Автор Тема: Turtle Wax headligt restorer kit  (Прочитано 6292 пати)

Отсутен Zvrki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 396
Turtle Wax headligt restorer kit
« на: 15 Јули 2012, 14:12:16 pm »
Како што знаат повеќето фаровите на моето Јаре беа прилично пожолтени, а пластиката беше цела заматена. Иако 100 пати до сега требаше да се однесе да се среди никако тоа да го направев. Случајно го видов Turtle Wax headligt restorer kit и иако не верувам многу во вакви производи што ветуваат чуда со малку труд решив да го пробам.



Во китот има две сретства од кое едното се вика Clarifying compound (што на мене ми личи на некоја полир паста) и Spray lubricant (вањда обична вода со некои додатоци во неа).



Има три шмиргли означени со бројки од 1 до 4 (3 и 4 се заедно на исто перниче) шмирглите се као оние женските сунгерести турпии за нокти.



Има ракавица и Lens Sealing Wipe (најбитната работа во целиот кит)



Еве какви беа фаровите пред да почнам да ги средувам




Прво нормално треба да се заштитат сите површини даде има лак бидејќи се работи со шмиргли



Фаровите треба да се измијат убаво и да се пребришат со чиста сува крпа по што следи нанесувањето на првото средство со помош на памучна крпа Clarifying compound што во голема мерка ја отстранува грубата нечистотија и на крпата остануваа жолти траги.



По ова упатството вика доколку не е постигнат задоволителен резултат се преминува на следната постапка:

Се нанесува од средството Spray lubricant на површината од фарот и на самата шмиргла и се започнува со шмирглата со број 1. Се прават рамномерни движења по хоризонтала или верикала (се обира еден правец). По завршувањето со шмирглата со број 1 се пребришува фарот и се продолжува со шмиргла бр. 2 во обратен правец од движењата кои се правеле со шмиргла бр.1. Па потоа се шмирглите бр.3 и бр.4 за да процесот на крај се заврши со повторно нанесување на Clarifying compound. Целиот процес завршува со нанесување на Lens Sealing Wipe.



Целиов овој процес може и ќе функционира кај помалку оштетени фарови но ко што се надевев не и кај мене. Откога ја направив целата постапка на едниот фар и не бев задоволен од резултатот земав шмиргла 2000 и го поминав фарот па продолжив со она што беше дадено во самиот кит и резултатот беше далеку подобар



Иако ни она што го добив после оваа постапка не беше според очекувањата сепак бев задоволен од она што го добив се додека не ги премачкав фаровите со последното средство  Lens Sealing Wipe што е некаков лак за пластика и недава повторно да пожолтуваат. По премачкувањето со  Lens Sealing Wipe фаровите светнаа.




Lens Sealing Wipe се нанесува со рамномерно движење во една насока и потребно му се 24 часа за да исуши (стварно му треба толку време - проверено). Според мене ова е едино нешто што вреди во целиот кит и за жал има само едно марамче кое можеш да го употребиш само еднаш, додека другите средства ќе ти останат за уште една употреба али без Lens Sealing Wipe непраиш ништо.





« Последно менување: 15 Јули 2012, 15:06:19 pm Zvrki »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: Turtle Wax headligt restorer kit
« Одговори #1 на: 15 Јули 2012, 15:29:19 pm »
Глеам случајно си го видел китов, кај да го видам и јас случајно? ;D И што цена ќе ме кошта освен гледање и мала дружба со истиот?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Turtle Wax headligt restorer kit
« Одговори #2 на: 15 Јули 2012, 15:36:08 pm »
го има во еуростил,цена 550 денари

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: Turtle Wax headligt restorer kit
« Одговори #4 на: 15 Јули 2012, 15:40:32 pm »
Речиси дупло поефтино од машинско полирање, што за мене е доволно добро, ако можам да ги „средам“ фаровите и на стилото и на алфата, а сигурно можам, бидејќи на Зврки еден фар е колку сите заедно на алфата и стилото по површина ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Zvrki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 396
Одг: Turtle Wax headligt restorer kit
« Одговори #5 на: 15 Јули 2012, 15:45:37 pm »
Ете веќе си добил одговор за цената. У еуростил е поевтино бидејки се увозници во Хубо го има али таму е 585 денари.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Turtle Wax headligt restorer kit
« Одговори #6 на: 15 Јули 2012, 15:46:51 pm »
@Simo - Carrier166 Ако одиш накај еуростил да купуваш, прашај дали може да се купи само марамицата бидејки останува уште од средствата...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: Turtle Wax headligt restorer kit
« Одговори #7 на: 15 Јули 2012, 15:55:44 pm »
@Zvrki, BTW, забораиф да ти ја пофалам мајсторијата! Супер заличеле Фарчињава ;)


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Zvrki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 396
Одг: Turtle Wax headligt restorer kit
« Одговори #8 на: 15 Јули 2012, 17:40:01 pm »
Фала друже уште поубаво да ги средиш твоите и нормално ако треба помош стојам на располагање.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Turtle Wax headligt restorer kit
« Одговори #9 на: 15 Јули 2012, 17:46:39 pm »
Одлично сработено...
Али така ви е кога купувате пластични играчки :)
Да си купевте кола, фаровите ке ви беа стаклени и немаше да ви се матат и пожолтуваат :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Re: Turtle Wax headligt restorer kit
« Одговори #10 на: 15 Јули 2012, 17:47:27 pm »
Браво друже,одлично сработено!

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Turtle Wax headligt restorer kit
« Одговори #11 на: 15 Јули 2012, 18:29:10 pm »
Odlicno doslo !

Отсутен Sashe90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 718
Одг: Turtle Wax headligt restorer kit
« Одговори #12 на: 16 Јули 2012, 00:02:16 am »
браво одлично искочило како машински да се полирано искочиле :)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Turtle Wax headligt restorer kit
« Одговори #13 на: 16 Јули 2012, 01:39:16 am »
Како бе во Хубо го има, пред еден месец го утепав барајќи по рафтовите и не го најдов, а знам дека го имаше.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Turtle Wax headligt restorer kit
« Одговори #14 на: 16 Јули 2012, 11:28:24 am »
Сега останува уште да си купиш еден восок и после секое миење на возилото да ги премачкаш фаровите со восокот,тоа е еден вид заштита од повторно пожолтување,марамчето е натопено со поликрабонат high quality,затоа би требало после овој третман да траат долго,самиот спомна дека за да се осуши му треба 24 часа,ај јас како да им го објаснам тоа на муштерииве,кога прво прашуваат за колку време да се вратам?за саат два?и.........одлично си ја завршил домашната задача,овој форум полека почнува да наликува и на големите форуми ширум светот,ме радува фактот што клаберите почнуваат да ги практикуваат советите од поискусните и дека се повеќе и повеќе се посветува внимание на автомобилите со употреба на врвна автокозметика,уште подобро што сето тоа нашите членови почнаа да го документираат со слики и објаснивања,преубав DIY,се надевам дека и останатите членови ќе го следат овој пример на Zvrki .