Толку од Аљи, додека не сменат начин на достава, односно да оди со приватни курирски служби како Тему, не нарачувам веќе ништо. Немам време да одам да се акам во магацинот сам да си ги барам пратките, имам некои 7-8, највеќе ми е за детето, ме прашува цело време кога ќе стигнат нарачките
Еднаш бев до магацинот, им дадов листа со тракинг број, ми кажаа да поминам пак после недела дена. Оставив да помине повеќе време и после 3 недели одам пак, пак не се најдени пратките.
Пак им оставам список со тракинг, ми кажаа да оставам број они ќе ме побараат, пак ништо.
Ме фати инат, пак отидов до магацинот, се пожалив, ме слушна еден вработен (постар господин, да ти бил контролор), ми кажа да му го дадам списокот и дека ќе ме бара. Ми се јави после 2 дена дека ги нашол сите пратки и ме чекаа таму.
Инаку пратките беа стигнати во МК во февруари месец.
Кажав дека нема да се замарам и да се акам, ама ме фати инат. Тие што работат пред пензија работат таму, другото пепел, не ни оди на работа.
Спас за државната пошта, јавно-приватно партнерство, највеќе за паразитите што се водат на платен список а не работат.