Дечки вака идат работите. Бојата не се оштетува никако а фала богу ни лакот. Средтвата не се водичка туку специјално дизајнирани 100% еколошки и био разградливи средства кои имаат функција да ја "размрдаат" прљавштината за да може после џентламенот да ја тргне со микрофибер крпа и тоа не било каква туку минимум 260 gsm. Дури и крпите што ги користиме се во три бои и тоа посебни крпи за каросерија, за контролна табла и внатрешност и за стакло. Средството за каросерија содржи и мала доза на восок за заштита на лакот од сите надворешни влијанија (ув зраци, вода, мраз итн) и секако за подобар сјај. Гребење нема никакво бидејќи во неколку фирми кај што работиме има мнооооооогу црни коли и мнооооооогу скапи коли како што се Mercedes ML, AUDI A7, некој си друг мерцедес на Молдавски конзулат (не се разбирам многу во коли), LEXUS, итн. Можете да ги погледнете сите на фотографиите на ФБ страната, TESLA S лани што беше на плоштад, надкоро се надевам дека ќе ја скоцкаме и првата ТЕСЛА во Македонија што се вози од пред 3 дена во Скопје итн. Прашувајте се што ве интересира. Btw, GOOGLE во Сан Франциско ова го користат со години дури и во по напредна форма, доагаш на работаа, паркираш кола во гаража која е на фирмата, оставаш колата отклучена бидејќи има и чувар и видео надзор и ако ти е за перење колата оставаш кренат бришач, доаѓаат дечките, влагаат у гаража и сите коли со кренат бришач ги средуваат, нит луѓе гледаш нит се замараш, си идеш од работа до чиста кола.