CARclub.mk ФОРУМ > Возила на Членови
Kia Sportage 1.6 T-GDI First Edition - 2022
			@ILE@:
			
			
--- Цитат: MAPJAH на 15 Ноември 2023, 12:25:48 pm ---Кажи ми уље троши ли? Ме интересира затоа што и јас купив Спортаж. Исто така дали од кога колата “се разработи” потрошувачката се намали.
Sent from my iPhone using Tapatalk
--- Крај на цитатот ---
Реално немав забележано дали троши уље или не. Еднаш или два пати ако имам проверено ниво на уље. А и реално бидејќи е нова кола одев со претпоставката дека нема да има мака барем неколку години. 
Како и да е, со претходниот Спортаж произведен 2014 година, сличен мотор на овој имав мака со потрошувачка на уље, и според Киа сервисот тоа било очекувано за тој мотор. 
Ќе видиме понатаму како ќе се однесува, реално јас имам поминато само 6600 км до сега така да рано е да оценувам. Исто така, од други луѓе, познаници и пријатели што го имаат истиов Спортаж, до сега немам чуено дека имале мака со потрошувачка на уље.
Околу потрошувачката на бензин, реално нема разлика од првиот ден до сега. На отворено со нормално возење троши од 5-6 л, за градска од 9-10 л, безразлика зима или лето. Сметај кај тебе автоматскиот менувач ќе зголеми потрошувачка за половина литро плус. 
		
			nestor04:
			
			Да не навлегувам офтопик многу, само едно прашање.
Колку ти трошеше Спортажот масло на 10.000км и кој мотор го носеше?
		
			@ILE@:
			
			
--- Цитат: nestor04 на 15 Ноември 2023, 12:45:57 pm ---Да не навлегувам офтопик многу, само едно прашање.
Колку ти трошеше Спортажот масло на 10.000км и кој мотор го носеше?
--- Крај на цитатот ---
Во принцип на некои 5000 км, трошеше околу 1 литар уље. Ова збориме за стариот Спортаж што го имав, произведен 2014 год, со 1.6 GDI мотор. 
		
			zeroSignal:
			
			Јас не би бил изненаден ако аутоматикот троши нијанса помалку од мануелниот менувач. Ептен се штелувани аутоматиците кон заштеда на гориво.
		
			@ILE@:
			
			
--- Цитат: zeroSignal на 15 Ноември 2023, 13:02:23 pm ---Јас не би бил изненаден ако аутоматикот троши нијанса помалку од мануелниот менувач. Ептен се штелувани аутоматиците кон заштеда на гориво.
--- Крај на цитатот ---
Според брошурата на Киа, стои дека автоматик троши малце повеќе. 
		
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија