Автор Тема: Извоз на патничко моторно возило од Македонија и увоз во Германија  (Прочитано 16679 пати)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Темава ја отворам за да го споделам моето лично (“лудо и незаборавно”) искуство во врска со извоз на сопствено патничко моторно возило во Германија. Можеби некому ќе му се најде моето искуство од корист доколку се одлучи на истиот потег. Искрено се надевам дека таква будалетинка нема да има. Ако не друго барем ќе утепате саат време додека го прочитате романов.

Лудо и незаборавно е само синоним за непријатно и стресно за она низ што поминав лутајќи по нашите институции во Македонија: МВР, Царина и разни шпедиции, како и со царината од другата страна на ГП Табановце односно ГП Прешево кај браќата срби.

Да почнам со ред. Бидејќи извесен период живеам и работам во Германија и по долго размислување одлучив да си ја донесам колата тука бидејќи согласно законската регулатива нема да платам царина и данок за увоз бидејќи ако тоа се стори во првите 12 месеци од пријавата на адреса тука се смета како предмет при преселба и во тој случај не се плаќаат царина и данок. По истекот на тие 12 месеци се смета за регуларен увоз и се плаќаат сите потребни давачки кои освен овие две наведени не знам дали постојат и дополнителни. Се одлучив на конкретниов чекор бидејќи уште немам година дена како сум дојден тука. За тие што не се во тек се работи за Голф 7 1.2 ТСИ.

Пред да дојдам во Македонија отидов во Царина, за мене надлежна е таа близу Минхен, каде што се информирав за процедурата и потребната документација. Исто така ги контактирав и преку корисничката поддршка на нивната веб страна од каде добив повратен имејл со одговор на моите прашања. Во глобала се работи за 3 различни документи кои треба да се пополнат и достават до нив по извршениот увоз и кои ми ги дадоа во царината и плус во имејлот имаше линк за електонско пополнување и симнување. Покрај нив потребно е да докажам дека возилото е во моја сопственост во последните 6 месеци кое нешто се докажува со копија од сообраќајната каде се гледа последната регистрација, нормално преведно на германски од овластен судски преведувач. Потребно е да докажам дека во последните 12 месеци пред доаѓањето во Германија сум имал живеалиште во Македонија. Тоа е Уверение кое се вади во локална полициска станица оддел за граѓански работи. Ова претежно важи за останатите градови кај нас додека за Скопје не знам како е регулирано, дали МТВ, МВР или некое друго место не би знаел да кажам. Доказ за престој во Германија за кое имам соодветен документ, и на крај најбитниот документ за германците е Т1 или транзитен меѓународен документ кој го изработува соодветна шпедиција кај нас, значи се отвара во Македонија а се затвора од германската царина по извршениот увоз. Тоа е документот поради кој ми обелеа брковите  :( Увозот може да се изврши на регуларни таблици или на транзитни, германците ги прифаќаат и двата вида.

Стигнав во Македонија и понеделникот право во полиција да се распрашам за процедурата кај нас. После тоа отидов на царина и по шпедициите да видам која е процедурата со нив за да направам извоз. И тука почнува голготата. Имав намера да ја однесам колата во Германија на македонски таблици а отпосле на следно доаѓање да ги одјавам кај нас. Со одговорниот во шпедицијата што разговарав ми кажа дека: прво Т1 не се издава на македонски таблици, значи мора возилото да биде на извозни регистарски таблици или цол таблици, и второ дека многу тешко некоја шпедиција да се нафати да отворат Т1 документ за ПМВ од причини што при креирање на тој документ самата шпедиција плаќа или заложува парична гаранција во Царина, чиј износ зависи од вредноста на возилото и не се сигурни дека извозот ќе се реализира позитивно односно дека Т1 документот ќе биде затворен од страна на германската царина. Ако не се затвори им пропаѓа гаранцијата и плус документот им останува не затворен во царинскиот систем и не можат да го раздолжат што им е уште поголема главоболка. Ова е најпросто објаснето, не ми се познати шпедитерските постапки за попрофесионално објаснување.

Во играта приморан бев да вклучам џокер “повикај влијателен пријател” вработен во нашата царина за полесно да најдеме шпедиција која ќе ми издаде Т1 бидејќи очигледно на обични смртници како мене не се издавало таков документ. Тој вклучи и други лица и притоа од сите шпедиции на Деве Баир и Табановце ниту една не се нафаќаше да отвори Т1. Ова натегање со шпедициите траеше се до саботата, секој ден со различен исход. Еден ден ќе се согласеше некоја, следниот ќе откажеше и така со ред.

Во меѓувреме во полиција кај надлежниот референтен работник за сообраќајни работи се обратив во врска со постапката за вадење на цол таблици. Добрата вест беше дека издаваат, лошата дека самата постапка од поднесување на документи до добивање на таблици трае 7-10 дена. Пошто немав толку време на располагање и требаше за неколку дена да заминам за Германија во игра влезе уште еден џокер “повикај влијателен пријател”, овој пат од МВР и таблиците беа готови истиот ден.
За сето ова време го набавив Уверението за живеалиште во МК и ја дадов да се преведе заедно со сообраќајната дозвола од македонски на германски.

Пошто таблиците беа готови можев комотно да ги одјавам старите и ставам новите цол ама пошто немав сигурна потврда дека ќе ми се издаде Т1 сеуште не можев да се осудам на тој чекор.
 
Во саботата, таман бев решен да се откажам од намерата бидејќи увидов дека е практично мишн импосибл да направам извоз на возилото, ме огреа сонце и првиот џокер ми јави дека има шпедиција на Табановце која ќе ми направи документи за извоз од МК и се нафаќа да го отвори фамозниот Т1. Сето тоа ќе се направи пред да остварам излез од МК кој беше планиран за понеделникот. Интересно е што до тука сите инволвирани во случајот, а ги имаше доста, ме советуваа да си го продадам кај нас па во Германија да си купам друго. Имам јас свои причини зашто не го правам тоа и затоа ќе замолам без такви коментари.

Понеделникот од сабајле ги одјавив старите таблици, ставив цол и попладнето тргнав кон Табановце притоа сеуште не бев убеден дека работата ќе се истера до крај бидејќи ризикот беше во тоа ако добијам извозни документи а ме заебат за Т1 ќе морам за 24 часа да излезам од државата, нема да можам успешно да го реализирам увозот во Германија па ќе бирам од опцијата да плаќам царина и данок во Германија за да направам регуларен увоз или пак да си го увезам назад во МК каде ќе платам царина и данок за него. Со други зборови ризикот беше змија да те апне или магаре да ти го бапне  :(.

Со цол таблите оди нова сообраќајна, мора да се извади ново осигурување и нов зелен картон. Пошто има процедура во врска со осигурувањето, бидејќи се работи за едно исто возило, првин треба старото да се затвори па да се отвори ново а за тоа треба одредено време од неколку часа кое јас го немав, во игра влезе уште еден џокер за побрзо средување на постапката. Истиот ќе се препознае на крајот од четивото.

На Табановце за саат и половина завршив работа со шпедицијата и на царина, добив Т1 за директен транзит од Македонија до Германија или во превод во земјите низ кои транзитирам: Србија, Унгарија, Австрија и Германија сум царински исправен и не траба да имам никакви проблеми.

И немав проблеми се додека не влегов кај лоповите на српска царина. Иако уредно најавен од наша страна дека ќе транзитирам низ Србија наводно во нивниот систем ме немало. Па ајде да почекам саат-два како ќе ме имало. Тоа чекање стана повеќе од два саати. Од кај нас од царина ми јавија дека се е во ред со Т1 документот и дека сум во систем, истиот систем на кој се приклучени и србите и сите царини во Европа, ме има ама кај србите никако да се појавам во систем. Ме убедуваа дека треба да си направам транзитни документи за низ Србија бидејќи може воопшто да не се појавам во системот.

