извини вака што ке те прашам, но под избивање на свекица, сакаш да кажеш дека излага надвор? ако е да, тогаш морам и ова да те прашам: ама како побогу ИЗБИВАЊЕ НА СВЕКИЦА е проблем со плински уред? насловов ти е тотално безвезе и комплетно грешен... плус наслов за проблем со плински уред на форумов веќе го има барем 5 пати...
да пробам да ти помогнам, барем информативно околу проблемот со избивање на свекицата... значи нов забец навој треба да се пререже на главата од моторот за да не го прави тоа понатаму... имаш 3 начини како да го направи тоа:
1.да ти ја пререже само таа дупка, и автоматски ке користиш 1 свекица со поголем навој, што е релативно глупо, бидејки ке биде со друг коефициент и карактеристики од останатите 3.
2.да ја прво избруси таа дупка, па да нареже поголем навој, па да се изработи пиксна која ке се заштрафи и заблокира на главата, и ке го добиеш оригиналниот навој за таа свекица.
3. да ти ги пререже сите дупки од свекиците за да ти бидат сите 4 исти...
бирај ти кое ти е прифатливо, за тебе... мој совет е втората верзија, јас така би направил, за да си ги задрѓам оригиналните карактерситики на пропишаните свекици.