Може ли на некој да не му биде сон колава ?!?!
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
На Стратро 
Abe i jaс ja sanjam...ali na aukcija.

Ферарито“ на Клептон со „солена“ цена!
Познат како вљубеник на моделите од Маранело, легендарниот музичар нарачал уникатен примерок наречен SP 12 ЕС. Првите две букви од овој прекрасен суперспортски автомобил означуваат „специjален проект“ (Special Project), а ознаката 12 е поврзана со моделот „Ферари 512ББ“ (Ferrari 512BB), од кој три примерока се веќе дел од колекцијата на Клептон. EC е кратенката од името на нарачателот Ерик Клептон (Еric Clapton).
Инаку, уникатната изведба е базирана на моделот „458 Италиjа“ (458 Italia). Во изработката на моделот SP 12 EC, покрај тимот од Маранело учествувал и волшебникот на италијанскиот дизајн Пинин Фарина.
И секако, пикантниот податок е дека за овој уникатен бисер од својата колекција популарниот „слоу фингерс“ (slow fingers) - Клептон, платил неверојатни 3,8 милиони евра. Љубовта понекогаш е прескапа!

Izvor:
http://visokioktani.mk/mk/articles/aktuelno/video-ferarito-na-klepton--so-solena-cenaAs long as there are sheep, there will always be wool.
