Јас пак се вратив на темава
, пред се едно фала до
@marjanot зошто пред неколку месеци го прашував на темава конркетно за неговиот модел на сони и од тогаш почнав активно да барам телевизор и ме натера повеќе да читам и разберам што е тоа што го барам од телевизор.
Читајќи по форуми и ривјус како што претходно повторив на форумов дека 2020 моделите на сони 9та серија, конркетно xh9096 вади полоша слика од 2 години постариот модел xf9005 пред се поради значително намален HDR brightness а добиваш за возврат само побрз интерфејс и хдми 2.1 поддршка за PS5/XBOX а тоа немам и ако купам во иднина пс5 нема ништо да ми биде ако играм на 60фпс. Дури и ден денес стариот модел го наоѓам по продавници за околу 800 евра додека новиов се продава мааалце поскапо за 850-900 евра. Самото тоа укажува дека новиот е правен само за гејмери ама за гледање филмови и содржини сепак е скалило подолу од стариот телевизор. Се разочарав, па гледав све што може од philips oled, lg oled, samsung q90t итн.
Па така, долго време го меркав појакиот модел xh9505 со Х1 ultimate процесор, дупло повеќе осветлесност за ХДР содржини ама нема ХДМИ 2.1. По сите форуми и тестови на јутуб многу лесно се гледаше разликата во квалитетот помеѓу xh9505 и xh9096 особено кога станува збор за прикажување на црна боја. Морам да напоменам после кога го изгледав ривјуто за xh9096
https://www.youtube.com/user/hdtvtest тогаш пресеков зошто телевизорот повеќе нема smooth gradation option, односно кога гледаш контент со послаб квалитет како кабелска телевизија или јутуб се појавуваат како бранови (на пример гледаш во небо) и транзицијата на сликата не е постепена.
После научив дека вториов има повеќе dimming zones. На крај се двоумев покрај овој и да земам олед од LG, конкретно CX3 моделот. Нормално, овој вади подобра црна слика ама беше поскап некои си 150-200 евра плус незнам што ќе му биде после 4-5 години користење пошто знаеме дека имаат проблем со burn in. Исто така HDR brightness е за 30% помало во споредба со сонито. Ах, ќе заборавев, гледав и самсунг q80t и q90t ама кога разбрав дека нема поддршка за dolby vision ондак и самсунгот испадна од игра.
Така да на крај се решив за XH95 или по нашки xh9505. Пошто имам веќе саундбар 2.1 јбл со сабвуфер и dolby vision поддршка, звукот е нешто неверојатно. На стариот телевизор бев побрзан само со оптички аудио кабел и во споредба звукот со новиов телевизор е како да имам нов саундбар, нешто неверојатно како звучат dolby vision содржини. Буквално како да си во кино, ѕидовите дома ми се тресеа од вибрации кога го гледав вчера spiderman. Секоја чест. Можам да замислам каков би бил звукот да имав 5.1 dolby vision.
Телевизорот е одличен, би му го препорачал на секој кој што е мераклија на неверојатно добар квалитет кога се работи за гледање хдр/dolby vision филмови. Андроидот работи перфектно + има и apple tv.
Неверојатно добра слика, контраст, црните елементи се скоро одлични (да, не е олед сепак), но самата осветленост кога гледаш хдр/dolby vision е со еден збор wow. Како да си внатре во филмот со глумците
, прав доживљај е гледањето филмови на телевизоров во комбинација со соундбар. Се надевам ќе ме служи долго, како што самсунгот ме служеше без проблеми скоро 8 години. И морам на крај да го пофалам даљинското, одлично е и плус има осветлување и навечер нема проблеми за користење.