Општо > Автомобилски и Мото-Спортови
Кружна Трка Скопје КОНАЧНО !
			Carpathian Lord:
			
			Токму тоа. 
Башка случајно ја гледав на YouTube снимката од трка во 1998 година. Три-четири коли видов повторно на тркава 2017 ;D
		
			darko mk5:
			
			Ja gleav vcera onboard snimkata na ekrem...cekajte drugari... vozi bez rakavici, mafta na sekoja krivina, pp aparatot mu se aktivirase , mobilen megju noze...trka? tehnicki priem na vozila? seriozno? 
		
			velkov:
			
			Мое видување за Скопје Круг 2017
Браво за конечно мрднување на работите и организирање на нешто за тоа браво, но не може да се организира исто како во 1998. 
Може во 1998 со фичо и југо и c20 xe/let како најака класа (не дека оваа година беше различно) е ок да имаш банкина како за протест пред влада, но во денешно време се согласувам со АФМ дека МОРА да има прописна банкина. 
Не може кај судска палата дечкото од обезбедување да те држи во строј позади банкина и лентата (замисли лента за заштита), а кај саем обезбедувањето да е на тротоар. 
Спроти паркингот кај саем кај старта бензинска каде се паркираше голфот и плавата астра имаше редар кој стоеше исто на тротоар без знаменца или било што, а дечкото без навреда беше над 130/140кг така да чисто сумјам дека беше доволно брз за да избеа ако Екрем (со најака кола ако може да се каже а според снимките се гледа неговата способност) направеше глупост тамо како што се деси пред записничката маса. 
Редарите не беа спремни и немаа знаменца спремни веднаш да реагираат туку мавтаа со раце, пример кога жолтата астра застана спроти паркингот кај саем редарот трчеше од напред да покаже жолто знаме каде на неговата позиција требаше тој да мафта зелено а пред него тој со жолто. 
Не знам и не сум сигурен како е процедурата сега но мислам дека организаторот си ја сноси одговорноста за случката што се деси и ќе треба да одговара за тоа без разлика што тој е настраданиот во овој момент. 
Пак ќе кажам браво што мрднаа работите али се покажа дека од 1998ма напреднавме во 2000та со audi a4 b5 што било паркирано до РС4 па му позајмило моторот. 
ПС: нека му каже некој на Екрем дека кватро во кривина се вози во брзина со лева нога на кочница а десна на гас.
		
			Carpathian Lord:
			
			
--- Цитат: darko mk5 на 24 Октомври 2017, 12:30:11 pm ---Ja gleav vcera onboard snimkata na ekrem...cekajte drugari... vozi bez rakavici, mafta na sekoja krivina, pp aparatot mu se aktivirase , mobilen megju noze...trka? tehnicki priem na vozila? seriozno? 
--- Крај на цитатот ---
Шо мислиш во другите коли што се случуваше?
Како прво, повеќе од пола сигурно не се исправни како шо треба.
Како второ убаво кажаа, ова е ентузијастичка трка. Нема никакви професионални возачи овде.
Не знам што очекувате и од организаторот.
Како прво, „патеката“ не е како што треба, а па да не правиме муабет за други посериозни теми. 
На Екрем шалтаблата му леташе по цела кола, боцата (додуше врзана ;D) шетаа по цела кола, мафка на гледачите, кочи 200 метра пред шиканата оти нема кочници (а кој дал технички за да учествува?!), ...на оној му блокира тркало па го собра организаторот.
Што ви кажува тоа?
Џабе дебатираме и солиме памет.
Факт е дека сите што учествуваа се лоши возачи (со еден или двајца исклучоци), организацијата е лоша, условите катастрофа. 
Убаво е да има вакви случувања, не велам не, ама си бара голема организација, што повлекува сериозни пари.
		
			Banzai:
			
			Екрем вака пред неколку години мафташе и на Серес и излета на кратко, затоа е легенда човекот ;D
		
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија