Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 2804876 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20055
Малку му е, требало да му забега колата и да се акнат во дрво, па да завршат со искршени раце и нозе, да му се плукнам во мозокот на таквите недорастени копиљаци.

Го однесов сега кучето на ветеринар ништо сериозно не му е сега за сега.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54757
  • Махер
Џабе тоа, главата за украс служи, им се прегрева мозокот пребрзо и се гаси, како нестабилно клокнат процесор на пц. Се почесто приметувам фаци со воздушно ладење на мозок(подотворена уста) кога се среќаваат дури и со наједноставни мисловни задачи како броење пари, читање, нарачување храна, следење подолг разговор итн итн, да не збориме за значително позахтевни и комплицирани ментално/физички активности како возење.

Затоа масовно се произведува, продава и конзумира катастрофално лош квалитет на техника, коли, аудио, видео, храна, алкохол и остали човечки потребштини.
\
noun: mouthbreather
a stupid person.
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4295456/

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4709
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Ете научно било докажано :D


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2055
За маглава:
Секојдневно возам по автопатот Миладиновци - Штип и обратно. Магла има (веќе нема некој ден) и на двете високи места на автопатот - после патарината накај Средно Коњари и на искачувањето од Средно Коњари накај Св. Николе. Некогаш не се гледаат ни 3 средни ленти една по друга.

Е на вакви услови има ИДИОТИ еден куп кои возат со 130-140. Мене ме фаќа страв дали ќе закочам ако некој има застанато во средна лента, а намалувам до 60-70км/ч. Страшно неписмени идиоти од возачи држи Северџанијава. Да не зборам што не ги исклучуваат задните магленки откако ќе се спуштат веќе на Овче Поле или идиотите од другата страна на автопатот што возат со долги светла.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4709
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Сабајлево на Јане Сандански пред Маратонец/Happy, сребрена Kia Ceed со бајаги здробена предница. Немаше други коли удрено само таа. Претпоставувам дека од уличката кај Ramstore убаво се залетал и не успеал да ја фати кривината према Скопјанка.


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3241
Сабајле околу 9ч на влез кај Агросервис, шерифите што возат како манијаци од Опел ЕТО со Вектрата мавнаа еден пикап, 300м пред тоа ме поминаа од десно со 150+кмч, во лева лента го мавнаа, се преврте и се излизга добри 250м до половина на угорничката за качување на мостот, бесење за јајца!

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6913
Сабајле околу 9ч на влез кај Агросервис, шерифите што возат како манијаци од Опел ЕТО со Вектрата мавнаа еден пикап, 300м пред тоа ме поминаа од десно со 150+кмч, во лева лента го мавнаа, се преврте и се излизга добри 250м до половина на угорничката за качување на мостот, бесење за јајца!


Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6891
  • хаУс мајстор
Сабајле имаше и на ул. Козле пред Реплек некоја дешавка, една кола беше мавната на тротоар, цела улица масло. Таа кривина е доста заебана а не изгледа за таква. ЛажиВера :D

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4709
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10125
Што е ова денес, исчукани коли, блесаво возење.

Возејки до Веро Тафталиџе два пати ми излетаа од споредни улички како они да имаат предност, таму, такси со смачкана предница, на паркингот една ме гледа и вози директно во мене, на излегување еден си застана пред мене (пред рампа), кај св.Јован застанувам да вртам лево бидејки од спротива вртеа десно, тој позади мене со свирење ме заобиколува и продолжува право (за малку ќе собереше кола која од црквата вртеше лево).

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43375
  • Il Moderatore
Прв школски ден. Се вратија скопјаните од родните огништа.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4709
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
На враќање пред железничка пред мене се акнаа мерџан и астра...астрата во лева лента меркот во средна ама проба да сврти лево.


Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8536
  • Пичлеме
Со „астра“ удрил во „голф“, па со секира го демолирал, а на бегање удрил во две жени

Цитат
На 25.01.2020 во Прилеп бил уапсен прилепчанецот Е.М.(23), кој со својот автомобил удрил во друго возило, кое потоа го кршел со секира, па на крајот удрил и во две жени, информираше МВР:

Според Е.А.(19), инцидентот се случил околу 21 часот пред продавница во Прилеп, додека бил во паркиран автомобил „голф 3″ без регистарски ознаки во негова сопственост. Со него во возилото биле С.О. и Е.Т.. Тогаш во „голфот“ удрил автомобил „опел астра” управувано од Е.М., кој потоа и физички ги нападнал тројцата. Тој во еден момент извадил секира и почнал да удира по „голфот“ по што се вратил во својот автомобил. Кога тргнал да си оди удрил во тетката и братучетката на Е.А. по што избегал.

По целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 :-[

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16661
  • Keep it 100
Овие ваквиве треба под казна да ги затворат една година, ама во кафез со лавовите, тигрите, волците или мечките во зоолошка.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1318
Баш го видов кедито но само од позади не знаев шо се дешава, имаше полиција, ме пренасочи по една тесна уличка но пак искочив пред кружниот на последна 24ка. https://ekipa.mk/voziloto-na-bushtur-tselosno-unishteno-udar-so-golema-brzina-vo-betonska-zhardinera-video/