Полош и посвадбарски звучник од Кервин Вега не постои..
Ужас....
Басот ке те однесе, хорната ке ти го изгори осетот за висок и ке те ошамути...
Јамо како звучници не се нешто у несвес да паднеш...Во поголем дел се срање, имаше некој модели што звучеа пристојно, но кога би требало сега да зимам ново сигурно не би биле Јамо...Од виферите за да те утепаат дефинитивно ДА...ЈАМО се одлични....
Кој би бил мојот избор вака глобално, односно генерално гледано...
Ресивер Јамаха...
Звучки, бидејќи се работи за сараунд, би идел со комбинација на неколку, но се разбира ке мора да се слушнат како ке звучат во просторот...За ова секогаш биле фер момците од Аудио Центар и никогаш не ми направиле проблем...
Во комбинација би влегле следниве марки: Tanoy, Mission, KEF,.... B&W и JBL исто така, но незнам...Некако ми го издеформираа звукот...Поготово JBL-ите...По онаа серија LX JBL како да не се повеќе тие...Звукот им е некако препластичен, нема мекост, нема топлина, делува ладно....B&W се па како спротивни на нив...Знаат да утепаат со басот...Високите им се прецизни и отсечни, но како што реков...За даден простор знаат многу различно да се понашаат...Поготово оние 604-ките кои ги дадов...
Центарот е многу специфичен звучник и си бара посебно внимание...Најчесто треба да е најиздефиниран со средните тонови, бидејќи во најголем дел го пренесува звукот на говорот...
Задните се за ефекти, така да на нив би обрнал најмало внимание...Не дека се за подценување, сепак ако имаш лош заден звучник ке ги пропуштиш ефектите, но сепак може да поминат и некој од пониска класа...
За класичен ДВД плеер кој би се користел и како ЦД плеер дефинитивно од оваа комерцијална класа би одбрал Панасоник, или некој Маранц МК2
или некој со потпис на Кени ....
Ако се уште има нешто такво
)
Ова зборам за комерцијала и сосема солиден звук...Инаку далеку од тоа дека нема екстремно поквалитетни звучки и опрема...Но за цената сепак би можело да се изгради солиден домашен театар со овие брендови кои ги наведов...
Уште една работа...
Многу ми е драго што застапништвото за Пионеер го зема ЗАЈКО електроника, бидејќи се нуди и ветува дека може да се порача се што сакаме од програмата на Пионеер...
Како алтернатива, пионир имаат страшно добри сараунд звучки кои се екстремно добри на фаца, добро изработени а перфектно звучат за задни звучки...
Моделот ке го најдам па ке ги прашам дали ке бидат во можност да ги порачаат кога ке дое време за тоа...
Оние од Макпетрол не сакаа да прават порачки на времето незнам од кои причини, па ете, може и затоа го изгубија застапништвото... + ЗАЈКО знае што значи да сакаш звук и опрема, така да верувам дека ке биде максимално заангажиран и од таа гледна точка...