Истово го имаше објавено и за минатиот викенд, го смениле само датумот.
Зошто секогаш покренуваат вакви иницијативи кога веќе е предоцна? Пробиени се веќе 70% од патот. Која шума сега ќе ја спасуваат?
И дополнително, зошто мораат секоја ваква иницијатива да ја извалкаат со додавање на некоја екстремистичка агенда?
Со кој памет го уфрлија „телекомуникациска кула со штетни зрачења“? Знаат ли овие кои го пишуваат ова, некои информации за типот и јачината на тоа зрачење, знаат ли што ќе се случи со нивните телефони, без тие предаватели? И што точно ќе се промени на тој план со изградбата на новата кула? Имаат ли претстава колку и дали воопшто тоа зрачење е штетно? Ако имаат нека дадат извори од кај ги добиле тие информации, зашто ако изворот е онаа што лечи СИДА и Дијабетес за 2 недели со чајче, да знаеме од старт какви будали стојат зад ова.