Потрошувачкото општество и наметнувањето вештачки стандарди (се повеќе и се поголемо) го поматуваат логичкото расудување.
Делумно бев и јас жртва, во последниве години кој и да дојдеше, прв муабет беше "дај купи си саглам тв, фрли тоа телефончето, ќе оќориш".
50 инчи како димензија одлично легна како парче елемент, сребрената рамка и постоље совршено се вклопи со комодата на која имам исто така сребрени детали.
Но, дефинитивно ми е преголем за гледање, ми доаѓа како телефонот да сум го доближил на 15 цм кога гледам нешто на него или како на времето во кино да гледам од прв ред седишта.
Сега очекувам муабети дека сум згрешил, сум можел и 65 инчи

ОК, некогаш во иднина ќе го срушам ѕидот и на негово место ќе зашрафам 85-95 инчи како ли ќе му дојде и наместо севкупна сцена ќе ги бројам влакната од фризурите, колку чворови има плетениот џемпер и слични поединости.