Автор Тема: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci  (Прочитано 5251 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Пред една година - можеби и повеќе - на едно карклуб пиво дискутиравме на темата дали моторите од ист произведувач и со иста кубикажа, а различна коњажа, се разликуваат по нешто друго освен тип на турбо, интеркулер, мапа итн, или, можеби, постојат суптилни разлики и во самиот мотор (глава, блок итн...). Повод за муабетот беше ремапирањето/чипувањето, т.е. добивање повеќе коњи со измени во електрониката.

Тогаш ветив дека ќе истражам како стојат стварите кај 1.5 дци, бидејќи го има од 60-и-нешто до сто-и-кусир коња. Ги занемаруваме очигледните разлики како присуство-отсуство-и-тип на турбо, интеркулер, итн. Не интересира дали „јадрото“ на моторот (глава, блок, клипови, клипњачи и радилица) е истото кај сите или не е.

Кај 1.5 дци не е.

Имено, моторите ДО 100 коња се механички идентични. Но, тие од 100 коња па нагоре се разликуваат во составот на легурите од која се изработени клипњачите и радилицата. Иако по изглед се идентични, имаат поинакви механички својства (по јаки се). Клиповите исто така се од појака легура, но имаат и минимални измени во дизајнот - се работи за милиметарски разлики кои на око може и да не се приметат, но се тука.

На мое изненадување, блокот е и понатаму истиот, иако лично очекував токму блокот да биде со различна смеса од метали и јаглерод и зајакнат. Но, блокот кај реноовиот 1.5 дци е изгледа доволно јак за сто-и-кусур коња каков што си е.

Некои извори тврдат и дека најјаките 1.5 дци мотори имаат и различна брегаста осовина, но околу тоа нема консензус. Некои викаат истата е.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Значи 1.5 dci јок чипување над 100 коња а? Нема да издржи.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Нешто слично е и со 1.6 TDI моторите на VW - според неколку различни тјунери, сите варијанти на конкретниот мотор можат да се ремапираат на ~130 коњски сили.

Моторот се нуди со 90, 105, 110 и 120 коња, со некои ситни измени. Според она што го кажуваат тјунерите, сите 1.6 TDI во Голф 6 и 7 можат да се ремапираат на иста коњажа.

Скоро сум убеден дека блокот, главата и важните oily bits се исти.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Значи 1.5 dci јок чипување над 100 коња а? Нема да издржи.

Ако добро разбрав - не над 80 коња. (Следниот фабрички „скок“ е 105 коња, ама не знаеме каде е прагот, тоа само инженерите во рено го знаат).

Скоро сум убеден дека блокот, главата и важните oily bits се исти.

И, повторно, можеби се по дизајн, форма и димензии идентични до милимикрон (како кај дци минус клипови), ама точниот состав на легурата да не е скроз ист?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Не сум успеал да најдам таква информација. Мислам дека нема ни да успеам.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Се врти муабет дека 2.2 моторите во Giulia од 136, 150 и 180 кс се идентични. Идентични! Разлика само во софтверот.
Од друга страна 1.8 TBi, што се вградува во 159 со 200кс во Giulia QV со 235 и Giulia и 4C со 245кс се прилично различни, почнувајќи од алуминиумскиот блок кај 245кс варијантата, за разлика од претходните челични, па преку различните клипови (различна висина), па до различното турбо.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Како и да е, муабетот „од фабрика све е исто само софтверот е различенм - од бизнис модел причини“ во случајот на 1.5 дци не важи. Секоја од различните коњажи значи еден куп разлики во моторот неповрзани со софтвер и мапа. Дури и моторите од 105 и 110 коња (само 5 макс коња разлика) имаат покрај разлики во софтверот и разлики во хардверот: различно турбо и цела низа други ситници.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Интересно е тоа со легурите, мада морам да бидам искрен и да кажам дека не ја разбирам баш поентата.

Како и да е, механички разлики секако дека има - мора да има.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Интересно е тоа со легурите, мада морам да бидам искрен и да кажам дека не ја разбирам баш поентата.

Кај дизелите бар е многу лесно теоретски да се разбере. Вртежите им се интристично и за навек ограничени на некаде под 5к рпм (толку макс врти и поло сди и ле ман ауди тди), единствен начин да се добие поголема коњажа е зголемување на момент на радилица (њм). Не постои други ни теоретски ни практичен начин за повеќе коња од дизел. мора поголем момент.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Во ред, тоа е океј и разбирливо.

Ама зашто да користат една легура за едни мотори, друга легура за други - и тоа за мотори со толку мала разлика. Логистиката да се имплементира тоа сигурно кошта повеќе од заштедата што би се добила од различниот состав.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3820
Одг: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci
« Одговори #10 на: 22 Август 2016, 19:42:03 pm »
Кај Минатиот мазда 6 2.2 дизелот го имаше во 3 верзии на сила на тест во некое хрватско ауто списание и баш таму се зборуваше на истава тема. За да бидат сигурни, репортерите отидоа во Мазда сервисот и споредуваа броеви на деловите, разговори со сервисерите и фабриката и заклучокот беше дека сите 2.2 Дизели на Мазда 6 (Zoom Zoom) се скроз исти и дека единствената разлика е само во софтверот.
Верувам дека е така и во новата 3ка 1.5 SkyActive моторот зошто моторите од 105 и 120кс се со скроз иста крива до одредени вртежи и потоа едниот има права крива на силата додека другиот се качува за уте 15кс.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci
« Одговори #11 на: 22 Август 2016, 19:43:05 pm »
Во ред, тоа е океј и разбирливо.

Ама зашто да користат една легура за едни мотори, друга легура за други - и тоа за мотори со толку мала разлика. Логистиката да се имплементира тоа сигурно кошта повеќе од заштедата што би се добила од различниот состав.
Може одредиле два производни прпоцеси, еден за мотори до 100кс, и друг за мотори над 100кс.... Едните прилично поефтини, другите поскапи....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci
« Одговори #12 на: 22 Август 2016, 19:51:16 pm »
1.9CDTI - 100 коња што го имам во Зафирата и 1.9CDTI - 120 коња ...се потполно иститите мотори.

Иста турбина Garrett 767835, ист блок исто се. Се работи за софтверско детјунирање (претпоставувам некоја законска регулатива до 100КС мотори).

Потребно е само едноставна промена на мапа и то е то.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci
« Одговори #13 на: 22 Август 2016, 20:13:23 pm »
Тоа со регулативите е релативно честа појава. Некои производители дури прават специфични верзии од колите за специфични пазари ако пазарот е доволно голем.

Своевремено, Subaru во Грција нудеше Impreza 1.5 Turbo, мање-више направена за грчкиот пазар. Ако добро се сеќавам, стигаа обични 1.5 импрези со атмо боксер, локално им штрафеа турбини и ги продаваа. Другар од Солун има таква, фабрички мииислам дека имаше 115-120 коња. Со ремап, top-mounted intercooler (фабрички доаѓаа со FMIC, глупост на импреза со 200 метра непотребен пајпинг) и сменет блоу-оф се стигаше до стабилни и reliable 200 коња.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Разлики меѓу „исти“ мотори со различна коњажа: 1.5 dci
« Одговори #14 на: 22 Август 2016, 21:28:33 pm »
Уф тоа е сериозна работа. Дупло повеќе сила да извадиш од истиот мотор би го довел до лимит.
Тоа во овластен сервис клавале турбо или некои тјунерчиња?