Честитки
@balanar Мое лично искуство
- Пред 12 години купив стан без паркинг во Скопје.
- Зградата има отворен приватен паркинг во Скопје каде не е проблем и секој ден има паркинг место, т.е. да посочам дека немам проблем со наоѓање паркинг место и секогаш имам паркинг позади зграда.
Ден денес сметам дека не купувањето на паркинг место е една од најголемите грешки кој ги имам направено во животот и најдобро намерно би те советувал да си го купиш паркинг местото.
Како прво директно ми влијае на купувањето на кола. Пример, не можам да земам хибрид или некоја кола со батерија, многу побрзо ќе отиде батеријата.
Немам опција за електрично возило.
Многу почесто ја перам колата од другарите кој имаат гаражи. Колку и да ја перам колата, пак многу по често е гадна.
Летно време жешка, одам со резерва маица за да се пресоблечам на паркингот на крајната дестинација.
Зимно време губам време да ја загреам. Пример, утрово буквално багажникот беше замрзнат и не можев да го отворам за да ги земам кебињата на детето да го покријам додека го носам во градинка.
Пролет Есен кога е тој сахарскиот дожд треба секој ден да ја переш колата.
Секоја година кога има невреме со дожд јас се простувам од колата. Верувај ми, не ми е сеедно.
Паркови и зеленило во Скопје не реагираат. Секој посилен ветер може да падне гранка или цело дрво врз кола.
Буквално на паркинзиве околу мене изминативе 12 години видов барем 3 коли на кој им паднаа гранки, и ни паднаа барем, 4 дрва, онака цели.
Ако ја паркирам пред зградата, некој денови цигари наоѓам на шофершајбна.
Пред некое време мачка играше оро секоја вечер на хауба, не можев да ја манам да не ми спие на мојата кола.
Сето ова мене ме нервира и директнио ми влијае на секојдневниот живот.
Верувај, кога врне, има голема разлика дали бебето ке го ставиш во количка дома, ке се качиш во кола, ке отидеш до трговски или каде и да е, и да излезеш сув.
Јас морам да го облечам во палто дома, па да го соблечам во кола кога ке се згрее.
Колку и да пазиш, и тие 50 метра кој ке ги прошета, ке ги направи патиките лом и ке ти ги искашка седиштата. Ај седиштата, некогаш и облеката, оти децата не седат мирни во кола.
Нареден стан кажав, предуслов 2ро wc и паркинг место. Без тоа не го ни гледам станот.
Надворешниот изглед на колата да не го коментирам. Гумите на вратите и остало се многу по зачувани кај гаражирана кола.
Цревата во моторот траат подолго.
Колку и да кошта гаражно место, земи го. Станот можеш да го опремиш со време.
Јас бев на иста мака на времето, и се одлучив да земам поефтина бела техника и мебел, и како поминува време си ги заменувам со нови.
Со среќа.