Автор Тема: Гуми - Општо  (Прочитано 1621427 пати)

Отсутен John

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Гуми - Општо
« на: 08 Март 2011, 13:39:41 pm »
и уште нешто сакав да ги прашам сите тука.

какви гуми би му ставиле вие на поло 1.2 тси 105? имајте предвид дека не се разбирам нешто ептен, па би ценел ако бидете поспецифични.

15ки, 16ки? алуминиумски? на некои хрватски форуми ги отекуваат некои "Boavista felge" не знам тоа уопште дали има кај нас, и ако има колку чини.. =)

тенкс!

п.с. не сакав да отварам нова тема само за ова

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54781
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #1 на: 08 Март 2011, 13:47:45 pm »
Кои ти се допаѓаат тие... само не ставај нископрофилни гуми.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3148
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #2 на: 08 Март 2011, 13:48:17 pm »
Јас би ставил континентал спортконтакт 3  195/50/15 ;) или евентуално 185/55/15
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54781
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #3 на: 08 Март 2011, 14:03:52 pm »
Јас би ставил континентал спортконтакт 3  195/50/15 ;) или евентуално 185/55/15
Не 185... По странскиве сајтови гледам 205/55/15, а и според мене би одел на таа димензија. Ако одиш на 16ки бандажи тогаш 205/50/16. Ако веќе бираш, или вози што ќе ти дадат.

Еве ти калкулатор за пресметка на големини ако ти затреба. http://www.miata.net/garage/tirecalc.html
« Последно менување: 08 Март 2011, 14:05:36 pm Deni »

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10650
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #4 на: 08 Март 2011, 14:32:03 pm »
Другар полото 1.2 тси со 205ки ке го умреш, слушај го ти чичо... ако сакаш по тврда вожња стави 195-45-15 или ако сакаш малце по мека 195-50(55)-15,  а 16ките по мене се многу големи за 1.2 нема убаво да ти иде... а не праам муабет за лик...

Со 16ки поубаво ке личи, а со 15ки поубаво ке оди...

Твое е да одлучиш.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10889
  • 430i
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #5 на: 08 Март 2011, 15:57:06 pm »
Полото иде стандард со 175/70 R 14
Заменски гуми за овие се 185/60 R 15.
195-45-15 не пасуваат има огромни отстапки. Со 55-ки помали се отстапките но не незначителни.
Според мене 195/50 R16 и за лик и за возење. Марка ќе си одбереш, мислам дека Континенталот се многу добар избор ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54781
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #6 на: 08 Март 2011, 17:16:58 pm »
Рики зошто да го умреш? Не велам ништо, ок нека се 195, ама не помалку. Баш ме интересира, зошто моторот е како локомотива.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10650
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #7 на: 08 Март 2011, 17:17:37 pm »
Јас мислам дека 195-50-15 се премногу за тоа количе, значи од 14ки фабрички, да идеш со 16ки јас мислам дека е претериазам, мада секој си има свој вкус... и плус од 15ка до 16ка е многу голема разликата во пари и за бандажи и за гуми.

Јас би ставил 195-45-15


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54781
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #8 на: 08 Март 2011, 17:20:32 pm »
Јас мислам дека 195-50-15 се премногу за тоа количе, значи од 14ки фабрички, да идеш со 16ки јас мислам дека е претериазам, мада секој си има свој вкус... и плус од 15ка до 16ка е многу голема разликата во пари и за бандажи и за гуми.

Јас би ставил 195-45-15


Јас на фиестата дизел стандардни имам 195/50/15, сакам да ставам 55ки следен пат. А за 45 најтопло препорачувам НИКАКО. Ќе се упропастат многу брзо. Повисочки од лично искуство. Затоа гледам 55ки. А штом фиестата со 70кс и 160Нм има такви стандард гуми, незнам полото со 175Нм и 105кс, како може да има проблем. Ама ок, сфаќам што сакаш да кажеш. Сепак мнооооооооогу го потценуваш моторот, екстремно многу.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10650
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #9 на: 08 Март 2011, 17:38:05 pm »
Рики зошто да го умреш? Не велам ништо, ок нека се 195, ама не помалку. Баш ме интересира, зошто моторот е како локомотива.

Вака еве зашто, пред 4-5 години имав Ибица 1.5 со 100кс, фабрички вози 175-70-13 и бидејки мераклиа, и ставив 185-50(55)-14 и добив на фаца, и малце изгубив на забрзување, знаете дека со помали гуми подобро е за старт...

По некое време за проба ставив 195-50-15 и уште поголема загуба на старт, но многу добро за по кривини и дупки...

И по мерења, колку крева од една до друга точка со 13ките и со 15ките имаше голема разлика еве, ке ви кажам на правецот на Бул. Октомвриска револуција значи од Алумина до семарорите на партизанска со 13ките идев 145-150кмч и застанував, а со 15ките 135-140кмч а 10 кмч се многу на кратка стаза, по моја проценка пример коа би имало трка тоа би било некаде околу 2-3 коли

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10650
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #10 на: 08 Март 2011, 17:45:14 pm »
Јас на пример сум тркач, агресивно возам... секое тргање ми е со чкрипење и сакам да добијам на убрзање, не сакам да изгубам ни стотинка... а многу не се грижам за изгледот пример, тоа дека со 16ки боље ке личи, ама и гумите се по 100 евра од парче поскапи, а јас цело време на пуна... и еден сет гуми ги кинам за една година, а некад се случува и да купам и уште 2 нови гуми за напред ...

И затоа тоа е мојата варијанта за 15ки, а за 45ки навивам, бидејки земи по водно запни да возиш со 55ки, да видиш дали нема да ги кифлиш гумите... и може да скинеш некоја...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54781
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #11 на: 08 Март 2011, 17:46:30 pm »
Да, да ако си го зголемил промерот. Јас правам муабет исклучиво +-3% ос стандардните, а сите што ги спомнавме доаѓаат +1% од стандардот. Една димензија нагоре се оди кога се земаат гуми, и сам знаеш. Тоа си е како дефиниција. На полото имав 185/60/14, и нормално ставив 195/60/14. Ја дигнаа 3-4 милиметри колата и таман си е.
Нема многу разлика, ама тоа е. Кога би бирал јас би ставил најлесен можен бандаж и гума како целина, сепак тоа е неамортизирана тежина. А големината особено кај мрсниов турбаш нема да смени скоро ич.

П.С. мислиш не се кифлат 45ки? Од практични причини, не би... А јас почитувам мал бандаж и несакам безвезе големи бандажи, освен ако има потреба. Џабе пари.
« Последно менување: 08 Март 2011, 17:48:46 pm Deni »

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10650
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #12 на: 08 Март 2011, 17:52:30 pm »
Види нормално се кифлат ама помалце се осеќаат... епа пробај, најди 4 високи гуми и запни по водно по кривините, и стај ниски гуми и ке осетиш разлика ... пониските гуми повеке ти го држат правецот , а повисоките те носат...

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8517
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #13 на: 08 Март 2011, 18:16:06 pm »
Само нека гледа да не става повеќе од 185 најбитно е тоа, површина што помалце да зафаќа гумата. Не дека моторот е слаб, не споредуваме кола со кола, туку го споредуваме еден мотор со такви и вакви гуми. Ако сака изглед и брзина, нека земе иста гума каква што носи полото само по нископрофилна. Е сега на овој начин ќе изгуби на стабилност во кривина.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54781
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #14 на: 08 Март 2011, 18:26:54 pm »
Забегавме со гумиве...