CARclub.mk ФОРУМ > Возила на Членови
Kia Sportage 1.6 T-GDI First Edition - 2022
			Carpathian Lord:
			
			Полициски записник?! Зошто? Европски е сосема доволно. 
		
			@ILE@:
			
			
--- Цитат: Carpathian Lord на 15 Ноември 2023, 10:00:59 am ---Полициски записник?! Зошто? Европски е сосема доволно. 
--- Крај на цитатот ---
Зошто типот немаша никакви документи со себе (возачка, лична карта, сообраќајна) нити пак некој од тие кои се возеја со него. Дополнително испадна дека имал забрана за управување со ПМВ. Поради тоа не беа исполнети условите за европски. Не дека не сакав да направиме и да си заминам и средиме за брзо, ама немав таква среќа. 
		
			vladic3110:
			
			Е сеа ова како ќе оди за оштета пошо ете тој немал ништо, исто како аран за дрва сечење да те манал.
Не беше некако дека ти со твоето осигурање го покриваш другиот и тој тебе со неговото ? За записникот не треба да плати некој сеа ? Оти дојдоа а двете возила се во возна состојба?
Sent from my iPhone using Tapatalk
		
			@ILE@:
			
			
--- Цитат: vladic3110 на 15 Ноември 2023, 10:21:00 am ---Е сеа ова како ќе оди за оштета пошо ете тој немал ништо, исто како аран за дрва сечење да те манал.
Не беше некако дека ти со твоето осигурање го покриваш другиот и тој тебе со неговото ? За записникот не треба да плати некој сеа ? Оти дојдоа а двете возила се во возна состојба?
Sent from my iPhone using Tapatalk
--- Крај на цитатот ---
Вака оди целата ситуација. 
Бидејќи не беа исполнети условите за европски, јас а покасно и другиот се јавивме во полиција да дојде увидна и да се направи записник. Колата што ме удри имаше активна полиса за АО, меѓутоа сообраќајната не беше во возилото. 
Јас со записникот од полиција и претходно направена проценка во Киа и во неговата осигурителна, поднесувам барање за обештетување на основ на штетен настан и во тој случај треба да добијам обештетување од осигурителната компанија каде што е осигурано возилото. 
Јас немам никакви трошоци, освен за барањето за записник. За записникот не плаќа никој бидејќи не биле исполнети условите за европски. Да беа исполнети условите и плус да викневме полиција за увид, во тој случај тој што пријавил да дојде полиција треба да плати зошто дошле од увидна. 
		
			MAPJAH:
			
			Кажи ми уље троши ли? Ме интересира затоа што и јас купив Спортаж. Исто така дали од кога колата “се разработи” потрошувачката се намали.
Sent from my iPhone using Tapatalk
		
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија