Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 2827065 пати)

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Не е крив тој со аудито ние сме криви шо таквите како него ги оставаме нечепнати веднаш по секоја таква ситуација.
Колку ситуации имаме годишно со смртни последици кај шо дегенериците лежат со 3/5 години или не лежат воопшто.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5228
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Другар бурекџија поминал таму накај работа 10мин пред дешавката; на трепкач биле семафорите..  псоле него 10мин дошол колегата и го прашал виде ли сообраќајката/

И што сега ај, тој со аудито ќе испадне у право; првентво на минување со 200км/ч. ???
Близок на колега живее во близина, истрчале веднаш после сударот. Девојчето уште било свесно, само кажало „јас на зелено поминав“ и се онесвестило.

Мора да има камери таму, не само на семафорот туку две бензински и куп фирми. Вака од луѓе тешко да се заклучи. Тоа за семафорите, а идиотот што возел 200+ тоа е за доживотно одземање дозвола и макс. затворска казна, а јас лично би гласал и да уведеме смртна казна во легислатива.


Реално со 200 да иде во град прво треба да биде малумен, второ тешко дека ќе го приметиш па не знам колку внимателно да се приклучуваш/преминуваш булевар. Тоа се некои 56 метри во секунда, сметај дека за неколку секунди поминал 300-400 метри... Тотално нема шанси да не се вклучиш на булевар или да преминеш раскрсница, затоа што таму некаде далеку има имбецил што надоаѓа ретардирано брзо. Сакам да кажам било каква претпазливост не може да те спаси од такви идиоти. Добро кажуваат и други, на вакви треба поинаку да им се пресудува.

Лани пешакот што го убија на пешачки буквално немаше време два чекора да се врати за да се спаси. На такви брзини времето на реакција е невозможно мало.
« Последно менување: 08 Мај 2024, 08:40:33 am Van »