Доки, другар во Македонија најтопло ти препорачувам 17ки гуми со ХЛ страничен ѕид. Има многу кратери/дупки и со 18ки може полесно да си го уништиш бандажот. Ако имаш мерак на 18ки, и тие 370 евра се по целосно тркало, напрај си ќефот за летни да бидат 18ки, зимски земи си 17ки сет.
На сите мои коли претходно секогаш сум имал релативно мал бандаж и гума со повисок страничен ѕид и досега немам искривено/скршено бандаж поради кратерите. Удобноста била ОК, ама јас не сум мерило затоа што сакам колите да ми возат стегнато (затоа преферирам и по-тврди гуми и пумпам малце повеќе од пропишано).
Сега имам 18ки на Камри-то (но моите се веројатно некоја спортска од тие run-flat) верзии па си вози стегнато и тврдо за таква голема лимузина. Зимски ќе му ставам 17ки и ќе видам како ќе се однесува. Сигурно ќе биде помека вожњата, ама колку помека не знам.