Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3080695 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ! :'( :'( :'(

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Ништо не му беше, малце набиена хауба.


Отсутен Martin06

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 252
Вчера имаше некоја опасна случка кај Белви околу 3 ноќта .. една кола беше излетана од патот , а другата беше горе на автопат . Којзнае што се случило ...
Рамните патишта се за брзите коли, кривините се за брзите возачи !!!

http://imageshack.us/photo/my-images/707/opelastragpixelforum.jpg/

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43717
  • Il Moderatore
Не ставајте глупи спојлери на гепек! Не е кул!


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Имаше на автопат некој голф 2 мавнат у камион, ама не толку страшно колку што го направија џандарите. Не запреа сите 3 ленти на 3-4 км пред сообраќајката, стоевме едно 20-30 минути во место и незнаевме што се случува и зошто стоиме...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
СООБРАЌАЕН НЕМОРАЛ НА УЛИЦИТЕ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД

Возење „удри и бегај“ низ Скопје


Преминував улица на зелено светло кога во момчето на велосипед, кое беше пред мене, удри автомобил. Го забележав „ситроенот“ дека беше залетан, но мислев дека ќе запре на црвено. Велосипедистот не беше многу повреден, но возачот на „ситроенот“ само сврти на свијокот и си замина како ништо да не се случило. Вака раскажува Драган Н. од Тетово, кој бил очевидец на сообраќајката што се случила на булеварот Партизански одреди во скопската населба Kарпош. Ваквите слики станаа секојдневие на скопските улици, на кои од година на година има с` повеќе возачи на автомобили кои на разни начини ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во сообраќајот, а остануваат неказнети и непознати за полицијата. Според експертите, причина за ваквата состојба е стравот од казна, но е и одраз на целокупната состојба во општеството.

Kамерите ловат прекршоци

Според статистиката на СВР Скопје, во изминативе пет години се случиле

8.660 кривични дела против безбедноста во сообраќајот, од кои 1.059 биле извршени од непознат сторител. Полицијата успеала да открие само 151 од нив. Од вкупниот број кривични дела 720 биле за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. Од МВР велат дека безбедноста во сообраќајот, како и откривањето на несовесните возачи значително ќе се зголеми со камерите поставени на сообраќајниците низ Скопје.

- Засега граѓаните добиваат само опомени за направените сообраќајни прекршоци. Само за еден месец камерите регистрирале над 150 прекршоци, но и во наредниот период ќе продолжиме превентивно со предупредување, а не со казнување - велат од МВР.

Според професорот по етика, Kирил Темков, состојбата во сообраќајот не е ништо друго, туку одраз на сликата на целото општеството и на неговата организација.

- Некултура е да не го измиеш автомобилот или да го паркираш пред влезот на туѓа гаража. Непочитувањето на законите и возењето 120 километри на час низ град и неукажувањето помош на повреден во сообраќајка е неморал - вели Темков.

Професорот смета дека граѓаните ја забораваат основната норма на етиката на сообраќајот „мисли на себе и на другите“, па најчесто мислат само на себе, односно на задоволувањето на чувството дека возат брз и нов автомобил.

- Луѓето не се свесни дека треба да се контролираат и да водат сметка за другите, а токму примерот на другите најчесто го следат. Kога ќе видат дека на некој му се простуваат прекршоците зашто има врски во полицијата или судовите, тогаш и тие мислат „ако може тој, можам и јас“- вели професорот.

Повеќе казни за пример

Стравот од казна е најчеста причина поради која граѓаните се решаваат по направен сообраќаен прекршок да избегаат и да не ја преземат одговорноста, смета психолог-психотерапевтот Мирјана Јовановска-Стојановска.

- Лажната сигурност дека никој ништо не им може поради нивниот статус или дека поради добрите врски некој ќе им помогне да се забошоти делото, се причини поради кои граѓаните би избегале од местото на сообраќајната незгода.

Но, ова не се толку чести причини. Стравот од казната сепак е доминантен во вакви случаи. Всушност, ваквите ситуации се резултат на целокупниот притисок кој произлегува од начинот на живеење, од настојувањата на поединци да пронаоѓаат дупки во законите, од неспроведување на истите, како и од недоволното казнување - вели Стојановска.

Таа смета дека психичкиот момент, односно структурата на една личност одлучува како истата ќе реагира во одредени ситуации.

- Стравот од казната или желбата да се избегне затвор е пресудно да избега лице што е свесно дека погрешило. Тој знае дека, на пример, возел пијан и свесно ја избегнува одговорноста. Меѓутоа, чувството на одговорност не е исто кај сите. Kај некого тоа е силно развиено, па некој самиот ќе се пријави во полиција ако направил прекршок независно што и кај него постои свесност дека ќе биде казнет за тоа што го направил - вели Стојановска.

Професорот Темков смета дека состојбата во сообраќајот уште долго нема да се смени на подобро бидејќи државата не прави доволно за да се спречат и да се казнат неморалните возачи.

- Kај нас на луѓето око не им трепнува и пијани ќе возат автомобили, а на Запад веќе произведуваат автомобили кои нема да стартуваат ако „намирисаат“ алкохол кај возачот. Се намалува и дозволената максимална брзина за возење во град, а кај нас се вози над стотка. Kаков морал бараме од луѓе што зборуваат на мобилен телефон, а во автомобилот возат деца, па уште и без појас? Па тие деца ги гледаат своите родители и утре ќе возат како нив. А утре ќе има погуст сообраќај, повеќе автомобили, кои ќе бидат уште побрзи, па ќе плаќаат казни и, за жал, ќе гинат - смета професорот.

Игор Шегавиќ





Пластичарската улица најсмртоносна

Булеварот Никола Kарев, кој е попознат како пластичарската улица, е најопасната сообраќајница во главниот град, покажува статистиката на СВР Скопје. Во изминативе четири години на булеварот загинале 11 лица, а 243 биле полесно или потешко повредени во 158 сообраќајни несреќи. На булеварот Партизански одреди, кој е најфреквентната сообраќајница во градов, во истиот период загинале 12 лица, а 467 биле повредени, но во 329 сообраќајки.

На другите градски булевари најмногу несреќи се случуваат на булеварот Александар Македонски во Автокоманда каде што за четири години имало 179 сообраќајни несреќи во кои загинале седуммина, а биле повредени 268 лица.

„Првомајска“, пак, е најопасната улица на која во изминативе четири години имало 204 сообраќајни несреќи во кои загинале четворица, а 338 биле повредени. Меѓу поопасните градски сообраќајници е и улицата Ѓорче Петров, на која во истиот период загинале четири лица, а 200 биле повредени во 131 сообраќајка.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=613BE1B98080CB4B92D3A8D22A1D4DDB

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Woman's Kia Sorento Gas Pedal gets Stuck Sending her on a 120mph Horror Ride


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
*sigh*

Stop the planet. I wanna get off.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Кочница би требало да има Соренто-то  :D ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54989
  • Махер
Јас би ја убил оваа на место. На лице место утепај ја, и да не драпа многу мадиња. Ич. Драми ебате. Драми и осигурања. Плачат од осигурањето ебате беља. УААААААААААААААААААААААУ ја притиснала кочницата и застанала. Како не и се измочал у фаца џандарот незнам.

Јас ако не да земам вака со педаља да крај да возам Скопје-Гевгелија и да плачам ко пизда испомочана за да ми прават пат џандари. И на крај ќе ја фрлам колата демек е заглавена педаљада, од осигурање ќе си купам стан и корвета, и ќе возам ко ЧОВЕК на автопат - прв пат во 3 години.

Ебатe б*ља.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
auu, sega hundai e meta na jues goverment

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Како може да се заглави педала за гас?

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Како може да се заглави педала за гас?


Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
за ваква глупост кај нас може и ќотек да изедеш,+1 за македонија