Автомобили > Генерално за Автомобилите
Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
FiLo:
Па и реално Драчево по површина е идентично како и некои градови во земјава, пример Радовиш, Струмица, Ресен.
Треба и реално да функционира и како посебна општина и да не спаѓа под град Скопје според местоположбата, еве ако правиме споредба како што е и Илинден.
Mikius:
Географскиот атлас од 1973
Населени места во Југославија:
Буква С
Скопје
Буква Ѓ
Ѓорче петров
FiLo:
Искрено и реално да се збори, доста од овој хаос за Скопје барем за мене сметам дека лежи и во глупата поделба на администрацијата.
Не може да се смета како еден град Скопје, да има градоначалник, совет и потоа понатаму да има исто така посебни општини во тој град, посебни градоначалници.
Па доаѓаме до ситуација оваа улица е надлежност на Град Скопје, онаа на општината и така натаму. Работава мама на тате, тате на мама, дете килаво.
Или ќе функционира како општина Скопје без сите останати општини, или Град Скопје како администрација ќе се укине.
Zile:
--- Цитат: zeroSignal на 05 Јануари 2026, 16:13:31 pm ---
--- Цитат: andrejnaumovski на 05 Јануари 2026, 11:57:51 am ---
--- Цитат: Zile на 05 Јануари 2026, 10:59:16 am ---Они ќе го направат, само колку од нас ќе ги користиме и колку за нив ќе биде исплатливо. Ако се возат по 2-3ца веруј брзо ќе ја укинат линијата.
Еве за мене и за тебе, за да фатиме воз мора да одиме пак со кола до станицата ѓорче. Па јас коа ќе отидам до станица со кола за тоа време ќе стигнам до центар со кола.
--- Крај на цитатот ---
Овој систем треба да е поткрепен со многу добар интерен јавен превоз, односно кога ќе стигнеш со воз до некоја од станиците за многу брзо да имаш трамвај или брз автобус што има посебна лента да те однесе до крајната дестинација.
И друга работа, срамота е што не испланирале линија до аеродром.
--- Крај на цитатот ---
@Zile - Се согласувам, за мене и за тебе ова не одговара. Ама јас не гледам лично дали мене ми одговара, туку општо за градот. Многу би олеснило за многу луѓе, а и трошоците би се намалиле. Секако, треба да се надмине нашата вметната ментална бариера околу користење јавен превоз, ама целиов проект е Добра Работа.
@andrejnaumovski - За некои населби читав дека ќе има редовен и практичен превоз до железничката станица, ако е подалеку од населбата. Мислам дека конкретно беше спомнато Драчево. За низ Скопје... Здравје. :/
--- Крај на цитатот ---
Значи јавен превоз сум користел (сеа поретко поради децата, сеуште се мали) ама кога имам потреба да одам сам до центар, и сега одам со автобус. Супер поврзано ми е, 4ка пред врата ми стои а ме остава на рекорд, одлично, башка не се замарам за паркинг.. Ама лани два пати ми се случи и по 25 минути да чекам автобус за на крај да се вратам по колата. Затоа викам, идејата е убава, ама таа идеја ако не ја доближиш да биде достапна до секој граѓанин тогаш ќе остане само идеја.
Јас верувам дека јавниот превоз да е редовен, среден како што треба дека минимум 30% од возачите ќе ги паркираат автомобилите и ке одат со јавен превоз пред се поради сејф сити.
Mikius:
Не ми е јасно зошто 8 септември сеуште има само една лента за лево на Партизанска, одамна е тука калабалак за лево.
И двата булевари се со по три ленти пред семафорите, нема пречка средната да биде покрај за право да биде и за лево, како кај соборна.
Единствено ќе треба тие на 8септември од крајна лева да НЕ ПРЕОЃААТ на средна на Партизанска, односно да почнат да возат школски.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија