Автор Тема: Прашања и советување  (Прочитано 201680 пати)

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Прашања и советување
« Одговори #405 на: 03 Март 2018, 17:54:55 pm »
Ако појачалото си има speaker level input можност тогаш не ти треба конвертор...
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Прашања и советување
« Одговори #406 на: 03 Март 2018, 18:06:16 pm »
Никола, не беше тоа озвучење комплет со се кабли ? Инаку можиш сам да си изработиш осигурач..
Обичен од кола што е и со женски спојки поврзано, кај мене мислам беше 25ка и никогаш не направило проблем..

Вака нешто треба да добиеш..


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Прашања и советување
« Одговори #407 на: 04 Март 2018, 19:19:57 pm »
Не, има само RCA кабел и меѓусебно  што се поврзани појачало - кондензатор - вуфер...многу тешко оди потрагата по подебели од 8 awg кабли кај нас, 4 ките се преку 2500 денари, налет тоа ќе ми треба и hi input кабелче да најдам



Не ми е проблем да платам 1800 денари монтажа, ама сигурен сум дека ќе го монтираат со 8 awg, кои се 850 денари и ако е за така можам и сам да го монтирам со такви...ќе видам утре ќе се распрашам со што кабли планираат да го местат тие што вршат монтажи.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43708
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и советување
« Одговори #408 на: 04 Март 2018, 21:20:44 pm »
Тртни две AWG8-ци паралелно и немаш гајле. Пази, и за маса ти треба дебеличок кабел, не само за + :) Кондензатор имаш ли?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Прашања и советување
« Одговори #409 на: 04 Март 2018, 22:47:22 pm »
Да има и кондензатор, веќе врзан со појачалото (сликата катастрофа), треба само +12 од акумулатор до кондензатор да донесам и земја од него до шасија... или две одделни маси една од појачалото и една од кондензаторот



Ќе пробам прво утре да најдам 4 или 6 awg жица на метро, па да си составам така кабел со осигурач и клеми... само кабел за +12v и заземјување ми треба и едно hi input џекче... ни ремоте жица ни пак rca кабли ми требаат што идат во сетовите. И да, видов дека ќе треба да го наполнам прво кондензаторот со отпорник од 500-1К Ohm и 1 watt или со тест ламба.

И  ако и ова не ми успеам да најдам, го носам некаде па нека го монтираат како сакаат, само нека лупа  ;D

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Прашања и советување
« Одговори #410 на: 05 Март 2018, 00:08:14 am »
Одсекогаш сум се прашувал, што ќе му е струја 12v на вуферот?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Прашања и советување
« Одговори #411 на: 05 Март 2018, 00:18:15 am »
Тоа е изгледа за осветлувањето внатре во кутијата, ако има осветлување вуферот... овај најверојатно има.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Прашања и советување
« Одговори #412 на: 05 Март 2018, 01:44:26 am »
Друго му беше зборот на бузуки, напон е тоа 12в. Инаку + и астал (маса, немаш земја) на кондензатор. Колу време не е во ф-ја кондензаторот?
Прво испитај го кондензаторот да не троши струја во шразен пд т.е. Да не влече постојано

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Прашања и советување
« Одговори #413 на: 05 Март 2018, 08:01:53 am »
Одсекогаш сум се прашувал, што ќе му е струја 12v на вуферот?

Од кај знае дете што се 200кг!

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1501
Одг: Прашања и советување
« Одговори #414 на: 06 Март 2018, 12:51:15 pm »
Клабери гп најдов ова во Мерцедесот w204. Знам само дека е скршено :(
А од што е ??? нека каже некој друг

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Прашања и советување
« Одговори #415 на: 06 Март 2018, 18:50:59 pm »
Епа бидна , го однесов на монатажа вуферот, си платив 2 000 денари и сега е монтиран... многу е силен, дури и премногу за мој вкус. Инаку незнам зошто меѓутоа се осеќа само едно вуф, вуф, при свирењето, како да кажам како од сите бас тонови само најниските да доаѓаат до израз и само тоа вуф вуф вуф се слуша, оние "помеки " бас тонови неможам да ги осетам, ќе треба да се навикнам на тоа. Во Меганот имам 10ка активен вуфер и е различно за 360 степени, во Мегането повеќе ме бендисваат звуците кои излегуваат од тој вуфер, ама тоа е  :)

Инаку еве околу монтажата мои замерки :

1. Дебелината на каблите ! Ама џабе ќе се нервирам тоа е, знаев и јас дека ќе бидат 8 awg и џабе ќе ми бидат фрлени 2000 денари, а 850 беа да си ги купам сам и да си ги пуштам... инаку тие од кондензатор до појачало се од Швајцарците местени, од таму е земен



2. Каблите за струја и звучните кабли ги пуштил едни до други, тоа ќе мора да го преправам и да ги преместам на другата страна звучните кабли



3. И незнам како успеал да го поврзи вака преку Low input со RCA конектори  ??? На обични кабли за звучници му намонтирал RCA пинови....
Договорот беше преку Hi input да се монтира, бидејќи зема сигнал од излезите за звучници на радиото ( радиото нема RCA излези)... утре најверојатно ќе го издавам радиото само за да видам како го има ова изведено, за кое ми напомена дека било ПРОФЕСИОНАЛНО поврзано со џекчина (мислеше на RCA пиновите )  :-[



Тоа е тоа дечки, јбг такви ни се мајсторите низ државата, само да ги лапнат парината и да свири, а правилно не правилно не е битно, БИТНО СВИРИ.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Прашања и советување
« Одговори #416 на: 06 Март 2018, 19:02:43 pm »
Па можи да се поврзи тоа од обични излези на rcа, не е никаков проблем.. Кај мене во клиото така го возев 2/3 месеци пошто радиото немаше излези за појачало.. Едино лошо е што неможиш да го подесуваш вуферот од радио..
Тоа за кои тонови да ги ваѓа се подесува на тоа low pass и high pass, што пониски фрекфенции толку почист бас ќе дава.. Другар така ми вика наместив вуфер нее можно како мава многу моќно.. Одам кога гледам катастрофа пуштено све и свашта да свири...


Него на какво радио ти е поврзано ?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Прашања и советување
« Одговори #417 на: 06 Март 2018, 19:15:50 pm »
И ти си во право, можи е така наштелован и не ме бендисва... ќе пробам утре да го дотерам по мој вкус звукот. Инаку вакво е радиото


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Прашања и советување
« Одговори #418 на: 06 Март 2018, 19:22:39 pm »
Види врти слободно на тие high и low pass.. Јас кај мене 3 часа штелував вртев преврзував :D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Прашања и советување
« Одговори #419 на: 07 Март 2018, 03:13:49 am »
тие рца не ми гледаат како ,,обични" кабли, напротив како коаксијални(какви што треба да се). Иаку  да не има потенциометар "input level"? Ако има може дирекс од звучки.