Автомобили > Генерално за Автомобилите

Полномошно за управување возило на фирма

<< < (3/4) > >>

Kostur:

--- Цитат: Sase_91 на 02 Август 2023, 21:43:19 pm ---Полномошно може да се издаде на секој, го пишува фирматана обичен меморандум и во глобала не го бараат. Мене до сега ми го побарале вкупно 2-3 пати во 15 години и 500ккм возење. Веројатно за малтретирање е.
Полномошно за возење во странство може да се издаде на било кој и не е потребно ополномоштениот да е вработен во фирмата. Потребно е овластување од фирмата за издавање на полномошно, напишано на меморандум заверено со штембил и печат или тековна па со ЛК управителот или сопственикот да ополномошни било кој. Во правното лице кај што се вади полномошното(станица за технички преглед) ќе ви побараат полномошното, кружен печат и пасош од ополномоштениот. Порано ова го бараа само на косовска граница обавезно, мн ретко на српска и никогаш на грчка, ама од годинава е сменето па до сега 2 пати ми побарале и на грчка граница.

Ова се важи за патничко моторно возило кое што не е основно средство за вршење на работа на фирмата.

Доколку се вози товарно возило или возило кое што е основно средство за вршење на работа на фирмата, тогаш може да бараат и патен налог и мора да се има и таков при управување на возилото.

Патен налог за патничко моторно возило на кое што не се враќа народ не е потребно. Кој вози такво и полицијата го замара, може комотно да праша во Министерство за транспорт и врски, транспортен инспекторат и ќе го добие истиот одговор. Доколку ви се заканат со казна може слободно да им кажете да ја пишат.

--- Крај на цитатот ---

Што се мисли во болдираниот дел?

t0m1cA:
На кое што не се враќа данок се мисли.

Carpathian Lord:
Исто како на лизинг. Имам полномошно. Неколку пати до сега џандари што ме застанале, не ги интересирало полномошното и тоа ги прашував дали треба, само ми одмануваа со главата.

t0m1cA:
Во МК не ти треба никакво полномошно за управување на туѓо моторно возило кога е патничко.
Кога е товарно потребен ти е патен налог, истиот е и полномошно.

AUUU:

--- Цитат: Carpathian Lord на 04 Април 2025, 15:14:17 pm ---Исто како на лизинг. Имам полномошно. Неколку пати до сега џандари што ме застанале, не ги интересирало полномошното и тоа ги прашував дали треба, само ми одмануваа со главата.

--- Крај на цитатот ---

Технички возилото на лизинг е на име на фирма, ако ти напишат казна за не знам затемнети стакла без а-тест, немање на зимски гуми и сл.,  дали следува и казна за управителот на правното лице и за шефот на возен парк?

:)

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија