Ај да пробаме сите да дадеме одговор на следниве прашања, пред психолошки да се релаксираме околу некои предрасуди:
1. Дали 1.0 турбо бензин е подобар мотор од 1.4 атмосферец?
Веројатно, турбо си е турбо.
2. Дали би купиле 2.0 ТДИ за да имаш резерва на сила кога ќе престигнуваш на Плетвар, а во останатите 95% би ја возеле колата во град?
ДА. Затоа што колата за тоа ми треба, ако ми е за низ град, ќе си земам веспа и ке си брчам. плус, и 2.0 ТДИ ќе ми заврши работа во град. Секој со своите потреби нели... Не фрлам пари за градско возило, ми треба за да отпатувам некаде. горници удолници секакви услови.
3. Дали би купиле 1.0 ТСИ за да ја возиш 95% низ град и да ти биде таман, ама кога ќе идеш на Плетвар ќе вратиш во трета и ќе ја газиш за да претицаш, (што не е некој мачен маневар)?
3. Дали би купиле 1.4 атмо за да ја возиш 95% низ град и да ти биде таман, ама кога ќе идеш на Плетвар ќе вратиш во трета и ќе ја газиш за да претицаш (многу мачно)?
Што помоќно тоа подобро. Ако може да не враќам во пониска да претицам, најдобро.
Поентата ми е што Плетвар, Халкидики, Маврово и угорницата кај Јован Бигорски се совладува еднократно, и не е пресудно за нешто да чини или не чини.
За кого како. За мене може да биде deal braker
Пак ќе кажам, секој со своите потреби и желби...
Предрасуди се решаваат со проба. Пробајте, товарете возете. Потоа донесете заклучоци.
Се согласувам со ова целосно