BMW X1 20d xDrive 2014 Facelift, ZF 8HP automatic, 184hp.
Еден куп коли гледав, ама никако да се најде зачувана кола со убава опрема, цена и километража. Оваа ми испадна случајно тазе увоз од Швицарска, ја видов во живо, ја однесов до АутоЕкспертиза и ја пазаривме. Колата покажа некои забелешки, ништо сериозно, се ефтино и лесно за корекција, мотор и мењач перфектни со реална километража 141к км. Внатре колата е многу зачувана, eдно хемиско ако се стигне до некој термин и баш она ФАБРИКА CH CH CH.
Ке се вози привремено додека да се најде тоа што барам без притисок.
Опрема:
Лед дневни со ксенон фарови
Двозонска ауто клима
Паркинг сензори со камера
Темпомат
Сензори за светло и дожд
Кожни седишта со греење и подесување во сите насоки
Навигација
Старт/Стоп
18ки бандажи
Пројдов 200км и задоволен од возење, тивка и убаво лега на патот. Моторот и мењачот убаво работат и убаво потегнува кога треба, а доста економична, 5.5 покажува на борд.
Амортизерите се спорт модел и се премногу тврди, може би ги заменил со нешто помеко. Има обично серво и воланот е многу тежок за низ град и паркирање, незнам зошто не ставиле електрично серво, ама тоа е.
Следно да се смени зглоб преден, има минимален луфт и да се направат сервиси, ако имате некоја препорака за добри сервисери пишете, со BMW не сум имал искуство, ке прашам и во M-Car колку би ме заклале. Треба и летни гуми да се стават, ако стигнам деновиве ако не после празници. Треба да однесам и кај некој да упдејтира мапи и веројатно може да се отклучат уште некои опции.