Автор Тема: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150  (Прочитано 26584 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« на: 19 Јануари 2016, 10:05:36 am »
Вчера ја земав новата Астра. Одлично опремена (со големото радио, навигација, лед предни и задни светла, 17-ки, спортски седишта, ово-оно) и го носи 1.4-литарскиот турбо-бензинец со 150 коња и 245 Nm вртежен момент. Мислам дека сум прв што ја зема на тест од Македонија, колата имаше нешто повеќе од 700 км поминати кога ја земав.

Првични импресии:

- Генерално, ми се свиѓа како изгледа. На прв поглед личи доста на минатата генерација, ама после поубаво разгледување, дефинитивно изгледа помодерно и посовремено.
- Финалната обработка е светлосни години понапред во однос на минатата генерација. Ништо не крцка, пластиките и материјалите се забележително пофини на допир. Одличен напредок!
- Повторно, најголемата врталка на радиото е за мењање радио, не за намалување или појачување гласност. Глупост.
- Радиото е генерално фино за користење. Лесно се учи.
- Премногу дугмиќи на воланот.
- Одлични спортски седишта. Би сакал да се седи нијанса пониско.
- Смета кутијата со сензори поставена на шофершајбна. Кај други коли е нијанса повисоко, тука релативно пониско и смета во видно поле, особено ако треба да гледате во семафор.
- Не сум седнал уште на задната клупа, ама делува како да има многу место.
- Звучната изолација (низ град) делува добра. Ќе видиме на отворено.
- Со внимателно возење, потрошувачката (сега за сега) низ град е околу 8.5-9 литри на 100 километри. Прифатливо.
- Lane Keep Assist системот си работи добро, дури и низ град.

Overall, првите впечатоци се ептен позитивни. Пријатно сум изненаден. Браво!

Слики немам уште, ќе сликнам нешто во текот на денот.

Еве сликички. Од ентериер немам, тие со топтан сликите од Дени.











« Последно менување: 19 Јануари 2016, 17:47:10 pm zeroSignal »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #1 на: 19 Јануари 2016, 10:37:03 am »
Најбитното, дали моторот има брз одзив на гаста, и дали мењачот конечно го оправија?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #2 на: 19 Јануари 2016, 10:41:35 am »
Како и секој релативно мал турбо-бензинец, мора да си во вистинска брзина за да има перформанси како што треба. Ама така па троши многу. Одзивот е генерално утапен, за да добие на економичност.

Менувачот е океј. Не знам во кој контекст мислиш „конечно го оправија“, ама мене ми е прифатлив. Не е прецизен како мануелните мењачи во VW групација и е со нијанса подолг од, ама е океј.

А да, заборавив цена - конкретнава кола кошта околу 23.500 евра. Нормално, се продава со попуст и би ја дале за нешто околу 21.000.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #3 на: 19 Јануари 2016, 10:46:15 am »
Не смее турбо бензинец со 150кс да има тап одзив на гаста. Се кладам и дека меѓузабрзувањата повторно се многу слаби. Ако можеш измери нешто.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг:
« Одговори #4 на: 19 Јануари 2016, 10:53:16 am »
Ekologija Losko, ekologija.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #5 на: 19 Јануари 2016, 11:02:49 am »
Не смее турбо бензинец со 150кс да има тап одзив на гаста. Се кладам и дека меѓузабрзувањата повторно се многу слаби. Ако можеш измери нешто.

Затоа реков, треба да си во правилен степен на пренос за да имаш како што треба перформанси. Држи ја on-boost и супер си оди.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #6 на: 19 Јануари 2016, 11:09:02 am »
Држи ја on-boost и супер си оди.
и 12л/100 :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #7 на: 19 Јануари 2016, 12:53:18 pm »
Комотно.

Продолжуваме..

- На 120 на саат е на 2500 вртежи во минута. Тивка е, ама не и најтивка меѓу конкурентите. На 120 троши anywhere between 5.7 и 6 на рамно, на темпомат.
- На 150 е на 3500 вртежи во минута и е значително погласно во ентериерот. На 150 потрошувачката расте на 8.5-9.
- Lane Keep Assist системот си работи одлично. Со вклучен темпомат и LKS, колата е мање-више автономна, барем за возење на право без многу-многу кривини. Си држи меѓу ленти.
- На централната конзола има прекрасно, прекрасно место за смартфоун. Со HTC M8s е малку проблематично, ама пак брка работа неверојатно многу. Браво.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #8 на: 19 Јануари 2016, 13:27:11 pm »
Новава не сум ја возел, но ке дадам некој коментари кои ги забележав на претходната.
Еве гледам дека истите забелешки горе доле си ги искоментирал и ти.

