Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115790 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #465 на: 27 Јануари 2022, 10:53:12 am »
Јас на бојлерот имам магнезиумова анода. Лани го чистев бојлерот после точно 5 години откако е купен - имаше доста бигор ама не како на сликите на постот на Симо.

Ми е страв да го отворам бојлерчето во кујна ;D


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #466 на: 27 Јануари 2022, 19:14:21 pm »
епа анодата се менува и таја на некое време, т.е. кога ќе се истанчи се менува. Колку е исплатливо не знам. Него некој имат електронски омекнувач на вода ?
Цитат
Таму водата што не се оладила, се враќа назад во котелот и котелот после догрева. Овдека топлата вода иде во сливник, а ладна вода треба пак да грееш.
затоа загубите се мали. скроз башка муабети се топлинска пумпа и ел.греач.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #467 на: 08 Февруари 2022, 16:18:56 pm »
Ајде некој ако е поупатен.

Живеам на последен спрат во зграда. Сакам над мојот стан да си ставам сончев колектор (за топла вода). Треба да барам дозвола од куќен совет, или можам комотно да си викнам монтери и да наместат. Точно над мојот стан би се монитирало на кров?

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #468 на: 08 Февруари 2022, 16:48:40 pm »
Ајде некој ако е поупатен.

Живеам на последен спрат во зграда. Сакам над мојот стан да си ставам сончев колектор (за топла вода). Треба да барам дозвола од куќен совет, или можам комотно да си викнам монтери и да наместат. Точно над мојот стан би се монитирало на кров?
Легално, 51% потпис од станари, пошто просторот над тебе е заеднички.
На нашки, ако си сигурен дека нема некој од комшиите да те пријави, прави што сакаш.
Ако си како мене, и комшијата ти работи во оделот за урбанизам на општината, не можеш ништо да направиш.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #469 на: 08 Февруари 2022, 16:51:24 pm »
Во златните времиња, сите што беа на поткровје си кренаа уште по еден спрат, денес клаберот ќе размислува дали да постави нешто монтажно.

Најтрагично е што најмногу "мудрости" ќе слуша од тие што најмалку се придржуваат кон правилата.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #470 на: 08 Февруари 2022, 16:56:46 pm »
Ајде некој ако е поупатен.

Живеам на последен спрат во зграда. Сакам над мојот стан да си ставам сончев колектор (за топла вода). Треба да барам дозвола од куќен совет, или можам комотно да си викнам монтери и да наместат. Точно над мојот стан би се монитирало на кров?
стави фотоволтаик,нема да се примети

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #471 на: 08 Февруари 2022, 17:02:55 pm »
Ајде некој ако е поупатен.

Живеам на последен спрат во зграда. Сакам над мојот стан да си ставам сончев колектор (за топла вода). Треба да барам дозвола од куќен совет, или можам комотно да си викнам монтери и да наместат. Точно над мојот стан би се монитирало на кров?
стави фотоволтаик,нема да се примети
Точен одговор. Само фотоволтаик.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #472 на: 08 Февруари 2022, 17:43:28 pm »
Се смени ли конечно нешто со регулациите, можат ли обични корисници да враќаат струја и да им се одбива од потрошеното (без да мора бидат регистрирана фирма со концесија/дозвола)?

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #473 на: 08 Февруари 2022, 17:58:32 pm »
Не, не. Собери доволен процент на потписи, и мирна бачка. Ниту карања, ниту тужења, ниту расправии.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #474 на: 08 Февруари 2022, 19:40:08 pm »
51% од станарите во влезот? Кај мене сме 30% вселени, останатото туристи.  :D

Толку колку што ќе ги најдам за пари кога ќе ми протече кровот над мене ќе ги најдам и за согласност за поставување панели. ;)

Фотоволтаик и инвертер клима врзана, бар зимно време од 8-16h да си пичи топло, а летно да си одржава 19-20°C.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #475 на: 08 Февруари 2022, 20:10:52 pm »
51% од станарите во влезот? Кај мене сме 30% вселени, останатото туристи.  :D

Толку колку што ќе ги најдам за пари кога ќе ми протече кровот над мене ќе ги најдам и за согласност за поставување панели. ;)

Фотоволтаик и инвертер клима врзана, бар зимно време од 8-16h да си пичи топло, а летно да си одржава 19-20°C.
Како ти е врзана климата и фотоволтаикот!?
Ова за греење е супер, ама за ладење е врв!

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #476 на: 08 Февруари 2022, 20:14:19 pm »
Не ми е ама во план ми е.

Си треба некоја батерија за стабилизација кога ќе покрие облак и инвертер. Додуша можда има опција да се конвертира клима уредот да нема многу AC/DC/AC конверзии за да се зголеми ефикасност.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #477 на: 08 Февруари 2022, 20:18:38 pm »
Не ми е ама во план ми е.

Си треба некоја батерија за стабилизација кога ќе покрие облак и инвертер. Додуша можда има опција да се конвертира клима уредот да нема многу AC/DC/AC конверзии за да се зголеми ефикасност.
Не мислев со батерии, туку со систем за паралелно да си тегне и од солар и од мрежа. Само дел да покрива соларот, остатокот пак од мрежа да си доаѓа.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #478 на: 08 Февруари 2022, 20:25:29 pm »
Изводливо е со grid-tie инвертер, ама си треба двонасочно броило, бидејќи со обично ќе ти наплатат и за таа што си ја произвел со панелите.  ;D

https://www.youtube.com/watch?v=az8HY_SFTpo
« Последно менување: 08 Февруари 2022, 20:33:46 pm DimitarMK »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #479 на: 08 Февруари 2022, 20:37:53 pm »
Solar assisted heat pump. Клуч на рака. Имаат големиве кинески фирми.