Автор Тема: Целосен процес за увоз на возило од Швајцарија  (Прочитано 736 пати)

Отсутен siv_metalik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Резиме на трошоци

Давачки    Патни трошоци
Кола2'200 CHF    Vignette CH40 CHF
Т1 (CH -> Табановце)165 CHF    Бензин AT79.31 CHF
EUR.135 CHF    Vignette AT9.06 CHF
Експорт Таблици263 CHF    Karawinki AT13.72 CHF
COC2'800 ден    Vignette SI14.64 CHF
T1 (Табановце -> СК)3'000 ден    Бензин SI50.6 CHF
Шпедиција3'500 ден    Патарина HR16.56 CHF
5% (Без EUR.1)9'207 ден    Бензин SR69 CHF
ЕКО Данок9'300 ден    Патарина SR19.98 CHF
Увоз ДДВ36'745 ден   
Хомологација2'800 ден   
Превод на возачка900 ден   
Вкупно3'687 CHF    Вкупно312.87 CHF

Хронологија

ДенЧекорКаде
Ден 1Купена кола (потпишан договор)Швајцарија
Ден 1Извадени извозни табличкиЦирих
Ден 14Изваден EUR.1Цирих, шпедиција
Ден 14Изваден T1 (до Табановце)Цирих, шпедиција
Ден 14Заверен EUR.1Швајцарска царина (Embrach)
Ден 14Заверена извозна декларацијаШвајцарска царина (Embrach)
Ден 16Излез од Швајцарија; транзит низ ЕУ;CH → AT → SI
Ден 17Tранзит низ ЕУ и СрбијаSI → HR → RS
Ден 17Влез во Македонија; затворен T1; нов транзит до СкопјеТабановце
Ден 19Царинење (увозна декларација + ДМВ)Скопје, царина
Ден 20ХомологацијаСкопје
Ден 20Технички прегледСкопје
Ден 24Регистрација (по потврда од Интерпол)Скопје



Купување на колата и повраток на ДДВ

Купив VW Polo 1.2 TSI Highline (2013, 1197 cm³, 91.5 kW, бензин, Euro 5, ~125.000 км) од дилер во Швајцарија. Дилерот издаде фактура со 8.1% ДДВ (MwSt) на мое име и си платив. Колата беше за татко ми.



Што научив покасно?

Повраток на ДДВ за кола купена од приватно лице не е возможен — но ако купувате од дилер на коли и колата се извезува и на документот е наведен MwSt, имате шанса. За ова добив и потврда од BAZG:

Цитат
Let the seller make an normal invoice including Swiss VAT. Present this invoice and the export declaration upon exporting the car at a staffed Swiss customs office during office hours. You will receive an export receipt which you give back to the seller. The seller needs this export receipt for the FCA to prove the export so he can reimburse the Swiss VAT to you.

Kind regards
Jacob Wackernagel
Federal Departement of Finance (FDF)
Federal Office for Customs and Border Security (FOCBS)
Customs Information Office

T: +41 58 467 15 15
www.bazg.admin.ch
customsinfo@bazg.admin.ch

За се ова да функционира, договорете се со дилерот однапред. Законски тој не е должен да врати ДДВ, ниту вие да му дадете извозна декларација. Кога ќе се договорите, обично потпишувате документ: едниот дава извозна декларација, другиот го враќа ДДВ-то.

Дилерот не ги задржува тие пари и повратокот му е само екстра администрација. Некои не се замараат, некои не знаат, а некои бараат „административна такса“ за да заработат од извозот. За дилерот единствена мотивација е побрза продажба; за вас, начин да ја симнете цената ако колата е за извоз.


Извозни таблици

Решив да ја возам колата, па извадив извозни таблички од Strassenverkehrsamt Zürich. Имаат ограничен рок (обично до крајот на месецот) и вклучуваат зелен картон важечки сè до дома. Цена: 263 CHF. Таблиците изгледаат малку поразлично од регуларните Швајцарски таблици:



Транзитни документи

Извадив T1 транзитен документ во Цирих, кој важеше се до Табановце, преку шпедитер (Transsped AG). Цена: 165 CHF (во ова цена беше вклучена и пополнување на извозната декларација).



При вадењето задржаа депозит од 20% од вредноста на колата (минимум 500 CHF), кој го враќаат откако документот ќе се затвори на дестинацијата (царината во Табановце). Затоа што се задржува депозит, купопродажната цена е запишана во електронските записи на T1 и секој цариник има увид.

Депозитот е гаранција дека колата ќе стигне до запишаната дестинација и дека нема да ја изнесете па повторно да ја внесете откако сте повратиле данок; ако тоа се случи, шпедитерот ја покрива проневерата од парите оставени во депозитот.

На документот однапред се впишани сите гранични премини на кои морате да поминете и на секој да го затворите транзитот. Мојот пат (Швајцарија → Австрија → Словенија → Хрватска → Србија → Македонија) го затвораше транзитот на:

  • Излез од Швајцарија (St. Margrethen)
  • Влез во Австрија/ЕУ (Vorarlberg)
  • Излез од Хрватска/ЕУ (Бајаково)
  • Влез во Србија (Батровци)
  • Излез од Србија (Прешево)
  • Влез во Македонија (Табановце)

Секаде поминав на лентата за коли; на излез од Србија ме пратија на мерење кај камионите, (завршив за 30 минути).

На Табановце T1 транзит документ беше комплетно затворен. Но царинењето не се случува на границата, туку во градот каде живеете. Затоа добив нов транзитен документ од Табановце до Скопската царина за 3.000 МКД.



Договорот за купопродажба беше на мое име и јас требаше да ја регистрирам колата во Скопје. За да заминам побрзо за Швајцарија, моето име го поставив како извозник на T1, а татко ми увозник уште кога го подготвував документот во Швајцарија. На Табановце ми кажаа дека може да се направи втора фактура со која му ја продавам колата на татко ми за иста цена, па трансферот да биде официјален и во купопродажниот договор. Го направивме тоа — новиот транзит до Скопје беше на негово име, и како суплемент на транзитот ги приложивме двете фактури.

Ова останува сива зона за мене: со втората фактура имаме трансфер приватно-лице-на-приватно-лице, па прашање е дали сè уште ќе можам да го повратам ДДВ-то во Швајцарија (технички колата е продадена откако е извезена, а веќе имав валидна извозна декларација).

Што научив покасно?

T1 воопшто не ми требаше — грешка што го земав.

Со извозните таблички можев да возам до излезот од ЕУ во Хрватска, а на влез во Србија да земам нов транзитен документ за 30–50 ЕУР. Србите тоа го знаат: штом влегов со швајцарски извозни таблички ме упатија кон шпедитер и беа изненадени (и малку разочарани) што веќе имам T1. Трансферот на татко ми пак ќе се решеше со втора фактура во Србија, а транзит од Табановце до Скопје секако ќе морав да извадам.

Праксата со втора фактура им е позната на шпедитерите и во Србија и во Македонија — имав чувство дека некои ја користат за да ја намалат купопродажната цена и да платат помал увозен данок (кога еден транзит се затвора и се отвора нов, може да се впише нова цена). Не сум правник ни цариник, но се прашувам дали некој воопшто го проверува ова, бидејќи може едноставно да се „изгуби“ првата фактура.

Сеуште се прашувам дали ќе можев да извадам Т1 од Швајцарија директно до Скопската царина - со шифра MK001010. Иако малку поскапо, но ќе ми заштедеше време на Табановце за да не морам да вадам нов транзитен документ.

EUR.1

Извадив EUR.1; го подготви шпедитерот (Transsped AG) за 35 CHF, а го потврди швајцарската царина (Zollamt Embrach). За среќа во колата имав документ што го потврдува потеклото од увозникот (за VW тоа е AMAG) — швајцарската царина го побара, и без него немаше да добијам EUR.1.





