Автор Тема: Formula 1 - Season 2019  (Прочитано 121061 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6081
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #345 на: 29 Јули 2019, 09:41:05 am »
Сите што се манаа во последната кривина, АМАТЕРИ, Раиконен му покажа како се вади кола од калта, а и Хамилтон со два инциденти сепак во поени.
Ботас, аматер, така шампион не се станува, Ветел имаше среќа што се исуше па успеа на подиум да се качи, а баш сакав Квјат втор да биди.

Рено колку и да сум за нив, попара се, Хулкенберг секогаш ја посерува кога има шанса да стапни погоре.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #346 на: 29 Јули 2019, 10:21:31 am »
Фетел е најслабиот возач што Ферари го имале во последните 30 години.

Зошто така мислиш?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3203
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #347 на: 29 Јули 2019, 10:36:15 am »
Фетел е најслабиот возач што Ферари го имале во последните 30 години.

Зошто така мислиш?

Бројот на грешки кој што ги прави во последните две сезони е неспоредливо поголем со тоа што го испорачуваа Раиконен, Алонсо, Маса, Ирвин, Шумахер, (Леклер) за Ферари.

Плус Леклер вози далеку по посветно и по агресивно, и има многу поголема желба да извади максимум од возилото.

Ферари секогаш имале technical issues како причина за неуспех, и возачите реално не правеле грешки за да загубат трка, пласман. И да имале возачки грешки, секогаш тоа било во рамките на просекот, што е очекувано.

Фетел прави киксови кои што не соодејствуваат со возачкото место што го има како "примарен" возач во Ферари.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3603
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #348 на: 29 Јули 2019, 10:43:07 am »
@zlatkoa Дали истото го мислиш и за Шумахер во Мерцедес?

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3203
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #349 на: 29 Јули 2019, 10:47:31 am »
@zlatkoa Дали истото го мислиш и за Шумахер во Мерцедес?

Па да, реално перформансот на Шумахер во Мерцедес беше под просек.

Шумахер во Мерцедес имаше поинаква мисија, и мислам дека работите ќе беа многу по различни да не ја акнеше главата у камен за време на скијање.

Истото го мислам и за Ботас во Мерцедес кој што има одлични епизоди годинава, ама е киксер во суштина.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #350 на: 29 Јули 2019, 11:01:52 am »
Па ако немаше толку сејфти карој, а со тоа и неколку позиции ќарени преку бокс со добра реакција + 7 откажани болиди, Фетел тешко дека ќе беше погоре од 12-13 место.

Исто и Верстапен ќе си моташе палци цела трка после таков старт.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #351 на: 30 Јули 2019, 14:24:52 pm »
Бројот на грешки кој што ги прави во последните две сезони е неспоредливо поголем со тоа што го испорачуваа Раиконен, Алонсо, Маса, Ирвин, Шумахер, (Леклер) за Ферари.

Колкав е бројот на грешки што Фетел ги направил во последните две сезони?

Плус Леклер вози далеку по посветно и по агресивно, и има многу поголема желба да извади максимум од возилото.

1. Колку е голема желбата на Фетел во споредба?

2. патем, кој колку добар возач е се мери со постигнатите резултати, а не со големината на желбите

3. На кој начин споредебата на големината на желбите на Леклер го прави Фетел „најслаб возач на Ферари во последните 30 години“?

Фетел прави киксови кои што не соодејствуваат со возачкото место што го има како "примарен" возач во Ферари.

Дали знаеш за некој „примарен“ возач во кој било тим кој никогаш не направил „несоодветна“ грешка?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #352 на: 31 Јули 2019, 08:47:27 am »
Додека го чекаме одговорот на Златко, да ја погледнеме табелата „кој колку поени освоил у животов“

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43386
  • Il Moderatore
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #353 на: 31 Јули 2019, 09:46:34 am »
Долго време поените се делеа до 10 макс за прво место и добиваа првите 8 ми се чини (10 првиот, 8 вториот, 6,5,4,3,2 и 1 редоследно до осмопласираниот). Треба табелава да се „рекалкулира“ за старите возачи, спрема денешниот начин на бодување. Доколку не се направи тоа, тогаш табелава дава погрешна претстава за тоа кој колку е добар.
Упс, сега гледам дека е прилагодена спрема бодниот систем од 2019. Се извинувам :(

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #354 на: 31 Јули 2019, 10:47:13 am »
Ако се суди според бодовите, Фетел не само што не е „најслабиот возач во Ферари во последните 30 години“, туку после Шумахер најјакиот возач во ферари во последните 30 години.

