Автомобили > Генерално за Автомобилите

Продавање и префрлање возило, одјавување таблички, итн...

<< < (5/6) > >>

andrejnaumovski:
Нема поента да не ги одјавиш таблиците ако купуваш кола од друг град во моментот кога ќе ја купиш колата. Освен ако не ти е до тие 1500 денари за пробни таблици, во кој случај прашање е дали си спремен да поседуваш и одржуваш возило.

nestor04:
Во мојот случај беше тоа, бев да ја видам колата 2 недели пред да ја купам и возев 300км во правец, го малтретирав човекот и прашував премногу околу колата бидејќи цената беше нереално ниска, а огласот веќе го отвориле 2000 луѓе. Кога се решив да ја купам (да одам по втор пат), ми бараше капар од 1000-2000€ за да ја одјави колата, а да извадам таблици не можев бидејќи беше сабота (институцијата каде што вадат пробни таблички работат до 12ч), шлепот кошташе многу, а ризикот беше голем, плус се брзав да ја купам тој ден (ми направи човекот филм дека некој сигурен купец ќе вози 600км во правец од Берлин и доаѓа со шлеп да ја купи колата за сигурно). Не размислував многу, се качив во кола и тргнав. За нареден пат кога ќе купувам кола веќе ја знам процедурата и ќе договорам унапред.

MecheTo:

--- Цитат: nestor04 на 03 Декември 2025, 18:46:18 pm ---Не знам зошто толку стрес?
Мене Лексусот ми го даде со оштетени таблици, као демек "Прави му што сакаш, ама со мои таблици нема шанса, можеби ќе ограбиш банка", барем да беше Германец, па да го разберев... Другар кој купи кола од друг град си ја донесе со регуларни таблички (газдата во кола+платен пат назад со воз и бакшиш), а газдата си ги изваде на паркинг и си замина со табличките назад со воз, но не прави секој таква услуга.

--- Крај на цитатот ---
Ама ти или не разбираш или стварно не сакаш да разбериш.
Ете дури и ти ја купи колата  без таблици.И ти не извади краток цол(жолти),туку со некои таблици оштетени или не оштетени не битно али не регуларни си ја одвезе колата и сеа демек нешто мафијаш си или демек можи и така.Не ми кажувај барем мене за такви работи.
Дали знаеш во тој момент каков стап можиш да јадиш.Очигледно не знаеш или се правиш дека не знаеш ама ќе ти кажам да знаеш.Мандилго.
Зошто стрес?
Продаваш колата,во меѓувреме купецот прави тешко кривично дело.Дур докажиш дека си ја продал ќе поминиш еден месец во самица.Како пример,не мора да значи.


Едит.Ако не можиш да извадиш цол,ке си изнајмиш црвени таблички,има луѓе шо ги рентаат на ден.

nestor04:
Со такви и ја зедов, црвени цол од автосалон... Не значи дека сум мафијаш хаха., глупости.
Едит: Händlerkennzeichen ако веќе одиме до детал

MecheTo:
Црвен цол е друго од rote kennzeichen.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија