Автор Тема: Замена на масло во моторот (туторијал)  (Прочитано 179332 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Замена на масло во моторот (туторијал)
« на: 12 Септември 2011, 10:33:33 am »
Пошто стана некако монотоно на форумов, а и еден куп препуцавања, драпање мадиња и колци, решив да раздрмам малку со теми кои треба да бидат предмет на форумов...
Инаку одамна ми се сликиве, ама се нема време за да се напише и среди нешто.

Имено станува збор за замена на масло во моторот, комплет со се филтер :)
За да го направите ова ви треба малку знаење, алат, гаража, канал, се разбира масло и филтер :)
Некој ке рече дека за 100 денари не сака да се прља, но не е се за 100-те денари...Кога имам слободно време сакам да се релаксирам работејќи нешто на аутото, а и некако сум си посигурен во она што можам сам да го направам, одколку што може било кој да ми го направи...
Маслото се менува според некој критериуми кои се декларирани од страна на производителот на маслото, односно од типот на маслото, или пак на некој си временски изминат рок.. Тоа е индивидуално, односно нпостојат различни мислења, но за нив не сакам да дискутирам во моментот.  ;D
Значи како што реков потребни се неколку предуслови. Еден од нив е овој:



Значи гаража со функционален канал и нормално една кантичка за испуштање на уљето, кое подоцна не смее да се одложи во некоја шахта него треба соодветно да се складира и фрли во место определено за отпадоци од ваков тип...



Нормално потребно е да се има и претходно спремено количество на масло во зависност од тоа колку собира вашето возило...Моето собира нешто повеќе од 3л со се замена на филтер...Притоа кога менувам масло и филтер за масло, менувам и филтер за воздух, па така да и тоа ке биде опфатено во случајов.
Инаку си користам масло ARECA 10W-40 од француско производство, задоволен сум од него и веќе подолго време го користам, филтер Purflux, a филтерот за воздух е стандарден односно Filtron купен за моето возило (PEUGEOT 306 1.6).
Алатот кој ке се користи е индивидуален, така да нема да го наведувам посебно.



Првично треба да се знае дека моторот треба да биде топол. Обично повозена кола па оставена малку да се собере маслото во картер. Јас најпрво го отварам поклопчето каде што треба да се сипе новото масло, потоа ја подизвадувам шипката за мерење на нивото на масло (означени со црвени стрелки на сликата) и пристапувам кон испуштање на маслото. Претходно ми е спремна и кантичката нормално.



Потоа се симнуваме у канал и го лоцираме штрафот кој служи како штопна за испуштање на маслото:



Во принцип лесно се пронаоѓа. Наредно е пристапување со клуч на истиот и негово одвртување. Во овој случај треба да се внимава да не ви испадне во кантичката со маслото бидејќи ке треба да буричкате за да го извадите, или пак во најлош случај да не потече одеднаш и да ве направи ЈОК :) односно да ве полие со црно масло. Затоа неговото одстранување треба да биде внимателно, а кантата прецизно позиционирана.



Додека маслото фино лепо се цеи во кантата го лоцираме филтерот. Во некој случаеви филтерот е стегнат и запечен, па ке треба да се употреби специјален клуч за негово одвртување. Доколку немаме такво клуче, истото може да се направи и со некаков помошен алат (употребете ја вашата креативност - шмиргла, дупење со штрафцигер, водоводџиска клешта и слично)...



При вадењето на филтерот треба да се внимава да не остане старата гумичка (дихтунг) па при монтажа на новиот да не дојде до дуплирање на гумите...Тоа е најлош случај :) сум имал прилика да видам што глупост се случува кога ке биде заборавен :)) и тоа на сервис...Пола мотор ви е во масло, и + штета од 2 литра масло а и повеќе :)))

Значи новиот филтер го отвараме и гумицата ја премачкуваме - овлаж - со масло за да може убаво да задихтува.



Го монтираме и стегаме филтерот...Обично јас користам шмиргла и раце...Шмиргла за да не се лизга и фино го притегнувам...



Следен чекор е затегнување на штопната...Не смее да се заборави...На мојата има бакарна шајбна која нема потреба да се менува...На некој возила постојат шајбни кои се менуваат со секоја промена на масло.



Внимавајте да не го провртите штрафот со стегање...Имало и такви случаеви, поготово од стручни мајстори ;)

Одкако сме ги завршиле овие работи, проверуваме дали се ни е стегнато и со тоа заклучуваме дека сме спремни и пристапуваме кон сипување на новото масло. На 3 литра запирам и вршам контрола!!!



Нивото на масло не смее да биде над максимум или пак под минимум. Тоа нема да му се допадне прво на вашето возило, а потоа на вашиот џеб  ;D ;D ;D

Јас обично нивото го оставам на средина или 3/4 од дозволеното ниво.
Тоа би изгледало вака:



Нивото е означено со зелена боја...Обично треба да помине малку време, неколку минутки додека маслото да се спушти во картер, па да се изврши прецизно мерење.
За тие неколку минути јас обично го менувам филтерот за воздух...За секое возило менувањето е различно, а во случајов јас ке покажам за което како тоа оди.
На сликата се обечежени жабиците и штрефчето кои треба да се откачат за да се извади капакот од поклопецот на филтерот:



Потоа капакпот се одстранува а потоа и филтерот:



Разликата во бојата на стар и нов филтер е воочлива  ;D ;D ;D



Враќањето на капакот е инверзно од оваа постапка  ;D

По се ова уште еднаш вршиме контрола на нивото на маслото и ако е се во ред, ја палиме колата неколку секунди да поработи, пумпата да го повлече маслото и потоа по некое време вршиме уште една контрола...
Проверуваме дали се е како што треба, да не цури евентуално од штопната или филтерот...Ако е се во ред, спремни сме за уште 10к километри удобно и мирно возење со нашиот миленик.

Е па толку од работата за денес :))
Се надевам дека колку толку ви помогнав со ова објаснување како да си смените масло на колата ..
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Замена на масло во моторот (туторијал)
« Одговори #1 на: 12 Септември 2011, 10:53:47 am »
Браво друже, ова иде стики!

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Замена на масло во моторот (туторијал)
« Одговори #2 на: 12 Септември 2011, 10:59:26 am »
Супер туторијал, значи оваа бакарната подлошка(шајбна) кај пежо немора да се менува со менување на масло? Дека јас па обратно имав слушнато дека мора на секое менување

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Замена на масло во моторот (туторијал)
« Одговори #3 на: 12 Септември 2011, 11:02:37 am »
Знам дека кај Ауди А4 Б8 ја менуваат на секое менување на масло, ваљда превентивно...

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Замена на масло во моторот (туторијал)
« Одговори #4 на: 12 Септември 2011, 11:12:40 am »
Браво сале,одлично туторијалче !
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: Замена на масло во моторот (туторијал)
« Одговори #5 на: 12 Септември 2011, 11:15:28 am »
незнам дали е правилно но еден другар кога мењаше масло во мотор,кога ќе го испуштеше старото масло го стартуваше моторот на кратко(без уље) 2-3 секунди за да го исфрли целото уље што не можело да излезе од деловите на моторот.
и после тоа го ставаше новото.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Замена на масло во моторот (туторијал)
« Одговори #6 на: 12 Септември 2011, 11:54:05 am »
незнам дали е правилно но еден другар кога мењаше масло во мотор,кога ќе го испуштеше старото масло го стартуваше моторот на кратко(без уље) 2-3 секунди за да го исфрли целото уље што не можело да излезе од деловите на моторот.
и после тоа го ставаше новото.

Highly dangerous-НИКАКО

За тие 2-3 секунди без уље,мислам дека може да отидат лагери на радилица!

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Замена на масло во моторот (туторијал)
« Одговори #7 на: 12 Септември 2011, 12:07:38 pm »
незнам дали е правилно но еден другар кога мењаше масло во мотор,кога ќе го испуштеше старото масло го стартуваше моторот на кратко(без уље) 2-3 секунди за да го исфрли целото уље што не можело да излезе од деловите на моторот.
и после тоа го ставаше новото.
Никако тоа...оставиго ти пријателот твој,тоа може да те кошта цела радилица или во најлош случај цел мотор
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Одг: Замена на масло во моторот (туторијал)
« Одговори #8 на: 12 Септември 2011, 12:17:43 pm »
+1

Одлично објаснето.
Браво Сале.
Never drive faster than your Angels can fly.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Замена на масло во моторот (туторијал)
« Одговори #9 на: 12 Септември 2011, 16:07:47 pm »
незнам дали е правилно но еден другар кога мењаше масло во мотор,кога ќе го испуштеше старото масло го стартуваше моторот на кратко(без уље) 2-3 секунди за да го исфрли целото уље што не можело да излезе од деловите на моторот.
и после тоа го ставаше новото.
Никако тоа...оставиго ти пријателот твој,тоа може да те кошта цела радилица или во најлош случај цел мотор
Олабавете се не е толку страшно. Зборуваме за време од 2-3 секунди можеби и 5 и под мала гас а не до даска. Сосем безопасно и препорачливо. Јас тоа стално го правам. Правете го и вие но под мала гас и не подолго од 5 секунди. Проверено безопасно.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Замена на масло во моторот (туторијал)
« Одговори #10 на: 12 Септември 2011, 16:08:10 pm »
Едно прашање до Сале,

Со старото масло што си го испуштил што правиш после ???

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Замена на масло во моторот (туторијал)
« Одговори #11 на: 12 Септември 2011, 16:13:35 pm »
незнам дали е правилно но еден другар кога мењаше масло во мотор,кога ќе го испуштеше старото масло го стартуваше моторот на кратко(без уље) 2-3 секунди за да го исфрли целото уље што не можело да излезе од деловите на моторот.
и после тоа го ставаше новото.
Никако тоа...оставиго ти пријателот твој,тоа може да те кошта цела радилица или во најлош случај цел мотор
Олабавете се не е толку страшно. Зборуваме за време од 2-3 секунди можеби и 5 и под мала гас а не до даска. Сосем безопасно и препорачливо. Јас тоа стално го правам. Правете го и вие но под мала гас и не подолго од 5 секунди. Проверено безопасно.

И тотално безпотребно. Само ќе го истурка маслото од филтерот и ништо друго. Подобро остави ја колата 10-15 минути да се исцеди по природен пат (испи пивце - и онака си го одредил саботното попладне за врткање околу ауто коа сам си мењаш уље). И она што ЕВЕНТУАЛНО би останало е многу малку - што на 4-5 литри масло не може да наштети (да го загади или што ја знам), ем и за тоа постои филтерот за масло кој тукушто си го заменил!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Замена на масло во моторот (туторијал)
« Одговори #12 на: 12 Септември 2011, 16:44:18 pm »
Едно прашање до Сале,

Со старото масло што си го испуштил што правиш после ???

Пола пије...пола Шарцу даје !  ;D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Замена на масло во моторот (туторијал)
« Одговори #13 на: 12 Септември 2011, 17:20:34 pm »
Добро завршена домашна ;) АМА ???
Кај е пивото у целава работа (пред, за, измеѓу или после работа :) ).
Кај е другиот клабер ДА ТИ ГО ПРИДРЖИ кантичето за уље, да ти подаде Гедора или потрошниот материјал :D
Бакарната шајбна зависи дали е торус O-ring или обична шајбна. Ако е торус, се мења со секоја замена на уљето, заради сплескувањето на „месото“, а ако е обична бакарна шајбна, не се мења пошо нема ни шо да се сплеска ;D
Уљето се собира и се носи у било која работилница - едни го земаат ради греење у зима, а други го продаваат или компензираат со нешто друго, важно ние да се ослободиме од него на културен начин :P

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Замена на масло во моторот (туторијал)
« Одговори #14 на: 12 Септември 2011, 17:23:36 pm »
Одличрн туторијал браво за SaleSk.
Патем имам гледано како мењаат масло на лагуна и кога до испуштија старото масло му турија црвена нафта и ја запалија и работеше едно 1-2 мин и божем така се перел моторот. Ја ден денес се прашувам дали такво нешто е правилно. Што мислите вие за тоа?
Поздрав!!!