Како се дискредитираат?
Кажуваат неаргументирани ставови, кои не соодветсвуваат со моменталните сознанија во врска со болеста.
1. Вело се дискредитираше со тоа што го поистовети овој вирус со грип, и анегдотално спореди со број на мртви во сообраќајки, притоа кажувајки дека „ОВОЈ вирус е познат од 67 и студенти намерно се заразувале за да ги осознаат симптомите“.
2. Жан се дискредитираше со тоа што им препорача на луѓето да се инхалираат со топли напитоци и дека тоа може да помогне за уништување на вирусот во грлото и респираторните патишта, што е апсолутно погрешно и не соодветсвува со ниеден научен доказ за тоа како вирусот доспева во нашиот организам и каков е неговиот пат.
Оние горе од телескоп.хр ич да не ги коментирам, изнесени се само ставови на авторитети, без ниту една поткрепа од страна на научен труд, докази и истражувања.
Самиот авторитет не значи дека треба да му веруваме, како што тоа го тврди Васко Евтов. Треба да им веруваме на доказите кои ги изнесуваат авторитетите, нивната работа е да ги знаат моменталните состојби во нивната област, тековни истражувања, статистики и сознанија, и според нив да нѝ напраат јавен муабет (на тв, на портал и сл). Најдобро би било муабетите да ги почнат со „Моменталните сознанија на СЗО кажуваат дека...“ или во „најновите истражувања на институтот тој-и-тој се вели... “, а не „Овој вирус е познат од 67 и студентите намерно се заразувале со него“.