Автор Тема: Храна  (Прочитано 1106248 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Храна
« Одговори #855 на: 24 Април 2012, 09:51:53 am »
Пробав хамбургер од Жу Жу, вкусно и масивно. Одма тера на спиење ;D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Храна
« Одговори #856 на: 24 Април 2012, 10:11:08 am »
Тера те да мислиш на нешчо поубаво.

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Храна
« Одговори #857 на: 24 Април 2012, 22:40:02 pm »
Тера на још. ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Храна
« Одговори #858 на: 24 Април 2012, 22:42:46 pm »
Пробав хамбургер од Жу Жу, вкусно и масивно. Одма тера на спиење ;D
Тазе биле глувчињата инаку ќе те протераше.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Храна
« Одговори #859 на: 25 Април 2012, 01:12:16 am »
burekot vo deni 2003 go podobrile malce , burekdzilnicata vo olimpiko,preeska jadev so meso podobar mi se cini

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Храна
« Одговори #860 на: 25 Април 2012, 02:35:03 am »
Па таму во бурекот со месо ставаа кило кромид на кило месо.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Храна
« Одговори #861 на: 25 Април 2012, 19:40:59 pm »
Па таму во бурекот со месо ставаа кило кромид на кило месо.

pa da de,edno vreme bese mnogu dobar pa pocnaa burek so kromid
a vcera mi tekna da probam i mi bese vkusno :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Храна
« Одговори #862 на: 25 Април 2012, 20:15:55 pm »
1КГ месо (со сомнителен квалитет), 6КГ кромид, и неколку КГ соја е рецептот за мастрафот за добар бурек со месо! Пријатен доручек! ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Храна
« Одговори #863 на: 25 Април 2012, 20:35:41 pm »
Затоа ја за доручек јадам симитче ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Храна
« Одговори #864 на: 25 Април 2012, 21:28:49 pm »
Денес за прв пат бев во Винарија Тиквеш и сум пријатно изненаден од самото место, технологијата и уредувањето.

На капија добредојде ни посака домаќинот на куќата, а потоа не прошета низ винаријата, ни ја раскажа нејзината историја и ни ја претстави нивната технологија.

Во оваа стара зграда се вари добро познатата ж'та, а сварената најпрво се собира во канистрите зад зградата па пред да се носи да лежи во дабови буриња:

Потоа ни беше обајснет процесот на правење на вината во груби рамки, и се упативме кон просториите каде ферментира виното во овие мали буренца од по 15.000 литри кои имаат вградени системи за регулирање на температурата:

Патот не водеше во визбата 10m под земја:

Каде всушност лежат вината по ферментација:

Патем, скршнавме и кон архивата на Тиквеш, каде се собрани сите видови на квалитетни вина од добри берби произведени од 1956-та па наваму. Штета што сликав со телефон, а беше многу темно за на фотките да може да се види целата архива. Во простор од 100-тина квадрати имаше рафтови високи по 4 метра наредени со вина.

На крај од прошетката, секако, направивме една добра дегустација на одлични вина со одлична закуска:

Пиевме Барово Ркацители, Барово Мускат Отонел, Вранец Лимитед Едишн, Шардоне Лимитед Едишн, Бела Вода и Александрија Куве црвено. Сите вина беа инзвонредни, но најмаркантни без конкуренција беа Барово Ркацители, Барово Мускат Отонел и Бела Вода.
Но не беа само вината кои ги пиевме одлични, храната беше перфектно добро спремена и превкусна. Секоја чест на готвачот/готвачите, мислам дека благодарение на храната која ни ја зготви (почнувајќи од салати, риби, печурки, бифтеци, па се до десерт) дека го мултиплицираше уживањето, а вината ги вкусивме многу попрефинето и поинтензинво.

Ако некогаш не знаете што да правите за викенд, моја најтопла препорака е да си ја/го земете партнерката/партнерот и да ја посетите винаријата. Секако, можете да појдете и со одбрана екипа, но така може да ви биде потешка разделбата со винаријата. :D
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Храна
« Одговори #865 на: 25 Април 2012, 21:54:27 pm »
Прекрасно и интересно! Мора да се посети! Одлично гОЈДО! Мислам одлично што ми ги отвори очите за вакво убаво место.  Не си ја знаеме државава и што е убаво у неа, а само знаеме да јадеме  го*на понекад како не ни чинело.. (ова за мене си зборам, самокритички. Не рипајте одма) :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17454
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Храна
« Одговори #866 на: 25 Април 2012, 23:37:27 pm »
гОЈДО, ако не е тајна, колку чини ваквото задоволство? Турнејата околу винаријата се плаќа дополнително? Обожавам вино, би сакал да се запознаам со процесот на производство и да пробам нешто директно од „библиотеката“.

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Храна
« Одговори #867 на: 26 Април 2012, 00:06:24 am »
Затоа ја за доручек јадам симитче ;D
Си видел симит каков е коа го вадат од печка?плива во зејтин,и кога ќе го стави во лепчето упива.
Ама убо е ;D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Храна
« Одговори #868 на: 26 Април 2012, 02:12:00 am »
Супер Гојдо што си поминал убаво во Тиквеш.
Се знае една и единствена е Тиквеш, најстарата и најдобрата винарија во Македонија.

Иначе за сите да знаете, ако сакате ваква посета како Гојдо што поминал, треба претходна најава. Иначе ако одите таму на приватна режија можите само врата да баците.

Гојдо, дали ти кажаа Ркацители од каде потекнува лозата?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Храна
« Одговори #869 на: 26 Април 2012, 06:42:12 am »
Благодарам на дополнение Осумка. Најава мора да напрвите, телефон за контакт има на официјалната страна.

За сите видови вино кои ги пиевме, следеше објаснување со кракта историја и карактеристики. Ркацители како сорта е донесена од Русија по Втора Светска Војна, и требало да се произведува за рускиот пазар, но тоа не успеало, па виното почнало да се нуди кај нас. По вкус има добра жичка кон мускатните вина (ала Темјаника) и овошни ароми. Препорачано да се конзумира со комбинирани салати (лисја + сиренце/мевце), риба, бело месо, секакви видови на суви сирења и кашкавали. Не оди во комбинација со храна зачинета со кари. Се пие на температура од 10'C.

Што се однесува до цената на ова задоволство, не сум најсигурен бидејќи јас не платив. Колку што сватив има разни програми за дегустирање, а ние ја одбравме таа најобемната, со мали модификации на изборот на вина. Мислам дека чинеше по 2500-3000 денари по човек, но другите програми се поефтини, а може и самите да си аранжирате. Во секој случај, вината беа по пазарна цена како во продавница.
Ум шо идит отпосле не јет ум!