Застапникот на Ford во Македонија, компанијата Mi-Da Grand Motors обезбедува нов пакет со 5 години гаранција за новите сопственици на моделите на Ford кои до сега имаа гаранција од 2 години.

Заедно со новата гаранција од 5 години, како и до сега, останува неограничениот број на изминати километри во гарантниот период. Пакетот веќе е во функција и се однесува на целата гама на Ford за патнички и комерцијални возила.
При купување на нов Ford сопственикот потпишува договор за користење на бесплатен пакет кој важи 60 месеци без огреничување на километрите, а услов е сите контролни прегледи, поправки и замени на оригинални делови да ги извршува овластениот сервис на Mi-Da Grand Motors.
За остварување на правата на гаранцискиот пакет сосптвеникот е обврзан да прави контролен преглед секои 12 месеци, или на секои 12.500 km, зависно кој услов ќе биде исполнет прв.
Гарантниот пакет се однесува на највителните склопови и делови на возилото како мотор, систем за ладење, менувач, компоненти за пренос на силината, клима уред, заптивки, систем за гориво, електричен систем и сигурносен систем.
http://vozi.com.mk/vesti/5-godini-garancija-za-ford-vo-makedonija.html