Автор Тема: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016  (Прочитано 60620 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #150 на: 14 Април 2020, 16:09:48 pm »
Ако падне снег, Simo - Carrier159 ќе биде виновен, он мењаше зимски гуми во Неделата ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #151 на: 14 Април 2020, 16:24:24 pm »
Ако падне снег, Simo - Carrier159 ќе биде виновен, он мењаше зимски гуми во Неделата ;D

Среќа само на едната кола, затоа не врне снег ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #152 на: 08 Мај 2020, 09:13:39 am »
Релаксирана градска вожња во Коронски услови со искачувања по угорници низ Пржино.



Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #153 на: 08 Мај 2020, 09:16:05 am »
Кога возиш ти бе?! У часови на карантин?! Јас штом излезам од дома (секојдневно), гужва ме фаќа по градов.
Башка, партизанскана не се вози, на „црвен бран“ ја имаат подесено.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #154 на: 08 Мај 2020, 09:23:51 am »
Наутро околу 8, преку Пржино, Црниче, Водно.
Враќање по 14, и измеѓу неколку возења до Мида, Кореа, Лептокарија, Веро Џамбо :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #155 на: 08 Мај 2020, 22:39:01 pm »
😁😛


Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #156 на: 26 Мај 2020, 12:00:58 pm »
Бидна и 5та регистрација.

2158 патишта (шалтер мвр)
3398 автоодговорност
2504 технички
  990 членство амсм

9050 вкупно

Зелениот картон ќе почека :)

Немаше никаква гужва и сė се заврши на брзинка.
Додека потпишував на шалтер на мвр, ми текна да погледнам во параметрите од техничкиот. Телефонот во кола па не можев да сликнам.

Средна вредност на издувни гасови 0.22, што и да значи тоа.

Заборавив да свртам некое кругче да се загрее малку моторот :)
Покрај 7те километри до работа на денешните 12 степени, не верувам дека постигнал работна температура за неколкуте километри од работа до АМСМ.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #157 на: 15 Јуни 2020, 11:43:05 am »
Редовен сервис на 37.017 км

1.127 филтер за воздух
   830 филтер за масло
1.195 филтер за гориво
   979 филтер за полен
   142 дихтунг сензор за вода
5.616 масло шел ултра ап-л 5w30
1.440 работна рака

12.129 вкупно

Оваа година (пролет) километражата мизерна :'(

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #158 на: 15 Јуни 2020, 11:46:31 am »
Скупо оваа,у овластен некој?

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #159 на: 15 Јуни 2020, 12:01:08 pm »
Во овластен, Кореа аутотрејд.

Понудата од Мида беше нешто поевтина, ама срам ми беше, како после ќе се перчам ;D
Имено, филтрите беа поскапи, но маслото многу поевтино? и имаше мали компликации со понудата. Можеби дека сеуште не се уходани.
« Последно менување: 15 Јуни 2020, 12:09:12 pm Mikius »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #160 на: 15 Јуни 2020, 12:55:14 pm »
Баш па маслото мене ми стои прескапо.

А не дека и филтрите не се... Ама, добро, овластен...

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #161 на: 15 Јуни 2020, 13:32:48 pm »
Наздравје сервис. Колку литри масло собира моторов?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #162 на: 15 Јуни 2020, 13:53:37 pm »
Мислам околу 5,3 литри масло, фактурирано 6 литри.

Што се однесува до цената за маслото, слична имам видено и на интернет (кој да конвертира Фунти, Долари) :) станува збор за литарски пакувања.

На страницата на Аутофилтер го нема конкретново масло за да споредам цена. Понатаму ме мрзеше да пребарувам :)

Во Мида понудата беше за 5 литри масло и прилично поевтина цена за литар, но филтрите беа поскапи, плус ми беа некако несигурни бидејки првичната понуда им беше со Магнатек (Кастрол) без конкретна спецификација за потоа да сменат со Шел.

На крај се одлучив за Кореа иако беа нешто поскапи.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #163 на: 16 Јуни 2020, 22:33:33 pm »
Мида мислам дека уште се слабо уходани со Хјундаи, посебно во одржување.

Јас ако се случи да не ја продадам колава здравје годинава во Кореа ќе ја однесам на сервис и така до крај на 2020 се валиден сервис. Следната ќе видиме..

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #164 на: 16 Јуни 2020, 22:56:33 pm »
Ми се допаѓа сервисирањето во Кореа што си стојат на збор.
Ми закажаа во 9:30, рекоа за 1 час дека ќе биде готова колата.
Испив едно кафе, си направив муабет со еден дечко од Куманово кому му сервисираа Кона, во 10:25 го завршија сервисирањето.

Со Меганот ќе ми закажеа во одредено време и ќе ми кажеа да се вратам по 4 часа, ни по толку време не беше готова. Потоа си ги фатив Виталеда за сервис.