(ЕДИТ лично ме изненади пласманот на Кими на оваа листа. Мислам, сите знаеме дека е ебано добар, но очекував сепак да биде под Алонсо или Прост во вкупно освоени бодови.)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3203
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #355 на: 31 Јули 2019, 11:35:06 am »
Ако се суди според бодовите, Фетел не само што не е „најслабиот возач во Ферари во последните 30 години“, туку после Шумахер најјакиот возач во ферари во последните 30 години.

(ЕДИТ лично ме изненади пласманот на Кими на оваа листа. Мислам, сите знаеме дека е ебано добар, но очекував сепак да биде под Алонсо или Прост во вкупно освоени бодови.)

Ако се суди според титулите, Фетел има НУЛА титули со Ферари.

Може различни поенти да извлечеш од статистиката само зависи како ја анализираш и што анализираш.

Раиконен има повеќе титули од Фетел освоено со Ферари. Гледано според бројки, тој е подобар.

Или не ги анализирам бројките точно?

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3603
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #356 на: 31 Јули 2019, 11:58:00 am »
@zlatkoa Дали истото го мислиш и за Шумахер во Мерцедес?

Па да, реално перформансот на Шумахер во Мерцедес беше под просек.

Шумахер во Мерцедес имаше поинаква мисија, и мислам дека работите ќе беа многу по различни да не ја акнеше главата у камен за време на скијање.

Истото го мислам и за Ботас во Мерцедес кој што има одлични епизоди годинава, ама е киксер во суштина.

Tacno, MSC imase razlicna misija! Ama ne veruvam deka ne mu udrirase adrenalinot i deka zelbata za trkanje mu isceznala samo zatoa sto on bese tamu za razvoj na bolidot... Znaci, najdobriot vozac vo eden mizeren bolid e total fail. Daniel vo redbull so Weber bese na vrvot.. glej go u reno... tikva sarena nigde go nema...

Da zboris za performansi na sofer vo F1 e mnogu neblagodarna rabota.

F1 odavna ne e performansi na sofer, tuku matematika i biznis...

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #357 на: 31 Јули 2019, 12:06:58 pm »
Ако се суди според титулите, Фетел има НУЛА титули со Ферари.

Може различни поенти да извлечеш од статистиката само зависи како ја анализираш и што анализираш.

Раиконен има повеќе титули од Фетел освоено со Ферари. Гледано според бројки, тој е подобар.

Или не ги анализирам бројките точно?

Да, не е скроз бесмислено успехот, наместо според поени, да го оценуваш според бројот на освоени титули во арбитрарно одбран тим. Иако, таквата класификација е проблематична, затоа што има возачи кои немаат голем број титули, па сепак се сметаат за едни од најдобрите воопшто. Како на пример Сена.

Но, дури и така гледано Фетел не е „најслабиот возач на Ферари во последниве 30 години“. Таа бројка ти беше извадена од гс :-) како сакаш сврти го. Многу возачи минале низ Ферари во последниве 30 години, и мнозинството ем не освоиле титула за Ферари, ем направиле помалку бодови од Фетел, ем ни во други тимови не освоиле титула. На пример, Мика Сало. Тој возел во Ферари во последниве 30 години. И тој ли е појак возач од Фетел? Примери има многу.

Можеше просто да кажеш „не ми се допаѓа фетел“. Ќе беше ем пократко, ем поточно. Тоа со триесетте години ич не ти требаше.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3203
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #358 на: 31 Јули 2019, 13:04:53 pm »

Не ми се допаѓа Фетел.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10890
  • 430i
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #359 на: 31 Јули 2019, 13:05:46 pm »
треба слична табела како онаа погоре да направат, која кај би бил доколку би се доделувале бодови на тренинг сесиите (само тренинзите, без трките)
Ферари веќе ќе имаше обезбедено титула