Автор Тема: ЕГР вентил  (Прочитано 84399 пати)

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #300 на: 15 Јуни 2016, 14:40:14 pm »
Нема DPF. Дизните сите се во граници на нормала и мислам дека би имало и други симптоми. Единствено ме задума Лоши Патишта дека маф сензорот е расипан. Но доколку не е решен проблемот со исклучувањето на ЕГР, ќе го заменам маф сензорот.

@igor_xxxx, кај мене влегуваше во лимп мод на 15тина степени надворешна температура. Толку не можиш да најдиш добар мајстор да ја среди? Јас се надевам дека сега кај мене е ок, но доколку не е ќе мора да се среди. Не е целта да си играм гаси/пали. Од кој град си и дали ја имаш однесено во некој "специјализиран" сервис за мерцедес?

Ја сервисирам во Скопје (кај Влатко-Бенз), ама ја носев и кај 2-3 различни мајстори (Кичево,Битола) и сите креваат раце или типуваат на МАФ/ЕГР/Регулатори , што веќе ги имам сменето.И јас сакам да се среди, ама ете уште никако да се погоди некој да ја среди, башка што може да се погоди со недели/месеци да нема проблем, и после пак зафркава.

Воопшто немам ни начин како да го симулирам проблемот, барем на сервис кога одам да откаже и нека седи така.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #301 на: 25 Јуни 2016, 00:52:40 am »
кога ке ти се деси така, не ја гаси, туку иди право на сервис да ја закачат. претходно договори го тоа... јас така најдов скриен баг во промена на аутоматски мењач кој по спецификации е ист, ама ет, имало мала грешка. се дешаваше еднаш, не неколку дена, на некое палење мењачот да ја скока 2-ра брзина.. иде прва па директ у трета, без оглед во кој режим возиш... и така ја договоривме, да кога ке с едеси, да не гасам туку да идам право во сервис и да ја закачи одма на компјутер додека работи.. отчита параметри, ако нема грешки, тогаш иде на читање податоци во живо. така ке го решиш проблемот и ти и тој претходно...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1779
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #302 на: 23 Јули 2016, 14:41:10 pm »
Кои се негативни последици по исклучувањето на ЕГР вентилот преку дијагностика?

Имено, ЕГР-от при правење на проби преку дијагностика супер отвара и затвара, но при возење на автопат колата губи снага (влегува во лимп муд) и треба да ја изгаснам/запалам. После тоа како ништо да не било до наредниот лимп муд. За половен и исправен ЕГР ми побараа 150 евра, но не можеа да ми гарантираат дека долго ќе вози. За нов не сакав ни да прашам :) Па затоа го исклучив преку дијагностика.

Е сега, читав дека по исклучување на ЕГР колата ќе ја прима подобро гаста, но такво нешто не забележав. Не ни очекував такво нешто бидејќи супер си прима колата, туку чисто информативно ме интересира на што може да има негативно влијание исклучувањето на ЕГР? Се работи за 2.7 цди 177 кс.
Колата од кога е исклучен ЕГР е возена (околу 2500 км) на разни регионални патишта, автопати, низ град и ниеднаш нема влезено во лимп мод. Што значи, со исклучувањето на ЕГР проблемот ми е решен (барем засега). А дали тоа ќе влијае на други делови од колата да се расипат во скоро ќе видиме понатаму. Јас не се разбирам многу па не знам дали е паметна оваа одлука или требаше да ставам друг ЕГР (нормално дека вака постапив за да си поминам многу поевтино отколку со друг половен од 150 евра или нов 250 евра).

@ LosiPatista, сепак не бил проблемот во МАФ сензорот, како што можеш да прочиташ погоре.

Отсутен queqe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #303 на: 24 Јули 2016, 14:14:59 pm »
брат ми го има истото направено на вектра  2008 1.9дизељ,и веќе 4-та година го забораи кај е сервисот :) .така да одлуката ти е тамам :) ....65000км без егр досега е раат

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #304 на: 25 Јули 2016, 08:37:58 am »
Кои се негативни последици по исклучувањето на ЕГР вентилот преку дијагностика?

Имено, ЕГР-от при правење на проби преку дијагностика супер отвара и затвара, но при возење на автопат колата губи снага (влегува во лимп муд) и треба да ја изгаснам/запалам. После тоа како ништо да не било до наредниот лимп муд. За половен и исправен ЕГР ми побараа 150 евра, но не можеа да ми гарантираат дека долго ќе вози. За нов не сакав ни да прашам :) Па затоа го исклучив преку дијагностика.

