CARclub.mk ФОРУМ > Возила на Членови

Kia Sportage 1.6 T-GDI First Edition - 2022

<< < (16/25) > >>

Filip MK:
Патосниците разлика небо и земја.

Carpathian Lord:

--- Цитат: [member=356]ile[/member]@ на 04 Август 2023, 13:35:38 pm ---
П.С заборавив да напоменам дека во рок од 2 недели во март при стоење во место на семафор, два пати ме удреа/допреа во задниот спојлер под браникот без некоја позначителна штета.


--- Крај на цитатот ---


Затоа не ми се вози низ Скопје. Буквално секое излегување некој гледам учукан од назад на семафор некаде.

Мене не ми е јасно што прават кога возат. Кај гледаат.

Deni:
Во телефонот.

@ILE@:

--- Цитат: Carpathian Lord на 07 Август 2023, 09:34:26 am ---
--- Цитат: [member=356]ile[/member]@ на 04 Август 2023, 13:35:38 pm ---
П.С заборавив да напоменам дека во рок од 2 недели во март при стоење во место на семафор, два пати ме удреа/допреа во задниот спојлер под браникот без некоја позначителна штета.


--- Крај на цитатот ---


Затоа не ми се вози низ Скопје. Буквално секое излегување некој гледам учукан од назад на семафор некаде.

Мене не ми е јасно што прават кога возат. Кај гледаат.

--- Крај на цитатот ---

Првиот беше залетан и едвај закочи а и беше пивнат. Вториот јадеше сендвич и возеше и наводно му лизнала ногата од кумплуг додека кочел позади мене и сеуште му била во брзина колата.
Како и да е, во двете ситуации јас си стоев во место на семафор а овие позади мене не одржуваа доволно растојание. Од тогаш па наваму секое застанување на семафор ми е со доза на резерва и секогаш гледам позади мене дали има залетани. 

@ILE@:
Мал апдејт за сите работи кои се случија периодов.

Минатата недела бевме на прв редовен сервис кој вклучуваше уље (0W20), филтер за уље, филтер полен, работна рака и софтверски апдејт. Сервисот беше направен во Киа на 6466 км и задоволството кошташе 10052 денари.

                                     

Сега за сега без некои поголеми забелешки, возилото се користи скоро секој ден, градинка, низ град, отворено и слично. Годинава во неколку наврати се возеше надвор од МК на подолги релации и морам да признаам дека на отворен пат навистина се однесува како друго возило, воопшто не замара, удобно, мала потрошувачка од некои 5.5 л/100, доволно моќно за фамилијарно возило.

Дополнително, минатата недела беа заменети летните Michelin Primacy 4 гуми со зимските Continental WinterContact TS870. Со летните имав поминато 5046 км и морам да кажам дека како и за зимските сум презадоволен од тоа како се однесуваат на пат при разни услови, а и од тоа дека не се бучни. Промената е направена во Мотоцентар каде што и ги чувам гумите. Се на се, тоа задоволство ме чинеше 3200 денари, од кои 1800 за менување и балансирање на гумите, а 1400 за сезонско чување.

Last but not least, конечно после 8 месеци добив полициски записник за настанот кога во март ме удреа од позади додека чекав на семафор. Следно е да видам со осигурителна како да се обештети и санира штетата на задниот спојлер под браникот.

Нареден месец следува регистрација и каско и ќе видиме како ќе се одвиваат тие работи и колку ќе ме чини се. 

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија