На темава немам никакво знаење, никогаш не сум користел средства освен шампон од Sonax, K2 и еден шампон со восок што беше доста евтин во Стокомак и според мене најдобро си ја бркаше работата за парите и го користев со апарат за миење под притисок (во Прилеп го викаме шмрк, извинете што не знам како му е стручното име), најпрвин со Karcher, а потоа со Parkside кој за 50тина евра си ја бркаше добро работата. Имам користено од W5 од Lidl tyre shine и тоа беше добро и траеше долго време, сега немам заприметено таква работа. Моментално колата ја перам на самоуслужна перална бидејќи живеам моментално во стан(претходно живеев во куќа и по 6ч. ја чистев колата аматерски само) и ја чистам со микрофибер ракавица за миење на автомобили. После перење ја поминувам со еленска крпа од Сонакс. Користам Ајакс за стакло со микрофибер крпа (мислам дека е од Farmasi и досега е нешто најдобро што го имам користено) и користам K2 Polo средство за кокпит од кое исто така сум задоволен од сјајот и трајноста.
Пред некое време купив некое восоче нонаме евтинко од Лидл.
Дали може да го користам без глинирање бидејќи немам услови, но ни средства за глини и лубриканти?
Исто така може да ми препорачата буџет производи за аматерско чистење на автомобил, поточно за надворешна употреба.
И дали прво да ја поминам колата со вода(без/со притисок) на самоуслужна или прво со пена па со вода?