Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 2207064 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8445 на: 25 Јуни 2014, 15:36:37 pm »
За да биде тестот најмеродавен, некоја Сабота ќе се најдеме кај мене на работа, ќе ги земеме двете идентични твинговци и ќе направиме тест ;)

Бидува?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8446 на: 25 Јуни 2014, 15:47:26 pm »
За да биде тестот најмеродавен, некоја Сабота ќе се најдеме кај мене на работа, ќе ги земеме двете идентични твинговци и ќе направиме тест ;)

Идентични?

Две коли можат да бидат ист модел и во ист ден излезени од истата фабрика, но различно возени и одржувани па специфичната потрошувачка нема да биде идентична.

Наместо тоа, можеби е подобро race against time на зададена патека со една иста кола?

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8447 на: 25 Јуни 2014, 15:52:29 pm »
За да биде тестот најмеродавен, некоја Сабота ќе се најдеме кај мене на работа, ќе ги земеме двете идентични твинговци и ќе направиме тест ;)

Идентични?

Две коли можат да бидат ист модел и во ист ден излезени од истата фабрика, но различно возени и одржувани па специфичната потрошувачка нема да биде идентична.

Наместо тоа, можеби е подобро race against time на зададена патека со една иста кола?

Би било добро да имате две возења. Едно во тотален шпиц (во 16:00), и тоа релација од бар 15-20 км низ шпицот.

И второ навечер кога е скроз растеретено.Тоа би покажало како е реално. Исто добро е и двајцата да тргнете со скроз ладна кола, за да видиме како е баш реалното (значи еден ден би возел едниот, друг ден другиот).


Мене ме занима и трет тип, ама би било премногу тупење. Кратки релации со незагреан мотор (да симулираме ситуација на некој што живее во центар, и има повеќе обврски на кратки релации).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8448 на: 25 Јуни 2014, 15:57:55 pm »
Епа јас сум ти таков пример. СО спаркот во центар имав 6,6-7л бензин во град, па кога дојдов во тафталиџе се смени од 6.2 до 6.5 потрошувачката, пошто почесто возев по партизанска со тогашниот зелен бран.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8449 на: 25 Јуни 2014, 15:59:14 pm »
Мора дури чекаш семафор, да користиш од тој кафениот селотејп што го спомнува Онак во друга тема, и да ги лепиш со селотејп за седиште.

Друго објаснување како ги лепиш за седиште нема

Има: нагли стартови и максимално можно забрзување до таргетната брзина (брзината која однапред си ја зацртал дека ќе ја возиш).

Во посебна тема веќе го имаме ова претресено, а и во друи теми бар 2-3 пати.

http://forum.carclub.mk/index.php?topic=69.0

Точката 10 важи само кога веќе возиш т.е. крстариш. При стартови не важи - ако стартуваш со нежно притискање на папучата за гас трошиш повеќе а не помалку гориво.

Точката 5 е во најмала рака дискутабилна. Не се пали, не викам „врска нема, не е така“, туку дека може да се дискутира и да се доформулира или модифицира. Јас би рекол дека угорницата треба да се помине во највисокиот можен степен на пренос.

Формулата за ниска потрошувачка според мене е: со што помалку пати идење на клиповите горе-доле да се оствари што поголемо забрзување кога се забрзува и да се помине што поголема дистанца кога се крстари.

Премногу се ограничуваш. Не е толку својствено за тебе тоа. Зошто? Затоа што во повисок степен на пренос ништо не си кажал, точно се знае кај кои мотори каде треба да биде стрелката од обртомерот. Кај турбо дизел до некаде да речеме дека грубо може да пројде кометарот, но кај бензин не. Ефикасноста почнува да опаѓа под извесни вртежи со слично оптеретување. На пример 2500 вртежи кај бензин. Малите мотори кои ги возиме по Македонијава поголем дел од времето се максимално оптеретени на угорница, па ефикасноста е горе долу оптимизирана во тоа поле, останува да се оптимизираат и вртежите кои треба да се меѓу 2000-3000 кај бензин, но не помалку од 2000 при оптеретувања. При крузање - да. Но при оптеретување не, зошто се оддалечуваме од sweet spotot на бензинците за оптереетување кој обично е околу 2800 вртежи грубо земено. Секако дека варира кај различни мотори, но не варира многу. Турбо дизел и бензин се оста различни во тоа поле, додека кај дизелот секое поголемо оптеретување е подобро за ефикасноста, кај бензин не е така. По некое време почнува да опаѓа. Воедно и на 100% оптеретување бензинот не е ефикасен како на 90%, за разлика од кај дизелот кој е секогаш поефикасен при поголемо оптеретување. Тоа е и основната карактеристика за избор на дизел мотор кога се бараат големи оптоварувања.
Можеби полесно се гледа од следниве два пример-графици:

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8450 на: 25 Јуни 2014, 15:59:25 pm »
Јас се откажувам од параолимписки дисциплини.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8451 на: 25 Јуни 2014, 16:08:00 pm »
Да не не можеш да се квалификуваш?

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8452 на: 25 Јуни 2014, 16:08:58 pm »
Ако си отсечам нога, може и ќе се квалификувам :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8453 на: 25 Јуни 2014, 16:09:43 pm »
Ако си отсечам нога, може и ќе се квалификувам :)
Исклучи 3 дизни и тепај си глат.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8454 на: 25 Јуни 2014, 16:35:26 pm »
Премногу се ограничуваш. Не е толку својствено за тебе тоа.

*sigh*

Се прашувам дали во една единствена тема на форумов е возможно истовремено да ги има овие две нешта:

1. Несогласување со соговорникот и
2. Отсуство на оценки за личноста која не се согласува.

До сега - слабо. Ако дискутантот X не се согласува со дискутантот Y, дискутантот Y задолжително има некаков коментар за личните особини на дискутантот X. Без промашување!

Можеби полесно се гледа од следниве два пример-графици:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..) (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Oвие графици се однесуваат на моменталната потрошувачка, а не на просечната. Нас не занима само просечната. Со цепање на педалата за гас до под сигурно дека моменталната потрошувачка ќе летне у небо, но брзото стигање до таргетната брзина ќе ја направи просечната потрошувачка помала.

Веќе го дискутиравме ова одамна, да не се повторуваме:

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,1073.0.html


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8455 на: 25 Јуни 2014, 16:46:25 pm »
Значи апла не ме разбра. Ок барем се потрудив. :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8456 на: 25 Јуни 2014, 16:57:56 pm »
Јас би рекол дека угорницата треба да се помине во највисокиот можен степен на пренос.

Нагорното по припор во 5 брзина ке го искачиш ?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8457 на: 25 Јуни 2014, 18:52:05 pm »
Јас би рекол дека угорницата треба да се помине во највисокиот можен степен на пренос.

Нагорното по припор во 5 брзина ке го искачиш ?

Највисокоиот >>>***можен***<<< степен на пренос.

Moжно е во петта да го искачиш? Не е можно? Епа тогаш не во петта. Можно е? Епа тогаш во петта.

Значи апла не ме разбра. Ок барем се потрудив. :)

важно е да се учествува.  ;D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8458 на: 25 Јуни 2014, 19:01:18 pm »
Највисокоиот >>>***можен***<<< степен на пренос.

Moжно е во петта да го искачиш? Не е можно? Епа тогаш не во петта. Можно е? Епа тогаш во петта.

Ок. Но зависи од кола до кола. Јас конкретно си зборам за мојата кола. Кога искачувам нагорно со повисок степен на пренос некако повеке троши него кога ја искачувам со понизок степен на пренос во повисоки вртежи. Тоа сум го забележал на вракање кон Скопје, трите автопатски брда, тоа пред Велес, после тоа пред патарина и после патарина ги искачувам со 4-та и гас до крај, и повеке троши него кога идеме накај Прилеп да речеме.

А знае и повеке да крене температура на успон со поголем степен на пренос ако го форсирам да го искачам, пример на Плетвар повеке ке крене температура ако го качувам со 4-та и 60 км/ч него да го качувам со трета и 70 км/ч.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8459 на: 25 Јуни 2014, 19:26:49 pm »
Па нормално бе зајак. При поголем број на вртежи ладењето е поголемо кај моторот. Џиз’с...