Инвеститорите продаваат што продаваат во градба (читај уште темели неископани), и си враќаат инвестиција. Тоа што останува од станови - може да ги тинтра да стојат непродадени и да си диктира цена. Тука нему му е чистата пара, профитот.
Мене ми држи вода зошто прво теоретски го слушнав ова, па после и практично:
Кај двајца инвеститори отидов лично да зборам, и двајцата ме брзаа да уплатам по цена од 1100 евра квадрат (на кружниот во Порта Влае и кај стадионот во Ѓорче) - ќе немало станови, продале 6 во последна недела, шио ми га Ѓура. Кога ете - истите станови, спратови и квадратури што „се продадоа“ од кај едниот инвеститор излагаат на оглас на Реклама5 по 2 и пол месеци по цена од 1250 евра квадрат, купување директно од инвеститор.
Кај другиот инвеститор кај стадионот во Ѓорче, уште си излага по некое станче од тие што ми ги нудеа мене на Реклама5 преку агенција, исто купување од инвеститор.