Што научив покасно?

Имав среќа што ја имав потврдата за увозот од 2013. Инаку ќе морав да барам Lieferantenerklärung од AMAG преку формата за хомологација (Homologationsanfrage) за 120 CHF.

Извозна декларација

За извозот веќе ја имав швајцарската извозна царинска декларација (Veranlagungsverfügung Ausfuhr) — со неа ќе можев да го повратам данокот.



Што научив покасно?

Како што спомнав претходно, извозната декларација баше вклучена во цената за Т1 документот кога го земав од шпедиција. Можев да заштедам ако сам ја пополнам истата преку e-dec Export / Passar системот и да земам само Т1 од шпедиторот. Ќе заштедев околу 75 CHF (според ценовникот на други шпедиции).

Не бев информиран за повратокот на данок кога ја купував колата и не се договорив со дилерот. Откако ја имав декларацијата, го контактирав дилерот; ме упати кај секретарот, кој ми потврди дека повраток е возможен, но дека законски не се должни да ги процесираат документите и едноставно не се заинтересирани за екстра работа.


Царинењето во Скопје

Како што има извозна декларација од Швајцарија, има и увозна декларација во Македонија. На истото иде и пријава за данок на моторно возило.





Царинењето го средив преку шпедитер (Видра Шпед). Вредноста на колата се пресметува преку Scwacke каталогот што ја проценува на 150'202 ден, на кои шпедиторот додава 33'932 ден за да ги вклучи трошоците за патот. Се зема максимумот од таа цена и продажната цена во договорот.

  • Царинска основица: 150'202 + 33'932 = 184'134 ден
  • 5% Царина (без EUR.1): 9'207 ден
  • ДМВ (CO₂ 124 гр/км): 9'300 ден
  • Административна такса: 1'500 ден
  • ДДВ 18%: 36.745 ден

Вкупно: 56'752 ден + шпедитерска услуга oд 3500 ден.

За ова морам да ги пофалам https://www.uvoznavozila.com на кои пресметките за увоз им беа сосема прецизни.

За жал среќата за EUR.1 не траеше долго: кога татко ми ги поднесе документите преку македонскиот шпедитер, EUR.1 не беше земен во предвид зашто татко ми заборави да ја приложи швајцарската извозна декларација. Затоа и плативме 5% наместо 1%.

Сè уште не ми е јасно дали извозната декларација е воопшто потребна — од љубопитност прашав други шпедитери и тврдеа дека за увозно царинење треба само купопродажен договор, одјавена сообраќајна дозвола од Швајцарија и EUR.1.

Хомологација

COC сертификатот (на кој стои CO₂ во гр/км) го извадивме од Порше Македонија како најевтина опција за цена од 2800 ден.



Тоа беше доволно за процесот на хомологација да заврши брзо и без проблем за исто така 2800 денари.

Последниот трошок беше превод на Швајцарската сообраќајна дозвола на македонски јазик и заверка на нотар, кој не чинеше 900 ден. После ова, е стандардна процедура за регистрација. Моравме да почекаме неколку денови за Интерпол да потврди дека колата не е поврзана со било какви криминални процеси. И тоа беше се.


Што би направил поразлично наредниот пат?

  • Првин би зборувал со македонски шпедитер за да знам кои документи ги очекува.
  • Би преговарал подобро да ја намалам цената во однос на ДДВ повраток во Швајцарија или пак да се осигурам дека повратокот ќе се случи.
  • Би ги ставил на вага уште еднаш времето потрошено и цената за личен превоз во однос на превезување на колата со транспортер.


