Јас знам што значи да те изненади лоша гума во моменти кога не очекуваш, кога ќе ти избега од контрола во моменти кога очекуваш се да биде како што треба. Ете, можда јас не знам да возам и не секогаш сум концентриран до максимум (некад мењам станица на радио, некад праам муабет со децата у кола, некад дури и телефонот го погледнувам за некое инфо), па од 60 не сум намалил на 55 за да не ми се деси изненаџење, ама веќе не спијам на тоа уво дека може да поминам со кинески саксии на тркалата. Исто како и со летни/зимски гуми. Уште некаде ќе чуеш „аа бе ја цела зима со летни возам, ништо не ми се десило“ или, „цело лето го поминав со зимските, ништо не им фали“.
Еве, и 1000е да дадеш за гуми. Нискобуџетни ќе те коштаат барем 500е (пола). Ќе ги возиш барем 4 години, тоа ти е 250е вс 125е годишно. Заштедата е 125 евра годишно, или нецели 2 резевоари бензин годишно. Греота е да се размислува со оглед на ризиците.
И тоа зборувам за 19-ки. За 16-ка стандардна или за 17-ка, која во премиум кошта не повеќе од 500-600е за сет, греота е и да се калкулира.