Почна да ми станува јасно дека ме местат и пробав со цариникот да видам дали може да се среди на друг начин ама глумеше лудило дека не може. Тогаш сфатив како се чувствувал Том Хенкс во филмот Терминал бидејќи останав заглавен со возилото пред сама царина. Појдов во шпедициите од врата на врата да видам кој може да ми направи транзитни документи за низ Србија или во превод Т1 само за Србија ама никоја не се нафаќаше поради истите причини како и македонските. После 7 саати ебавање на релација царина-шпедиција од српска страна и миљон остварени телефонски повици дојде еден шпедитер кој го пратиле од царина да ми заврши работа. Таа услуга односно тоа бричење на суво ме чинеше 100 евра. Ми среди документи и штрафта од таму.

Стигнав во Германија и утредента отидов на Царина. За неполн час ја завршив постапката за царинење на возилото, ми дадоа документ каде сум ослободен од царина и данок и ме упатија да си го регистрирам. Ми наплатија сума од 6 EUR (со букви: ШЕСТ ЕВРА) за данок за возилото што ќе го возам на цол табли месец дена додека им е важноста и плус тоа пополнив и документ за поврат на тие 6 евра кои ќе ми ги одбијат при самата регистрација на возилото. Искрено посакав да ги изгушакм сите во канцеларијата таму особено едно плаво девојче со соодветни пропорции.

Шта још речи а незаплакати  :'(

Ова се потребните документи за извоз на патничко возило од РМ:

                                  Во Полиција: 

- Копија од документ за пријава на адреса во Германија преведена на македонски и заверена на нотар.
- Барање за издавање на извозни регистарски таблици
- Нова сообраќајна дозвола
- Ново осигурување (и зелен картон кој не го бараат)
- Копија заверена на нотар од извозните документи или од Т1. Со референтот се договорив да му го доставам дополнително по остварениот увоз во Германија бидејќи го добиваш непосредно пред да оствариш излез од МК.

                                  Во Царина:
- Извозни документи за возилото и меѓународен транзитен документ Т1 кои ги издава шпедиција а ги заверува Царина.

Документите потребни за увоз во Германија пред царинските органи ги наведов претходно.

               Време на завршување на постапката во МК                                                   Време на завршување на постапката во Германија
                 7 дена со живи маки и многу џокери.                                                                                      45 минути

               Трошоци за целокупната постапка во МК                                                        Трошоци за целокупната постапка во Германија
                       (и непланирани во Србија  >:()                                                                                         
                                   300 евра                                                                                                                6 евра

Ете зашто ние никогаш нема да влеземе во ЕУ.

Да не заборавам да спомнам дека во имејлот од германската царина ми беше напоменато ако сум во можност да си набавам COC (Certificate of Conformity) за да не правам хомологација и да не плаќам дополнително. Од Порше на мое барање ми го издадоа на германски и ме чинеше 3000 ден.

За да приказната има среќен крај се погрижија и следниве ликови, кој со совет, кој со конкретна информација, кој со непосредна активност, секој со свој значаен придонес. Огромна благодарност до сите за укажаната помош.

@achtung и неговата драга сопруга што го трпи по дома, која се погрижи за брзиот и професионален превод на документите.

@Luki Junior

@kalimero Џокерот од Винер

@Спенсер и

@marjanot (се извинувам за повикот во незгодно време)

Тоа е тоа во кратки црти, има уште многу детали кои од разбирливи причини намерно не ги наведувам.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Браво за колегите од форумот, браво тебе за издржливоста и упорноста!

