прееска се симињам од планина, нормално, морам во тетово да влезам и излезам... на влезот од тетово ме дочекува едно сивило и смрдење на чад.. далеку од магла беше, значи чад, како од оџак да дишеш, до толку ми смрдеше што парното од колата го изгасив и затворив внатрешно да го врти воздухот... и сосема случајно во око ми паѓа една ОГРОМНА ЖОЛТА ТАБЛА, 9поголема од оние што се за реклама по скопјево) на која на двојазично беше напишано: ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО ТЕТОВО, НАЈ ЗАГАДЕНИОТ ГРАД ВО ЕВРОПА... си викам, во право се луѓево. стварно е загушливо...
излагам на автопат, мирисот на чад и сивилото го снемува... некаде кај сарај повторно истото сивило и неверојатно силен смрад на чад од оџак... ете ти викам, исти К друго паковање, само ова поголемо. стигнав до дома, влагам, и после некој саати идам во сити мол.. дрн лево дрн десно, ај на кино, излагам надвор, дуфка ветре, ситно дожденце, поглед чист, воздух за дишење има...
што се мене тиче, може да дувка постојано. барем воздух ке дишиме, онака стварно е нехумано... оние па во тетово, ке мора да почнат со гас маски да се шетаат по улица...