Е сега, читав дека по исклучување на ЕГР колата ќе ја прима подобро гаста, но такво нешто не забележав. Не ни очекував такво нешто бидејќи супер си прима колата, туку чисто информативно ме интересира на што може да има негативно влијание исклучувањето на ЕГР? Се работи за 2.7 цди 177 кс.
Колата од кога е исклучен ЕГР е возена (околу 2500 км) на разни регионални патишта, автопати, низ град и ниеднаш нема влезено во лимп мод. Што значи, со исклучувањето на ЕГР проблемот ми е решен (барем засега). А дали тоа ќе влијае на други делови од колата да се расипат во скоро ќе видиме понатаму. Јас не се разбирам многу па не знам дали е паметна оваа одлука или требаше да ставам друг ЕГР (нормално дека вака постапив за да си поминам многу поевтино отколку со друг половен од 150 евра или нов 250 евра).

@ LosiPatista, сепак не бил проблемот во МАФ сензорот, како што можеш да прочиташ погоре.

Не се гаси егр преку дијагностика, потребна е друга опрема за тоа.  Но вие сте го тестирале егр вентилот, отворал и затворал, значи бил исправен, зошто отстранувањето на егр го решил проблемот со лимп, не е јасно? Според моето скромно искуство егр вентилот не предизвикува лимп. Може да губи малку снага и да чади и тоа е се.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1779
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #305 на: 25 Јули 2016, 10:54:37 am »
Некој погоре спомена дека ЕГР се гаси со ремапирање, па можеби тоа е направено. Стварно не се разбирам, постапката дечкото ми рече дека ќе трае 15тина мин. Доколку за толку време можи да се направи ремап со веќе негова готова мапа, можеби ми ја ремапирал колава :) . А тоа дека отвараше и затвараше ЕГР кога го испробуваа на дијагностика, го проверија 10-15 пати макс. Можеби во возење толку отварања прави во многу краток период со сменување на положба на гас и сл. Па во тој момент заглавувал или не отварал/затварал целосно па колата влегуваше во лимп мод. Како и да е, проблемот ми е решен и не треба да ја гасам/палам за да продолжам да возам со сите 177 коњи  :D

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #306 на: 25 Јули 2016, 11:51:54 am »
Мене EGR - то ми ја стави колата во лимп мод на сред автопат, после со ремапирање го изгасив ѓубрето.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #307 на: 25 Јули 2016, 12:33:34 pm »
Исклучување одредени функции преку ECU-то на колата, е сосем различно од ремапирање. Мапата не се дира при егр/дпф офф или слични интервенции.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #308 на: 25 Јули 2016, 12:37:39 pm »
Јас колку што знам секако мора да се исклучи софтверски во ECU то кога се прави таква интервенција. Некои го викаат ремапирање а некои ремапирање го користат за „чипување“ или зависи до речникот/жаргонот. Најточно би било модифицирање отколку ремапирање ама јбг, посвоени термини сите користат.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #309 на: 25 Јули 2016, 12:47:51 pm »
Ја само да си кажев, не е ремап :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #310 на: 25 Јули 2016, 20:57:02 pm »
исклучен денес егр на ауди а4 б6 1.9тди, има мала разлика, малце по жива е колата на ниски обртаи.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5141
  • Пиши лаже
Одг:
« Одговори #311 на: 25 Јули 2016, 21:37:11 pm »
Пошто сум лаик за вие работи, ме интересира што се придобивките и загубите со вадење /мењање на тој егр вентил. :)

Sent from my Redmi Note3 Pro.

Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #312 на: 26 Јули 2016, 08:15:26 am »
Накратко еве извадок.

EGR (Exhaust Gas Recirculation) je ventil koji reguliše količinu izduvnih gasova koja će biti vraćena na ponovno sagorevanje. Kada je automobil nov a EGR ispravan njegov rad ne utiče značajno na smanjenje performansi motora. Međutim vremenom EGR se zaprlja od čađi iz izduva i prestane da funkcioniše kako treba. Motor nema snagu a često ne može ni da upali.

Gašenje EGR ventila se vrši softverski te se nikakve lampice ili greške više nikada ne javljaju.

Kako radi EGR ventil?
EGR ventil stvara petlju unazad od izduvne grane do usisne grade da se recirkulišu spaljeni gasovi. EGR ventil ima solenoid koji kontroliše ventil koji je kontrolisan od strane ECU.

EGR ventil je uredjaj za kontrolu emisija projektovan da se smanji emisija izduvnih gasova kako bih podlegli propisima Euro Emisije.

Odstranjivanje EGR ventila oslobađa vlasnika automobila muke sa zapušavanjem istog. Ukida se usko grlo na mestu "klapne" za gašenje i osovine EGR ventila, te se oslobadja dodatne konjske snage na Vašem autmobilu.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Одг: ЕГР вентил
« Одговори #313 на: 26 Јули 2016, 08:30:36 am »
Исклучување одредени функции преку ECU-то на колата, е сосем различно од ремапирање. Мапата не се дира при егр/дпф офф или слични интервенции.
Потполно е исто со ремапирање... потребно  е да се сменат мапи со цел ерг то да биде неактивно.
Немора секој ремап да е врзан со зголемување на снага.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ЕГР вентил
« Одговори #314 на: 26 Јули 2016, 08:36:47 am »
Во право е Трпе. Енд оф.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need