- Генерално, ми се свиѓа како изгледа. На прв поглед личи доста на минатата генерација, ама после поубаво разгледување, дефинитивно изгледа помодерно и посовремено.
- Финалната обработка е светлосни години понапред во однос на минатата генерација. Ништо не крцка, пластиките и материјалите се забележително пофини на допир. Одличен напредок!

Мене многу ме подсеќа на претходникот и искрено да речам се уште ми е некако "далечна" и чудна во однос на претходникот. Минатата мене искрено ми делуваше полично, но што знам...Можеби не ми легнала.
За разлика од пред 7 години кога излезе претходникот, одма бев заљубен во него.
Оваа штом ми треба време да се навикнувам, значи по мој вкус не е како што треба...

Што се однесува за материјалите, нив не можам да ги коментирам, не сум ги видел, но на претходникот беа онака, просечни за класата.
По твоето кажување, овие би требало да се далеку подобри, сепак збориме за цифра над 20К???

- Повторно, најголемата врталка на радиото е за мењање радио, не за намалување или појачување гласност. Глупост.
- Радиото е генерално фино за користење. Лесно се учи.
- Премногу дугмиќи на воланот.

Ова ме подсеќа на дебилноста во Дачиа. Веројатно е истото радио со друга маска.
Претпоставувам онаа шума од копчиња повеќе ја нема околу радиото. Ако е исто така, ондак е исто збунувачки како и на претходникот. Цела конзола со ебени дугмиња за кои ке ти треба години возење за да го научиш нивното место.
Веројатно сеа намалиле таму, а за сметка на тоа го оптеретиле воланот. Али како год, подобро да погледнеш во волан него во радиото.

- Одлични спортски седишта. Би сакал да се седи нијанса пониско.
- Смета кутијата со сензори поставена на шофершајбна. Кај други коли е нијанса повисоко, тука релативно пониско и смета во видно поле, особено ако треба да гледате во семафор.

Генерално опел секогаш нуделе удобност во седењето.
А што се однесува до кутијата, зависи од шоферот.

- Не сум седнал уште на задната клупа, ама делува како да има многу место.

Делуваше и претходникот, ама кога ке го наместев седењето за мене, позади остануваше доволно простор за девојче од 57 кила или машко дете до 14 - 15 години.
Што нели не мора да значи дека е случај и кај оваа...

- Звучната изолација (низ град) делува добра. Ќе видиме на отворено.

Звучната изолација и кај претходникот беше солидна за градско возење.
Веќе на брзини од 120 стануваше бучна за да на брзина до 140 биде можеби максимално поднослива за нормално уживање. Се над тоа ми беше ајде не бучно, али многу шумливо. Истиот факт дека има премногу бука на 160 го потврди и продавачот, кој пак ми рече дека со нормално возење и брзина до 140 км/ч нема да имам никаква замерка...

- Со внимателно возење, потрошувачката (сега за сега) низ град е околу 8.5-9 литри на 100 километри. Прифатливо.

Кога ке се разработи, можеби и ке се намали. + е зимо, мада бензинче е ова...Си поттрошнува.
Сосема нормална потрошувачка.
Како што рече Симо, ако ја возиш поагресивно, потрошувачката оди минимум 2 литра погоре во град...

:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #9 на: 19 Јануари 2016, 13:55:23 pm »
Не е малку скапа?
23.000 стигнаа да наплаќаат за 1.4 турбо бензинец.

Ако не се лажам 2008 година, 1.6 турбо бензинец со 180 КС ( истиот мотор од Корса ОПЦ) се зимаше за 20 рамно со некој ситен попуст...знам рамно 4000 евра разлика беше од мојата.
Слична цена со новава Астра (околу 22.000 ) во 2008 беше 1.9 CDTI со 150 КС со 6 брзини кој и после 150.000 км кичма ќе ти откорне во секоја брзина освен 6та...и тоа не во sport mode.


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #10 на: 19 Јануари 2016, 13:59:22 pm »
Изгубиле малку ориентација, ама за месец дена ке се совземат. Истава нема да биде преку 17К, колку што и реално вреди.
Ако е се онака како што кажа зеро, а и нормално од опремата зависи.
Оваа би требало да е со све од опрема.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #11 на: 19 Јануари 2016, 14:00:17 pm »
Не знаете вие, ова е кола подобра од Јагуари, Мерцедеси С класи, БМВ 7ци и што ти знам не. Среќни треба да сме толку евтино што ни ја даваат.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #12 на: 19 Јануари 2016, 14:41:18 pm »
Давај слики   :) .......

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг:
« Одговори #13 на: 19 Јануари 2016, 14:45:19 pm »
Имаш слики колку сакаш на интернет.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #14 на: 19 Јануари 2016, 15:08:25 pm »
Потрошувачката што ја кажуваш е многу мала, за било кој бензинец. Претходната Астра Турбо бензинец трошеше ко камион. а мислам оти е истиот мотор.

Значи бучна е. Штета.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need