« Последно менување: 23 Јуни 2026, 11:01:27 am zeroSignal »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45100
  • Il Moderatore
Одг: Одг: Uvoz na vozilo od Shvajcarija
« Одговори #1 на: 20 Јуни 2026, 06:41:47 am »
Браво за постов! Ептен корисна работа. Секоја чест!
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7330
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Одг: Uvoz na vozilo od Shvajcarija
« Одговори #2 на: 22 Јуни 2026, 07:55:29 am »
Се супер брат само овој народ сеуште не е спремен за сите овие информации, за некоја година и по 2-3 страни пак ќе има прашања од типот како оди процедурата за увоз од Швајцарија.


За жал среќата за EUR.1 не траеше долго: кога татко ми ги поднесе документите преку македонскиот шпедитер, EUR.1 не беше земен во предвид зашто татко ми заборави да ја приложи швајцарската извозна декларација. Затоа и плативме 5% наместо 1%.

Затоа гледам еур1 си платил и потоа 5%.
Оваа комбинација мислам никој не ја направил.


Отсутен siv_metalik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Одг: Uvoz na vozilo od Shvajcarija
« Одговори #3 на: 23 Јуни 2026, 00:08:30 am »
Затоа гледам еур1 си платил и потоа 5%.
Оваа комбинација мислам никој не ја направил.

Да, за жал mistakes were made. Битно е да се има добар шпредитор. Можеби и во тој случај ќе помогне да се знае по нешто од процедурата да се избегнат малите грешки.

Се супер брат само овој народ сеуште не е спремен за сите овие информации, за некоја година и по 2-3 страни пак ќе има прашања од типот како оди процедурата за увоз од Швајцарија.

Е добро де, никој не е роден паметен и мислам дека е одлично ако луѓето прашуваат. Тоа значи дека се спремни. Во време на вештачка интелегенција битно е само некој да ги сподели информациите и да оставиме технологијата да им ги даде одговорите. Само нека прашуваат. Можеби и некој ќе го сподели и линкот од овој пост (ако смета дека е корисен).

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7625
Одг: Одг: Uvoz na vozilo od Shvajcarija
« Одговори #4 на: 23 Јуни 2026, 10:15:11 am »
Се супер брат само овој народ сеуште не е спремен за сите овие информации, за некоја година и по 2-3 страни пак ќе има прашања од типот како оди процедурата за увоз од Швајцарија.

Постот да се одвои како нова тема и да се пинува, ќе биде позабележителен..

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30739
    • CARclub.mk
Одг: Целосен процес за увоз на возило од Швајцарија
« Одговори #5 на: 23 Јуни 2026, 15:43:40 pm »
Речено, сторено.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18105
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Целосен процес за увоз на возило од Швајцарија
« Одговори #6 на: 23 Јуни 2026, 15:52:18 pm »
Секоја чест за постот и истрајноста да го истераш ова.

Ќе го едитирам својот пост да направам една паралела за „идам да си ја земам колата“ наспроти „плаќам да ми ја донесат колата“, бидејќи и јас неодамна увезов кола од Швајцарија и имам информација.

И двата пристапи се правилни бидејќи сме различни луѓе и имаме различни потреби.

---

Од твојот пример ќе ги земам следните трошоци:

- Експорт Таблици   263 CHF
- Патни трошоци   313 CHF

И ќе додадам:

- 1/2 ноќевања    120/200 CHF (едно во CH ваљда, едно по пат)
- 1/2 Рент-а-кар   100/200 CHF (незадолжителен трошок ако имаш кој да те вози таму)
- Авионска карта   200 CHF

Вкупно трошоци   996/1176 CHF

---

Трошоците во мојот пример беа следните (во евра, бидејќи така платив):

- Транспорт на кола   700 EUR
- Транспорт на гуми     50 EUR

Вкупно трошоци   750 EUR

---

Повторно ќе напоменам, преференците на секој човек се различни, но ако некој чита (а верувам ќе има посетители и од Google Search), да си имаат во предвид и ова.
« Последно менување: 23 Јуни 2026, 16:09:43 pm MartinAlfista »