Буба 1300 од 73-та година. Хаварисана. Пред кадетот да го наследиме имавме иста таква буба и Голф1 1.1. Постарите Фолксвагени дефинитивно се помалку расипливи, нормално бидејќи се и поедноставни.

Banzai:
Тогаш VW изгради име, особено во Европа. Јапанците си беа во Јапан и во Америките ;)

ikeyaro:
Банзаи точно ептен :) штом веќе имаш изградено доверба и квалитет кај клиент, тешко дека ќе те смени.

А Фаланга, сте виделе вие маки ептен... тоа сакав да кажам и ја, у принцип што постаро, тоа подобро :)

А за погодување на колата, тоа е сурова вистина за жал, како и дали ќе ти се погоди. Ама игра голема улога и кармата :) до сега, да чукнам у дрво, сум немал никакви поголеми дефекти со Голфот. Затоа сум заљубен у Голф и мислам дека ќе го купувам до крајот на животот :)

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија