Велес - Скопје е единствената делница во МК каде што редовно возам над ограничувањата - и тоа дебело - кампирајќи во левата лента.
баш затоа што ми се мили гумите и подвозјето
обично после патарината газам до крај, стартувам најбрзо што можам, и више на почетокот на угорницата сум 140-150 и така цепам све до тунелот. Во тунелот успорувам докај 120 и ја држам таа брзина до скопје. Среќа не ме фатил џандар до сеа.
Помили ти се гумите и подвозјето од твојот живот, животот на твоите сопатници и на другите учесници во сообраќајот? Дали мислиш дека ограничувањата на брзината се случајно поставени? Дали свесно треба да ги прекршуваме, уште па и јавно да се фалиме?
Дали само заради малку подолго траење на едни гуми и подвозје го оправдуваш твоето дебело пречекорување на предвидената максимална брзина?

Делницата ве-ск од патарината до тунелот сочинува многу мал дел од мојата вкупа километража, па така кумулативното зоглемување на ризикот е мало.
едно е една делница да возиш над ограничувања, а друго е редовно да возиш над ограничувањата.
Да пробам вака да објаснам: ако јадам немиено јаболко постои зголемен ризик да фатам салмонела. Но, ако само едно од 100 јаболка не измијам, а другите 99 ги измијам, вкупното зголемување на ризикот од салмонела е многу мало во споредба со тоа ако сите 100 јаболка ги изедам неизмиени.
Лошо е возењето над ограничувањата како култура на возење, етаблиран патерн кој се применува секаде. Тогаш значајно расте ризикиот.