Ете затоа и колите почнаа да си одат од Македонија по своите сопственици во странство :(

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Аууу во еден здив го прочитав. Значи по бројот на повикани џокери да средат работа уствари ти станува јасно дека некои држави како Македонија и Србија едноставно глумат држави а се обични села.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Или... ако имаш доволно џокери, и во Македонија се живее океј ;D

Секоја чест за истрајноста, чудо е што може да се постигне кога ќе те фати инат. :)

Секоја чест и за другарската поддршка на луѓето спомнати во постот. :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Со среќа @Дибидус
Ви посакувам лесен почеток на тебе и семејството, многу здравје и успех  :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Една од причините зашто не се нафатив да го увезам Лансерот тука. Дополнително што ќе требаше дополнително да се ебавам поради плинскиот уред.

Со среќа @Дибидус , па здравје да се наѓемо негде на пола пута, да развалиме скара со @Luki Junior , @Nakolce , @Schmitt , @MAPJAH , @MecheTo , и други на кои не ми текнува во моментов. 
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Bravo za deckive sto ti pomognale i za mrcvarenjeto sto si go izel.
Cisto samo me interesira ete da sakas da se vratis pak vo MK toj golf posle kje treba da go uvezes pak nazad so carini i davacki ?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Форумов може комотно да се вика forum.carclub.de :D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Исселенички џубокс :D (со едно или две с е?)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Мило ми е што заврши работа, со среќа и со лесно таму...

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Аууу во еден здив го прочитав. Значи по бројот на повикани џокери да средат работа уствари ти станува јасно дека некои држави како Македонија и Србија едноставно глумат држави а се обични села.

Влатко да беше Македонија обично село ќе бевме чесен, вреден и трудољубив народ. Далеку сме ние од тоа.

Навистина многу се разочарав во тие 7 дена во Македонија. Не дека не очекував ама не мислев дека до толку закочени ќе ни бидат институциите.

Во МВР не знаеа што документи требаат бидејќи никогаш немале ваков случај досега. Имале искуство со извоз на автобуси, товарни возила, работни машини ама со патничко моторно возило сопственост на физичко лице немале случај. Прв сум во Македонија а тоа ми го нагласија повеќе пати и од Царина и од МВР. Па вртеа телефони во МВР кај еден началник, па кај друг, па кај трет да дадат зелено светло за тоа дали треба извозна декларација да им се достави или не, бидејќи јас правев излез и немав друг начин како да им ја доставам а тие ја бараа пред да ми ги дадат цол таблите а цол таблите мора да ги имаш на возилото за да добиеш извозна декларација. На терминал мора камерата да те сними со цол табли. Смешки. Сите се оградуваа и никој не смееше да завземе став од МВР од тие шефовите да каже вака и вака ќе биде.

Обичен смртник што нема пријатели да му помогнат не завршува работа кај нас. Толку.


Една од причините зашто не се нафатив да го увезам Лансерот тука. Дополнително што ќе требаше дополнително да се ебавам поради плинскиот уред.

Со среќа @Дибидус , па здравје да се наѓемо негде на пола пута, да развалиме скара со @Luki Junior , @Nakolce , @Schmitt , @MAPJAH , @MecheTo , и други на кои не ми текнува во моментов. 

Тоа е одлична идеја, скара и Дара Бубамара  :D

Bravo za deckive sto ti pomognale i za mrcvarenjeto sto si go izel.
Cisto samo me interesira ete da sakas da se vratis pak vo MK toj golf posle kje treba da go uvezes pak nazad so carini i davacki ?

Да, да. Ако сакам пак да го регистрирам во Македонија ќе морам да го увезам и платам царина и данок.



Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
После скоро месец дена возење на цол табли од денеска голфчето не е повеќе ауслендер. Зеде германско државјанство.


Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Му стои, нема што.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Ајде честито :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Фала на споделување инфо батка,јес да имам стара кола,ама после ова сигурно не би се ебавал со глупостиве. Убав живот во Немачка :)