Автомобили > Генерално за Автомобилите
Полномошно за управување возило на фирма
AlexAl1en:
Мене ме имаат запрено и сам ги прашав фали треба и полномошно да им покажам и добив одговор дека повеќе не бараат, освен како што викате ако сака да малтретира некој.
Sent from my SM-A528B using Tapatalk
Busav:
Не сте направиле сообракајка со службено да видиш како се бара и патен налог и полномошно и се
Sent from my iPhone using Tapatalk
AlexAl1en:
За патен налог има казна, а полномошно не.
Sent from my SM-A528B using Tapatalk
Sase_91:
Полномошно може да се издаде на секој, го пишува фирматана обичен меморандум и во глобала не го бараат. Мене до сега ми го побарале вкупно 2-3 пати во 15 години и 500ккм возење. Веројатно за малтретирање е.
Полномошно за возење во странство може да се издаде на било кој и не е потребно ополномоштениот да е вработен во фирмата. Потребно е овластување од фирмата за издавање на полномошно, напишано на меморандум заверено со штембил и печат или тековна па со ЛК управителот или сопственикот да ополномошни било кој. Во правното лице кај што се вади полномошното(станица за технички преглед) ќе ви побараат полномошното, кружен печат и пасош од ополномоштениот. Порано ова го бараа само на косовска граница обавезно, мн ретко на српска и никогаш на грчка, ама од годинава е сменето па до сега 2 пати ми побарале и на грчка граница.
Ова се важи за патничко моторно возило кое што не е основно средство за вршење на работа на фирмата.
Доколку се вози товарно возило или возило кое што е основно средство за вршење на работа на фирмата, тогаш може да бараат и патен налог и мора да се има и таков при управување на возилото.
Патен налог за патничко моторно возило на кое што не се враќа народ не е потребно. Кој вози такво и полицијата го замара, може комотно да праша во Министерство за транспорт и врски, транспортен инспекторат и ќе го добие истиот одговор. Доколку ви се заканат со казна може слободно да им кажете да ја пишат.
StoleM:
--- Цитат: Sase_91 на 02 Август 2023, 21:43:19 pm ---Полномошно може да се издаде на секој, го пишува фирматана обичен меморандум и во глобала не го бараат. Мене до сега ми го побарале вкупно 2-3 пати во 15 години и 500ккм возење. Веројатно за малтретирање е.
Полномошно за возење во странство може да се издаде на било кој и не е потребно ополномоштениот да е вработен во фирмата. Потребно е овластување од фирмата за издавање на полномошно, напишано на меморандум заверено со штембил и печат или тековна па со ЛК управителот или сопственикот да ополномошни било кој. Во правното лице кај што се вади полномошното(станица за технички преглед) ќе ви побараат полномошното, кружен печат и пасош од ополномоштениот. Порано ова го бараа само на косовска граница обавезно, мн ретко на српска и никогаш на грчка, ама од годинава е сменето па до сега 2 пати ми побарале и на грчка граница.
Ова се важи за патничко моторно возило кое што не е основно средство за вршење на работа на фирмата.
Доколку се вози товарно возило или возило кое што е основно средство за вршење на работа на фирмата, тогаш може да бараат и патен налог и мора да се има и таков при управување на возилото.
Патен налог за патничко моторно возило на кое што не се враќа народ не е потребно. Кој вози такво и полицијата го замара, може комотно да праша во Министерство за транспорт и врски, транспортен инспекторат и ќе го добие истиот одговор. Доколку ви се заканат со казна може слободно да им кажете да ја пишат.
--- Крај на цитатот ---
Благодарам за исцрпниот одговор, воедно и на сите останати кои што одговорија на моето прашање.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија