@Фаланга
Ништо не можам да ти помогнам со паркирањето
Па во принцип јас си немам проблем со комшиите. Ѕвонам на домофон, праиме место за паркинг и се паркираме и завршена работа. Проблем не правам од тоа само ме нервира манирот, зошто да се зафатат 3 места за паркиг и тоа преку целиот викенд кога може да се зафати само едно место. Не е проблемот во незнаење паркирање зошто проблем нема за паркирање кога има само едно место слободно. Туку нервозата е зошто кога ќе се видат 3 слободни места кеифот е толкав за да се зафатат сите. Јас ти викам проблем немам и влакна на јазикот немам, веднаш реагирам, ама еве жена ми е посрамежлива и таа ќе треба да оди во друго маало да паркира и да се влечка со детето и торбите во раце кога инаку би можела да се паркира пред зграда.
Ама едвај живеам со тоа да не искршам некоја кола од оние за кои има резервирано место во подземна гаража а ги гледам секој ден пред зграда, често и пред самиот влез па не можам ни дома да влезам.