Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 312079 пати)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #480 на: 09 Јуни 2014, 10:36:02 am »
по некоја логика за да биде басот краток и прецизен треба да биде голем и со мал од. или грешам?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #481 на: 09 Јуни 2014, 11:36:31 am »
по некоја логика за да биде басот краток и прецизен треба да биде голем и со мал од. или грешам?
Прво треба музичарот таков да го снимил. А потоа треба звучникот да може да го изрепридуцира звукот. Потребен е голем потисок на воздух и соодветна еквилизација за сабвуфер. А и во местата каде што не се проблем финансии често се користат 4-6-8 па и повеќе 18 инчни драјвери во полубескрајна кутија. :) Ама здравје тоа има време. Ние до усб стигнавме едвај. :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #482 на: 09 Јуни 2014, 13:49:58 pm »
За последново, многу зависи од типот на сабвуферот и кутијата во кој е сместен. Некои сабвуфери не може да произведат краток прецизен моќен бас удар.

Не, сите можат, ама читај понатаму. Она што не можат, е да го направат тоа во која било просторија. До просторијата е. Доколку во едно мало делче од спектарот ти се прават стојни бранови (ради рефлексии од паралелни површини), а во друго не, ќе го имаш само ова другото. Тоа другото може да биде подоле во спектарот отколку ова првото и ете ти - каша, бас кој прави буууууум, а „стегнатиот“ и „прецизниот“ дел се само-себе поништил. Такви акустички сценарија има безброј. Многу се типични (бидејќи музиката речиси секогаш го окупира целиот спектар, а не само некој мал дел кој на среќа ќе ти се потрефи да „соработува“ со твојата просторија за слушање.

Еден ист звучник со едно исто појачало, кабли, транспорт, матерјал бла бла во две различни простории ќе звучи дибидус различно.

Вистинското решение за прецизен, стегнат и добро дефиниран бас е акустички добра (третирана) просторија и добро позиционирани звучници. Крај. Просторијата влијае на крајниот звук повеќе од која било друга аудио компонента. Звучниците се на високото второ место.

„Аудиофилското“ „решение“ на овој проблем е просто откажување од длабок бас. Со тоа проблемот не се решава - стојни бранови и каша се создаваат и понатаму, само што се многу тивки и не се слушаат толку многу. Затоа аудиофилите најчесто се мрштат кога ќе чујат јак бас, демек не требало така да се слуша, не-знам-ти-што. Точно, не треба, во акустички несоодветни простории во какви што најчесто слушаат.

Поентата:

Тој што е вистински заинтересиран за добар звук прво и основно ќе инвестира во просторијата за слушање. Друго све е мање-више. Просторијата е најкритичната компонента. После се звучниците, на второ место.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #483 на: 09 Јуни 2014, 14:56:53 pm »
@Filipv, не се разбирам многу во аудио глупостиве, ама еве од овие 10 дизајни, во твојата дневна соба кој дизајн би го употребил за убав, стегнат прецизен и моќен бас? И зошто баш тој дизајн, ако може да образложиш...

http://www.danmarx.org/audioinnovation/theories.html

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #484 на: 09 Јуни 2014, 15:33:38 pm »

Аууу Симо, па ова е тешко прашање и за Нелсон Пас...  ;)
(али во секој случај живо ме интересира одговорот)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #485 на: 09 Јуни 2014, 17:57:45 pm »
@Filipv, не се разбирам многу во аудио глупостиве, ама еве од овие 10 дизајни, во твојата дневна соба кој дизајн би го употребил за убав, стегнат прецизен и моќен бас? И зошто баш тој дизајн, ако може да образложиш...

http://www.danmarx.org/audioinnovation/theories.html
Строго инфинит бафл, како што напоменав и претходно.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #486 на: 09 Јуни 2014, 21:18:32 pm »
@Filipv, не се разбирам многу во аудио глупостиве, ама еве од овие 10 дизајни, во твојата дневна соба кој дизајн би го употребил за убав, стегнат прецизен и моќен бас? И зошто баш тој дизајн, ако може да образложиш...

http://www.danmarx.org/audioinnovation/theories.html

Чекај да ја истријам кристалната топка па ќе ти кажам.

