Запали Леонот од трета со кабли сабајлево.
Отиде и Варта-та на вечните ловишта, којзнае од кога стоела во колава. Го проверија пред да го купам новиот, не го биваше.
Купен денес јапонски/британски
YUASA YBX3096 (76Ah, 680A), по цена од 4200 денари (со вратен стар акумулатор) од Ивал Трејд.
Гаранција - 30 месеци.
https://yuasa.com.mk/proizvodi/https://www.facebook.com/yuasa.com.mk/https://www.yuasa.co.uk/batteries/automotive/ybx3000-smf-batteries/ybx3096.htmlОтидов првично со намера да купам Topla Top (72Ah, 720А (го имаа на залиха) или 78Ah со 750А (го немаа)), aма газдата ме премисли.
Како што видов, на форумов има цели 3 (три) мислења каде се спомнува Yuasa како бренд. Ќе видиме како ќе се покаже.
Сега кога ќе споредам - колава пали многу подобро од претходниот, пред да фати студов...
Нешто што забележав е дека преостанатите километри за возење (range) сега ми ги прикажува бааги помалку. Ставив за 1000 денари, покажува преостанати 190km за возење, претходно покажуваше пример 290km за иста количина ставено гориво. Ваљда се ресетираше и ECU-то, како што прочитав по форуми, ќе му треба некое време да ја „научи“ преостаната потрошувачка со стилот на возење.