Општо > Автомобилски и Мото-Спортови
Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
Stratro:
Кој возеше ЛЕТ мотор, во што беше убутан и како се покажа?
Carpathian Lord:
Екрем знам имаше Corsa C со C20LET. Таа белата.
После мислам S2 Audi возеше.
Igor:
--- Цитат: Stratro на 24 Октомври 2017, 14:55:10 pm ---Кој возеше ЛЕТ мотор, во што беше убутан и како се покажа?
--- Крај на цитатот ---
Немаше оваа трка никој со LET мотор, само C20XE во неколку возила и добро се покажаа (генерално),
на Југо корсата одлично се движи со тој мотор, исто и кај Давид во астрата (мада тој е малку посебен ;D ).
Околу професионалноста на возачите. Не знам што се подразбира под тоа, дека возеле F1, камион или?
Многу погрешни мислења за луѓе кои не ги познавате.
Алекса со фокусот има златна кацига во картинг во Србија, и доста титули во автомобилски трки,
Урош Бркиќ (дечкото што излета) е исто добар млад српски возач,
Џенинкс со црвеното југо вози трки цел живот, југовци, ЕВО, Клио и што уште не, на кружни, брдски и рели трки.
Тота, Мики, Пуци се одлични наши млади момци со кои имам возено картинг и се навистина талентирани,
е сега можностите кај нас за жал се такви да возат југо, ама ги сакаат трките и возат, што многу го почитувам.
Од сите нив само Екрем е нов во приказнава, што доста несериозно ја има започнато, али се надевам дека ако сака да продолжи со тркиве ќе се внесе посериозно.
Имајте во предвид дека оваа трка не е организирана од страна на Автомобилската Федерација на Македонија
(која практично не постои, освен за дрпање пари), туку ја организираат клубовите кој имаат желба за трки,
а се избришани од членството во федерацијата. Според правилник на ФИА за кружни (градски) натпревари,
мора да има Џерси блокови кои служат како заштита, и многу ми е жал што немањето на финансии се одразува
на безбедноста за што и бевме сведоци. Најголемата трагедија ќе беше да не ја погодеше бандерата при излетувањето,
во тој случај ќе беше масакр во кафичот кој што со цел памет беше ОТВОРЕН за време на трка, на неколку метри од патеката.
Инаку инцидентите се составен дел од моторспортот, но наместо да се плука (што е природно за нас како народ)
треба да се извлече поука и да се работи на подобрување на безбедноста, нешто што ФИА го прави активно последниве години. Да започнеме од нас како гледачи (да ги почитуваме местата за гледање), а организаторите да си работат на нивните подобрувања, бидејќи од плукање никој не видел ништо добро.
Малку се занесов, ама накратко тоа е.
Zile:
Не, воопшто не се занесе, баш си во право!!
Sent from my MI 4S using Tapatalk
S16-HGT:
--- Цитат: Igor на 24 Октомври 2017, 19:21:50 pm ---C20XE кај Давид во астрата (мада тој е малку посебен ;D ).
--- Крај на цитатот ---
Малку повеќе посебен, 94-95 чичко Панче, бог да го прости, плати 100.000 марки на Barbolini во Италија за да му ја подготват на Ики.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија