туку ај да споделам едно мое проектче што се занимавав последниве неколку денови, по малку експериментално иако не ми е прв пат, а и со очекувани резултати бев... значи, од постоечки обичен камин (користен 3 години) за во дневна соба (метален со шамотни цигли во ложиштето) и фурна во горната зона, да се преработи во камин за парно... каминот е на prity.. до сега имав искуство со нив ама како готови камини за парно, од сериско производство, само го наместиш поврзеш кон инсталација и тоа е тоа...
значи вака почна. еве го каминот во оригинален изглед (фурна, ложиште и пепелник):

нормално, моментот на разглобување комплетно, т.е. демонитрани вратички, фиока, и дел од шамотот на фурната:

моментот на растурање и сечење... точно 3 камења за шлајферица од тенките потрошив, и еден искршив, со шлајферицата сечев внатрешно, во фурната значи во дупката с двете раце и еден дел од кај ложиштето. попатно успеав да исечам мали парченца од прстите и еден нокт да го засечам, крвишта на сите страни ама нема везе, ке пројде... на двапати ми скокна шлајферицата.. јбг... 3 саати сечев:


е сега е она нај битното.. идеата ми беше да не го направам со казан туку со бакарни цевки. од 2 НАЈБИТНИ ПРИЧИНИ:
-бакарот е одличен топлински спроводник
-со мојата пресметана спирала од околу 3 метри цевка ф28, собра околу 3 литри вода, наспроти казанот за него што би собрал околу 29 литри... значи идеата беша да направам камин кој ке функционира нешто како проточен бојлер. сепак, не турив цевки од ѓутуре, туку еден куп коефициенти пресметав, плус пресметана површина и јачина на радијатори, проток и јачина на циркулациона пумпа, па загуби, па разладување итн итн и дојдов до точна снага изразена во киловати, па соодветно на тоа и дебелина и големина на цевки... еве еден дел од склопувањето на спиралата:

одкога беше спиралата годотова, со влезот и излезот (потис и поврат или топла и ладна вода) мораше и соодветно прецизни дупки да се избушат во железото од страна, па го однесов кај оние момцине што прават справи за вежбање. типот има дијамантски круни за бушење на железо и тоа одприлика изгледа вака:


и нормално, спиралата или топлоизменувачот да го вградам во просторот на каминот:


секако одкако ја уцврстив, следеше китењето со останатите елементи. пумпа, маномер, сигурносен вентил, автоматско лонче за воздух, котловска славина... и истите тие одлучив да ги ставам подоле, затоа што таму е шамотот и надворешната површина на лимот тука е нај ладна:

седен чекор беше соодветно дебело железо, да се скрои, да ја затвори дупката, секако со азбестен конец по ивиците, офарбан со високо температурна боја (650 степени):

на крај финалниот епилог и изглед беше овој:

денес местев и радијатори и инсталација и каминот... за другите рабпти друг пат. каминот на место изгледаше вака:



куќата е 100 квадрати, со супер би рекол една од нај добрите изолации. продукт на хот хот. одлуката моја беше за јачината на спиралата и радијаторите. котелот со се сите радијатори загреа до 55 степени за половина час. ке идеше и нагоре, ама човеков одлучи да го бапне оној трупецот голем, нормално огинот згасна, т.е. се намали па се намали и загревањето на радијаторите... поентата ми е дека доколку не беше со таква изолација ке требаше со поголеми радијатори, адекватно на тоа и уште поголем топлински изменувач или спирала, но начелно функционира се како што треба. поентата е дека, претходно убав дел од температурата од огинот си шиба низ оџак. овој топлински изменувач има улога точно таа температура да ја улови и насочи кон радијаторите, т.е. да ја досикористи температурата до крај...