Толку многу фактори влијаат на тоа кој звучник е погоден за која просторија што без пробување е речиси невозможно да се каже. А тука е и позиционирањето. Еден звучник на една позиција ќе звучи подобро од истиот тој звучник во друга позиција. Варијабли има безброј. Само пробување на лице место ќе го даде правиот одговор.

Лично, не сум голем љубител на бас-рефлекс кутии. Бас-рефлексот ги засилува басовите, но не сите фреквенции подеднакво. Некогаш таа „нееднаквост“ ќе се погоди со собата, но некогаш не. Ако треба на „невидено“ да кажам кој звучник треба да се користи, мојот глас секогаш ќе оди на прости компресиони звучни кутии и драјвери со голема мембрана и ватажа. Тоа ми е некако safe bet. Таквиот звучник е - јасно - помалку ефикасен од бас-рефлексот, но затоа е големата ватажа - да компензира за неефикасноста. Бас рефлекс е добар кога ефикасноста е битна - басот да „буфта“ што е можно повеќе. Но, во „клиничко“ сценарио, кога звукот треба да биде што по верен на оригиналот (наспроти што по „убав“) - не. Сите звучници кои низ годиниве прошетале низ моето студио и кои имале бас-рефлекс отвори - отворите сум им ги затнал. Подобро да изгубам енергија на предвидлив начин, отколку да добијам на непредвидлив.

Кога веќе праша за мојата дневна соба: „референтното“ катче за слушање музика не ми е дневната соба туку моето студио. Таму ѕидовите се делумно истретирани, да соберам пари ќе ги средам и ќошињата. Во дневната соба имам најобичен стерео + сабвуфер систем.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #487 на: 09 Јуни 2014, 21:35:27 pm »
Јас немам рефернтна соба и катче, имам дневна соба како и 99% од луѓево тука, па ме интересираше што да изберам за tight (b)ass... Сепак имало разлика од звучник до звучник, не било се` до собата...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #488 на: 09 Јуни 2014, 21:37:49 pm »
Јас немам рефернтна соба и катче, имам дневна соба како и 99% од луѓево тука, па ме интересираше што да изберам за tight (b)ass... Сепак имало разлика од звучник до звучник, не било се` до собата...

Сигурно дека има разлика од звучник до звучник, таман работа.

Не реков дека е се до собата, туку дека е најмногу до собата - третман на собата ќе поголема разлика отколку менување на звучникот (во разумни рамки на слични звучници и соба). Нема ваљда со и со тебе да ја утаначувам разликата меѓу „само до X е“ и „најмногу до X е“ да му се невиди... Читај горе, пишува „прво и основно собата“, а не „единствено собата“. Немој да ме љутиш сеа пред спиење жифти све.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #489 на: 09 Јуни 2014, 21:48:59 pm »
Ти мене ме љутиш, не ја тебе. :)
Ако изберам :
A. EBS - 4th Order Large Vented Enclosure with Low Tuning
наместо
B. Sealed - 2nd Order Acoustic Suspension

Нема таа референтна соба која ќе каже „изборот B произведува помек, развлечен и туп бас наспрема изборот A“.

Собата не можам лесно да ја сменам, woofer-ot далеку полесно.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #490 на: 09 Јуни 2014, 22:06:39 pm »
Се согласувам дека е полесно да се смени звучникот од собата, но тоа не го менува фактот дека собата е критичниот момент.

Често пати ја користам аналогијата со колата, патот и удобноста на возењето:

На лош пат со дупки возењето во мерцедес ќе биде по неудобно отколку возењето со југо на супермазен аутобан. Во југото ќе има помалку вибрации нишање итн. отколку во мечката.

Се разбира, мерцедесот може да се замени со ролс-ројс и возењето по лошиот пат ќе стане малку поудобно, но југото на мазниот аутобан и понатаму ќе лизга подобро.

Па така, изборот на колата е и тоа како важен за конечната удобност при возењето, но квалитетот на патот ја „шие“ колата во важноста.

Конечно, основен акустички третман на собата и не е толку тежок да се изведе. Само ќошињата на собата да се средат - нема да ти се верува колку басот ќе добие на „стегнатост“ и дефиниција. Ако ги затнеш ќошињата, разликата во крајниот звук ќе биде поголема отколку ако звучниците наместо вакви ги смениш со онакви.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #491 на: 09 Јуни 2014, 22:08:42 pm »
Ти мене ме љутиш, не ја тебе. :)
Ако изберам :
EBS - 4th Order Large Vented Enclosure with Low Tuning
наместо
Sealed - 2nd Order Acoustic Suspension

Нема таа референтна соба која ќе каже „изборот B произведува помек, развлечен и туп бас наспрема изборот A“.

Собата не можам лесно да ја сменам, woofer-ot далеку полесно.


Едниот ќе произведува многу, многу посилен бас пред се. За да се произведе бас, треба да го има на траката. А ако го има значи треба да се прозиведе. Басот секогаш можеш да го намалиш со DSP но многу потешко да го засилиш. Проблемот со компресиона кутија е што треба многу поголема сила за да се произведе моќен низок бас, а with great power comes great electricity bill. Од друга страна самиот звучник ќе има различни димензии.

Да појасниме. Со само бас рефлекс кутија која е соодветно тјунирана за звучникот ќе успееш да произведеш 100дб бас на 20Хз и 100W како што предвиделе во студиото. Со слична компресиона кутија ќе ти треба звучник со многу поголем од или многу поголем дијаметар, а истовремено и со помрсна намотка која ќе треба да ја издржи 5 пати поголемата моќност од 500W. Грубо. Понатаму заради падот на компресионата кутија кон ниските тонови мора да имаш DSP за да ги среди тоновите во гласност. Да. Да така ТРЕБА. Но тоа е многу скапо. Многу - многу поскапо отколку бас рефлекс кутија. Ете место DSP може да се направи LT коло и да се средат некои работи за поефтино, но сепак драјверот и засилувачот ќе се многу поскапи од првично. Таа дупка (цефка) е беспари звучник.

Треба малку да се изостави класичното размислување ако сакаш добар сабвуфер. Неможе 2.1 систем од 500-1000 еур да произведе баран звук. Сабвуферот во најголем дел случаи мора да се изработи конкретно за собата, односно конкретно за звучниците со кои ќе работи. Тоа е комплетен сетап. И за разлика од она кое сме навикнати сабвуферот да е една коцкица помала од звучниците - тоа не е така во реалноста. Сабвуферот е огромна работа, која треба да се планира да се гради заедно со куќата. Конкретно за да се добие она кое го сакав јас во мојот нов стан имав многу интересен и минималистички план од 2.1 сетап со сабвуфер. Со околу 50-80W засилувач за звучниците и најмалку 400W за сабвуферот. Со извесно коло кое треба да го среди сабвуферот ќе се добиеше баран звук од 20Hz со рамна карактеристика до горе во кутија од 60 литри. Но тоа кошта време и пари. Пред се време, зошто се треба да се направи рачно, а бараниот звучник да се бара по интернет и да се увезува од некаде. Комплицирано до тој степен што е оставено за здравје понатаму кога ќе се има време. Ако сакаш тоа да го купиш како готов продукт, прво и основно нема да може, а тоа што може ќе е длабок компромис на значително полоши перформанси (но подобар и многу поскап излгед) и секако доста повисока цена (околу 3 пати).
Можев да го решам со бас рефлекс кутија од 300 литри и 5 пати помала цена (15 пати помала од купечки). Но, кутијата ќе беше 300 литри.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #492 на: 11 Јуни 2014, 21:06:22 pm »
Сакате да читате за Ethernet кабел од 8500 евра од бастионот на псевдонауката "What HiFi"?

(Да се обрне внимание на употребениот речник)

http://wathifi.tumblr.com/

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #493 на: 11 Јуни 2014, 21:20:23 pm »
Сакате да читате за Ethernet кабел од 8500 евра од бастионот на псевдонауката "What HiFi"?

(Да се обрне внимание на употребениот речник)

http://wathifi.tumblr.com/

Да те поправам.. 6900 фунти не се 8500 еур

По денешен курс се 8565.53 еур.

За разликата што ја занемаруваш од 65 еур се купуваат одлични 6 усб кабли од 0.5 метар

http://www.loging.mk/459/188796/0/ShowProduct/USB_kabel


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #494 на: 20 Јуни 2014, 16:34:40 pm »